Бисери на „мудроста“ :)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Љубомир Фрчкоски напиша:
„Фамилијата која владее со нас прави хотели и трговски центри во Чешка и Словачка, кај што мисли да побегне кога ќе ги урнеме од власт. Но, ќе ни ги оставам ВМРО-вчињата овдека кој сега ни се закануваат, тие нека му се мислат сега бидејќи ние нема да му ја мислиме после“

Љубомир Фрчкоски напиша:
Но, овој период сега, пред да влеземе во НАТО, сега е период да го решиме бидејќи е наш интерес. Јас се дефинирам себе си како македонски националист и мислам дека прв интерес на мојот народ е да влезе во НАТО. Се друго е македонски авантуризам, а не македонски национализам.

Коце Трајановски напиша:
Препознатлив детаљ од градот, кој секој час би го означувал со песна од македонскиот народен мелос и би се овозможило осветление на стрелките на часовникот.

Ѓорге Иванов напиша:
Македонија е како мозаик, кога се гледа оваа уметничка творба од близу, гледате само шарени камчиња, од многу далеку сликата е замаглена.

Ѓорге Иванов напиша:
На реклама за космодиск викаат шашаво изгледа, ама функционира. Нашава демократија е како космодиск демократија - на некого може шашаво му изгледа, ама Македонија функционира

Имам пропуштено мнооогу многу, ама затоа сте и вие тука. Да се насмееме малку на глупоста на нашите кандидатчиња. Љубе Бошкоски намерно не е квотиран, заота што ќе треба цели негови говори и текстови да ставам. Се однесува како да е на "stand up comedy central" а не претседателски кандидат.
 
фрчковски

На жителите на Миладиновци им препорача правен лек за нивната болка - загадувањето од рафинеријата „Окта“. „Тужете ја Владата, нема што да загубите!“, им рече тој.

Фрчкоски со комичната посета на млекарите и прашањата од типот „како извозот?“ и ставовите - „да бевме во НАТО, и млекото турбо ќе се продаваше

Ние нема да им дозволиме до пролет, ние на 22 март мораме да им ја скршиме ногата“, изјави Љубомир Фрчкоски, кандидат за претседател на СДСМ.
 
Гледајте го на А1 деновиве Љубе кога ќе каже дека тој е како одлежано вино, во вестите ќе биде кога ќе прикажуват ТВ портрети на кандидатите.
 
Љубе е легенда во поглед на зборувањето, како поет е. :smir:
 
еве уште еден
Фрчко вика за Ѓорѓе - отвараш страна празно, вртиш друга страна пак празно, трета страна исто
а Ѓорѓе вика за Фрчко - си го знаеме ние Фрчко таков карактер си е тој т.е. човек без карактер

не можам да ги цитирам, ама така некако беше. Само од Селмани не сум чул досега некој бисер.
 
Напишано од Ѓорге Иванов
На реклама за космодиск викаат шашаво изгледа, ама функционира. Нашава демократија е како космодиск демократија - на некого може шашаво му изгледа, ама Македонија функционира
Дефинитивно ретардиран муабет. И тоа за сите пари
 
Ѓорге Иванов: Блаблабла, и јас секоја вечер легнувам, и секое утро станувам со Македонија.
Мируше Хоџа: Немојте така, ќе ви се лути жената.

:pos2::pos2:
 
Леле на ова со космодискот ми нема рамно,како само можеше :tapp:На улица такви кометнари не се даваат,а не пред цела јавност :tapp:
 
Ѓорге Иванов: Блаблабла, и јас секоја вечер легнувам, и секое утро станувам со Македонија.
Мируше Хоџа: Немојте така, ќе ви се лути жената.

:pos2::pos2:

Мируше е стара мома ама на кој да му текне да и врати, овој Ѓорге е тилтуван. Ја да сум кој не и го спомне вибраторот или некој друг апрат за кој е венчана, овде т'нко сечете :)
 
Леле на ова со космодискот ми нема рамно,како само можеше :tapp:На улица такви кометнари не се даваат,а не пред цела јавност :tapp:

Незнам али тоа со Космодискот прв пат го прочитав тука на форумов од пред неколку месеци од една кајганџика и не е баш бисер туку баш има смисла но со оглед дека се работи за претседателска кампања таков несериозен коментар не е на место.
 
Епа баш затоа,знам дека го имаше на форум и ОК е за тука,форумџиката нема да ни е претседател :)...Ама овој утре треба најважните работи у државава да ги врши,а со тоа речникот --> :tapp:
 
Ivanov:
„За тие што зло мислат и зло прават, нашиот народ вели: зло ги снаоѓа. Кога-тогаш, ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи.

Brrrr, ja skje glasam za gore, ako e zlo da ne se glasa za nego i da se isvirkuva..zimi majka
 
Леле на ова со космодискот ми нема рамно,како само можеше :tapp:На улица такви кометнари не се даваат,а не пред цела јавност :tapp:
Значи тоа е метафора и баш метафора која соодветствува со ситуацијата на Македонија. Затоа што ако размислиш малку ќе видиш дека има право човекот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom