- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Aлбанско знаме и пред Општина Охрид ОХРИД - Претседателскиот кандидат на ДУИ, Агрон Буџаку, завчеравечер, во Охрид, изјави дека е сигурен за влезот во вториот изборен круг. Тој рече дека во Македонија, конечно, треба да се создаде амбиент во кој ќе биде важно колку ќе биде способен, а не од кое етничко потекло е претседателот на Македонија. „Таква соработка му понудивме на ВМРО-ДПМНЕ, но не прифатија. Набрзо Македонија ќе има претседател Албанец“, рече Буџаку. За Ахмети, албанското знаме симболично треба да се вее и пред институциите во Охрид. „Тоа не би требало да биде пречка зашто ќе се покаже добра волја и ќе се потсетува дека тука е потпишан Рамковниот договор“, појасни Ахмети. Тој рече дека ДУИ планира во Охрид да се отвори средно училиште на албански јазик и културни институции кои ќе ги негуваат албанската култура и традиција.
Извор: http://utrinski.com.mk/?ItemID=731DDEA103AAE748B157A4EED9E254B5
Извор: http://utrinski.com.mk/?ItemID=731DDEA103AAE748B157A4EED9E254B5