SV-Strange
Sorcerer Supreme
- Член од
- 27 август 2007
- Мислења
- 3.604
- Поени од реакции
- 367
Пилешка салата со макарони, можеби?Ајде ве молам салати,закуски,било што за голема екипа
Ја видов онаа цезар салата(темата),таа ќе ја направам,и друго што знам е шопска
Со мевце,со сувомеснато...Хелп!
Потребни состојки:
малку Сол
50 грама Сенф
500 грама Пилешки гради
200 грама Моркови
500 грама Макарони
малку Магдонос
500 грама Мајонез
200 грама Кисели краставички
200 грама Кисела павлака
2 Јајца/це
50 милилитри Супа од зеленчук
малку Црн пипер
Подготвување:
Во супа од коцка од зеленчук варете го пилешкото. Сварете ги морковите и макароните.
Исечете го месото на коцки и иситнете го на конци (влечете ги со рака, нека бидат што потенки). Ставете ги во длабок сад и додадете ги ситно исецканите моркови, краставички, макароните, сенф, мајонез, сол и црн бибер, сецкан магдонос. Смесата мешајте ја со лажица додека не се соедини. Кога ќе ја измешате додадете ги ренданите јајца со павлаката, измешајте додека не добиете хомогена смеса.
Сервирајте во мали садови, украсете со гранчиња магдонос, домат и половинки маслинки.
Добар апетит :helou:
Извор