Фрчко беше во право! Македонија е во изолација! Затоа Европскиот Парламент препорача:

Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Веб-сајт
nacionalist.blog.com.mk
Почеток на преговорите со Македонија!

Со 478 гласови за и 92 против, Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за напредокот на Република Македонија. Како што се очекуваше, европратениците уште еднаш побараа да се забрза процесот со кој на нашата земја ќе и се даде почеток на преговорите.
Известувачот, Холанѓанецот Ерик Мејер, во Стразбур збореше дека приемот на Македонија треба да се очекува во 2017. под услов ако започнат преговорите веднаш. Инаку тој го навестува хоризонтот од 2020. Нерешениот проблем со името кој Македонија го има со Грција, не треба да претставува пречка.
Стразбур ги повика сите влади во соседството на Македонија, да ја поддржат европската интеграција на земјата за да придонесат за стабилноста и просперитетот на регионот.
„ФИРОМ презема чекори за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Направен е прогрес во имплементацијата на спогодбата за стабилизација и асоцијација и на Охридскиот договор, како и во исполнувањето на бенчмарковите што ги постави Европската комисија“, изјави Ханс Герт Петеринг, претседател на Европскиот парламент.
evroparlament-izvestaj.jpg
Македонија до крајот на годинава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ
„Жалиме што три години по добивањето кандидатски статус ФИРОМ се уште не почнала преговори за членство во ЕУ. За да се прекине таквата состојба, Советот на ЕУ треба да одреди дата за почеток на преговорите до крајот на годинава“, додаде Петеринг.
Во резолуцијата посебно е истакнато значењето од организирањето беспрекорни претседателски и локални избори од кои ќе зависи датумот за преговорите. Во резолуцијата се критикува и притисокот кој се врши врз медиумите од страна на Владата, посебно за време на предизборната кампања.
Авторот на резолуцијата, непосредно пред гласањето даде техничко појаснување за делови на текстот, поточно за користењето на придавката Македонски, забелешка која без сомневање е со политичка заднина.
Така, во усвоениот текст, наместо „Македонски преговарачи“, кога станува за преговорите кои Македонија ги води со Грција, ќе се користи терминот „преговарачите на поранешната југословенска Република Македонија, како што веќе се практикува во европските институции, но Мејер одлучно отфрли да не се користи придавката Македонска за Македонската православна црква, бидејќи тоа е официјалното име на најголемата религиозна заедница во земјата.

A1.com.mk

Не знам само уште кој му верува на овој шизофреник.
 
Оф мајко :tapp:

Или мене ми се чини или вие деца саглам сте се загрозиле со политичката мизерија

Тоа е лошо. Нема народот (младината) друга работа па си пука политички сеир на Кајгана.

„Боооооо шо му напраја на Фрчко...го е***!“

Море мајката...рогови ви пораснаа.

Ок сеа да се вратам на темата.

Убаво е нели. Ќе добиеме датум, 10 години преговори. До тогаш половината од нас ќе замини странство и така се по ред.
 
А јас вака би напрајл, пошо сеа странство сум:

Со почеток на преговорите, почнуваат предпристапните фондови, еден добар бизнис план, елабориран и среден и доколку биде одобрен си повлекува европски финансии...
 
Сеуште треба да организираме избори без насилство и да го решиме проблемот кој Грција го има со нашето име преку преговори кои треба да продолжат веднаш.

Треба да се направат уште многу работи, кои и не ги пишува во оваа вест, но треба...

Епа ај... нека не фрла Грујо лопати за време на кампања , нека почне да работи на случајот.
 
Како само сте скиснати а тролови? И покрај сите ваши усилби и оцрнувања на сопствената држава и народ не ви успеа.
„Господинот Фрчкоски беше на средби со социјалистите, со нивниот потпретседател, и утредента откако беше на средби, се поднесоа три амандмани“, изјави Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.
Треснете од мука сега маму ви предавничка
 
Добар момент за да се соопшти оваа вест
Барем ке ни го мотивира разочараниот нарот...
Овде штета трпи само и онака бедната ни опозиција:helou:
 
Е дури сега ќе си ги искршат главите на изборите. Мора да има некаква причина за во април ЕУ да не искудат и да ни посакаат повеќе среќа наредниот пат.
 
Мислам дека е многу поважен извештајот на Европската комисија што се подготвува некаде во септември или октомври.

Иако и оваа вест е добра во секој случај. Само ме мачи мислата да не си играат топло ладно со нас....се некако ми стое на лага.. што и да кажат. На европејското лицемерие му нема крај....
 
Како само сте скиснати а тролови? И покрај сите ваши усилби и оцрнувања на сопствената држава и народ не ви успеа.
Абе ти до вчера мрчеше против Европската унија. Шо така наеднаш ти го промени мислењето ?
 
Абе ти до вчера мрчеше против Европската унија. Шо така наеднаш ти го промени мислењето ?

Место одговор повтарање на исти муабети...
Играш исто како и тие , а тоа како што гледаш не носи успех...
 
Оф мајко :tapp:

Или мене ми се чини или вие деца саглам сте се загрозиле со политичката мизерија

Тоа е лошо. Нема народот (младината) друга работа па си пука политички сеир на Кајгана.

„Боооооо шо му напраја на Фрчко...го е***!“

Море мајката...рогови ви пораснаа.

Ок сеа да се вратам на темата.

Убаво е нели. Ќе добиеме датум, 10 години преговори. До тогаш половината од нас ќе замини странство и така се по ред.

Не половината, и повеке ке заминат. А ако ги укинат визите, пак уште поголема бројка ке заминат... и само албанците ке си останат, ке си праат голема Албанија:toe:
 
Мислам дека е многу поважен извештајот на Европската комисија што се подготвува некаде во септември или октомври.

Иако и оваа вест е добра во секој случај. Само ме мачи мислата да не си играат топло ладно со нас....се некако ми стое на лага.. што и да кажат. На европејското лицемерие му нема крај....

Да тоа е страшното што по некое време можи да изјават нешто друго само време то кажи, со ова се потврдува дека оваа влада е на прав пат
 
Не половината, и повеке ке заминат. А ако ги укинат визите, пак уште поголема бројка ке заминат... и само албанците ке си останат, ке си праат голема Албанија:toe:

Кај ќе си заминат?
 
ХАха секако ако речеме дека ќе заминат во странство, Бугарофилиите и членовите од групата "ПРОСТАЧАНА" ќе кажете дека има светска економска криза.
Економска криза има ама не е толку сериозна како што кажуват овде во нашата Македонија а.к.а вистинска криза. тоа е само изфилувано и филмувано од Владата
 
Голем удар за Фрчко,леле што му се случи сега,ќе му падне рејтингот кој и онака го немаше,ниту пак ќе го има повеќе одколку што го имаше пред 15 години.Да го чекаме да се самоубие,а?Во кофа со вода?Што е типичен пример само за Македонија,која не само што е во изолација,туку и некои кандидати за председатели намерно не го гледаат тоа?:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom