TpH_Bo_OkO
Трноризец
Љубомир Фрчкоски напиша:„Фамилијата која владее со нас прави хотели и трговски центри во Чешка и Словачка, кај што мисли да побегне кога ќе ги урнеме од власт. Но, ќе ни ги оставам ВМРО-вчињата овдека кој сега ни се закануваат, тие нека му се мислат сега бидејќи ние нема да му ја мислиме после“
Љубомир Фрчкоски напиша:Но, овој период сега, пред да влеземе во НАТО, сега е период да го решиме бидејќи е наш интерес. Јас се дефинирам себе си како македонски националист и мислам дека прв интерес на мојот народ е да влезе во НАТО. Се друго е македонски авантуризам, а не македонски национализам.
Коце Трајановски напиша:Препознатлив детаљ од градот, кој секој час би го означувал со песна од македонскиот народен мелос и би се овозможило осветление на стрелките на часовникот.
Ѓорге Иванов напиша:Македонија е како мозаик, кога се гледа оваа уметничка творба од близу, гледате само шарени камчиња, од многу далеку сликата е замаглена.
Ѓорге Иванов напиша:На реклама за космодиск викаат шашаво изгледа, ама функционира. Нашава демократија е како космодиск демократија - на некого може шашаво му изгледа, ама Македонија функционира
Имам пропуштено мнооогу многу, ама затоа сте и вие тука. Да се насмееме малку на глупоста на нашите кандидатчиња. Љубе Бошкоски намерно не е квотиран, заота што ќе треба цели негови говори и текстови да ставам. Се однесува како да е на "stand up comedy central" а не претседателски кандидат.