Фармерите се судрија со полицијата пред Влада

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
па изгледа некој како Чавез највеќе би ни одговарал... прогласи млекари за државни, млеко 25 денари... и ајт у пи*ку лепу материну сите. и млекари, и млекари... а и башка народот ќе го гласа....а изгледа и народов на такви навикнал....
кој ги тераше млекариве да се летаат по 30 ден. за литар?
море и мило ми е што пропадна Шведска (?) млекара... од нив млекото стана 55 ден во продавница....
Ама млекариве немаат ни денар видено од таа цена на млекото. Профитот го собра изгледа некој наш Швеѓанин.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ајде правнички малку.
Бидејќи фабриката е купена, таа ги наследува и долговите.
Фармерите можат да покренат судска постапка или да седнат со новиот газда и на хартија договор за отплаќање на долгот.
Од моментот на не исплаќање на долгот, тече законска камата, која судот ја рачуна и е повисока од реалнта камата.

Ако не се договорат на суд.

Инаку крива си е владата, неможе да се испере од случајов.
Башка како комуњарчињана на се и сешто се сликаат.
Народот бара вистински промени не со наши пари да се сликаат на секое отварање па и на полски нужник.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Aма како? Ајде дај идеа. Да им даде пари од мојот џеб што плаќам данок? Вака цел систем паѓа во вода, може и јас сум обештетен и ќе барам пари од државата за тоа. Ова е работа на судовите, а тие (барем на хартија) се надвор од надлежностите на Владата.
Бате, јас и ти можеме до утре да пишуваме билошто... Ама си има луѓе бе(на позиција, избрани од народот) за да помагаат. Како ? Тоа е нивна работа
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.811
Поени од реакции
10.144
За жалење си....:tapp::tapp::tapp::tapp:
А од наши пари кога се праат шмизли и разни глупи скулптури?Од наши пари коа се планира доизградба на КУПОЛИ?Од наши пари КОГА СЕ ПЛАЌААТ РЕКЛАМИТЕ НА ВЛАДАТА ??????
Тогаш не ти смета??????
Ми должат од социјално неколку месеци за боледување. Ај сега штом не ти пречи да ми платите зошто нели јас сум обештетен. Не сум јас за жалење, ти што не капираш основни работи си повеќе за жалење. Мислам ова е жално што им се случува на луѓето но некој да ги манипулира да протестираат пред Влада што нема врска со приватен сектор и сл. очигледно за политички поени...тоа е уште потажно. Најтажно е што некои се убедени дека Владата може да им исплаќа пари. Како прво тоа е спротивно на Устав, како второ не става останатите во нерамноправна положба.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ама млекариве немаат ни денар видено од таа цена на млекото. Профитот го собра изгледа некој наш Швеѓанин.
а бе друже, не беше само таа млекара!!!
што не го продаваа на другите..?:toe:
ама они се полакомија...чекале со месеци и на лепе очи млеко им продавале... стварно не знам дали некој друг им е крив сега...:toe:
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
84
Поени од реакции
0
абе ова ко Тат да не испадни на крајо
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Овие млекариве толку не можат да сфатат дека сега не е време за вакви работи, дека нашиот премиер е презафатен со патувања по земјава на митинзи и со предизборни лопати.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Баравте странски инвестиции па еве ви ги,вие мислевте дека во ЕУ тече мед и млеко и дека нема преваранти,епа welcome to the club!
Порано напишав дека млекарите од Битола си го имаат БИМИЛК,фирма која редовно им го откупувала млекото а богами и им го плаќала па млекарите се полакомиле и почнале да го носат млекото во Скопје за поголеми пари ама без сигурност и гаранции околу исплатата...Лесно е сега да ги обвинуваме Црвенковски и Груевски,ние баравме странски инвестиции а тие ни ги донесоа и ете што добивме,од трите подолгото...:drk:
 

MaryJane

It's alive!
Член од
11 јуни 2008
Мислења
369
Поени од реакции
33
Ми должат од социјално неколку месеци за боледување. Ај сега штом не ти пречи да ми платите зошто нели јас сум обештетен. Не сум јас за жалење, ти што не капираш основни работи си повеќе за жалење. Мислам ова е жално што им се случува на луѓето но некој да ги манипулира да протестираат пред Влада што нема врска со приватен сектор и сл. очигледно за политички поени...тоа е уште потажно. Најтажно е што некои се убедени дека Владата може да им исплаќа пари. Како прво тоа е спротивно на Устав, како второ не става останатите во нерамноправна положба.
кога сведмилк дојде во земјава,гВујо беше на коњ,се расфрлаше со коментари како владава ОСТВАРУВА тоа што ветила,донела странски инвеститори.....:tapp:КАДЕ Е СЕГА да даде изјава како планира да им помогне на млекарите,се крие ко пи*ка под кошула,СРАМОТА е ова бре луѓе......
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
И од СДСМ се удараа за Сведмилк, така да суштината не е во сликањето.

И Буше се сликаше со најголемиот преварант на берзата кој проневери 50 милијарди долари.
И ?
Буш е крив ?

Само се дефокусираме од вистинскиот суштински проблем.

Оваа држава е креирана да створи ИДЕЛАНИ услови на криминалци, бандити, хоштаплери.
За одредена сума на пари можеш и судија да си купиш.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.811
Поени од реакции
10.144
кога сведмилк дојде во земјава,гВујо беше на коњ,се расфрлаше со коментари како владава ОСТВАРУВА тоа што ветила,донела странски инвеститори.....:tapp:КАДЕ Е СЕГА да даде изјава како планира да им помогне на млекарите,се крие ко пи*ка под кошула,СРАМОТА е ова бре луѓе......
Ти се молам, другиве ЕСМ го продадоа за смешни пари, направија од тоа демек најдобра инвестиција. Сега ЕВН бара високи сметки. Е бара. Сега Охрид нема струја за Нова Година. Е нема. Кај се Бранко, Бучко, Рада и компанија? Бараат гласови без срам.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Оваа држава е креирана да створи ИДЕЛАНИ услови на криминалци, бандити, хоштаплери.
За одредена сума на пари можеш и судија да си купиш.
затоа тука отвараат млекари... за шведска ни залог немаат ни квалитет.. а тука ни испродадоа муда за бубрези дека било најдобро млеко...

што ми е криво што купував сведмилк бреее....

а инаку за цитираното... во Македонија се шета Германец баран за проневера во германија... ќе си седи тука 15 години, којзнае може и бизнис ќе почне. Ќе застари делото и ќе си собере парталите...Рај сме за европејски пљачкаши....
 

MaryJane

It's alive!
Член од
11 јуни 2008
Мислења
369
Поени од реакции
33
Ти се молам, другиве ЕСМ го продадоа за смешни пари, направија од тоа демек најдобра инвестиција. Сега ЕВН бара високи сметки. Е бара. Сега Охрид нема струја за Нова Година. Е нема. Кај се Бранко, Бучко, Рада и компанија? Бараат гласови без срам.
ајде сега,ако почнеме да се навраќаме така ќе одиме до недоглед....

темава е за МЛЕКАРИТЕ,значи не е за евн,не е за телеком,ниту за окта

туку за МЛЕКАРИТЕ,на гВујо одговор му е,како што бранко и рада ги заебаа граѓаните со евн така и ние ќе ги заебиме со сведмилк?!?:toe:

нека излези чоекот,нека даде изјава како ќе биде,како планира ВЛАДАТА да им помогне?па нели ВЛАДАТА работи за народот?нели ВЛАДАТА зема пари од народот?!?
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Оваа држава е креирана да створи ИДЕЛАНИ услови на криминалци, бандити, хоштаплери.
За одредена сума на пари можеш и судија да си купиш.
Да си здрав и жив 100 г. за муабетов.:wink:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.811
Поени од реакции
10.144
ајде сега,ако почнеме да се навраќаме така ќе одиме до недоглед....

темава е за МЛЕКАРИТЕ,значи не е за евн,не е за телеком,ниту за окта

туку за МЛЕКАРИТЕ,на гВујо одговор му е,како што бранко и рада ги заебаа граѓаните со евн така и ние ќе ги заебиме со сведмилк?!?:toe:

нека излези чоекот,нека даде изјава како ќе биде,како планира ВЛАДАТА да им помогне?па нели ВЛАДАТА работи за народот?нели ВЛАДАТА зема пари од народот?!?

Тоа е и проблемот. Што може да се навраќаме во недоглед, а како стојат работите и во иднина ќе продолжи ова до недоглед. Млекарите не се први а за жал нема да бидат ни последни. Нејќам изјава од Грујо, сакам тие што направија проневера да ги видам в затвор. Сакам имотот да им се одземе, парите да се расподелат на млекарите. Имаме ли ние правна држава?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom