Alo 192
имам симпатија
- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 353
- Поени од реакции
- 11
Мислам дека нема таква тема. Па ако има Кумановци расположени за дебатирање повелете
ПЕТАР ПОП-АРСОВ е роден на 21 јули 1969 година во Куманово.
Основното и средното образование ги завршува во Куманово.
Дипломира на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Од 1999-2003 година ја извршува функцијата директор на Центарот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово.
Во 2003 година станува директор на продуцентската куќа “Свет филма” и оваа функција ја извршува до 2006 година.
Говори англиски јазик.
На локалните избори во 2005 година е избран за советник во Општина Кумановои ја извршува оваа функција се до парламентарните избори 2006 година.
На парламентарните избори во 2006 година Петар Поп-Арсов е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија. Во тој мандатен период е член на Комисијата за европски прашања и на Комисијата за култура.
На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период е претседател на Комисијата за европски прашања и истовремено е претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива. Во истиот мандатен период е член на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за култура и заменик член на Комисијата за одбрана и безбедност и на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Исто така, Петар Поп-Арсов во овој период е член и на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Велика Британија и Северна Ирска, Парламентот на САД и со парламентите на балтичките земји: Естонија, Летонија и Литванија.
Како претседател на Комисијата за европски прашања учествува на бројни меѓународни конференции посветени на евроинтеграцијата на државата и истовремено и во делокруг на Комисјата организира различни настани на кои учество земаат голем број на истакнати личности во земјата и во странство. Во овие рамки својата активност ја насочува и кон интензивна соработка со Европскиот парламент при што остварува бројни средби со истакнати европарламентарци со кои лобира за меѓународната позиција на Република Македонија и за зачувувањето на нејзиното Уставно име.
Дополнителни квалификации:
Од 1999 до 2003 година е претседател на Советот на Меѓународниот тетарски фестивал “Денови на Комедијата” во Куманово.
Од 2000 до 2003 година е претседател на Ракометниот клуб во Куманово.
Во 2006 година е избран за член на Советот на Меѓународниот тетарски фестивал “Денови на Комедијата” во Куманово која активност ја извршува до денес.
Во 1999 година станува член на Управниот одбор за организирање на Куманово-Џез фестивал.
Член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година.
Во 2003 година станува претседател на ОК на Куманово на ВМРО-ДПМНЕ и на ова функција е до 2006 година.
Од 2000 до 2007 година е член на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во 2007 година станува член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на таа функција се наоѓа до денес.
Женет, татко на две деца.
Господинот ЗОРАН ДАМЈАНОВСКИе актуелен гардоначалник на Општина Куманово. Господинот Зоран Дамјановски е роден на 5 јуни 1956 година во Куманово. Основно образование и гимназија завршува во Куманово, а Медицински Факултет во Скопје 1981 година, Магистрира гинекологија во Загреб и Љубљана 1987 година. Специјализира гинекологија и акушерство во Скопје 1991 година. Живее во семејство со сопруга и три деца: две ќерки студенти по медицина и син ученик во средно училиште.
Потпретседател е на Кошаркашкиот клуб во Куманово од 1997 година и главен донатор на машката супер лига во 1997 година
Се јавува како донатор на повеќе културни и спортски манифестации.Зоран Дамјановски е член на СДСМ од 1998 година