Обично претпоставувам повеќето од вас веднаш би ја прекинале ваквата врска..
Но сепак пред да го класифицираш како наркоман направи го муабетот за што дрога станува збор.. Колку долго.. Колку често.
Сепак размислете малце..
Добро претпоставуваш. Скоро и одлично. Мојот став кон таквите луѓе, еве да не ги класифицирам како наркомани, е премногу високо интелектуален за да се решам да си го упропастувам својот живот со таков тип. Колку долго, не ме интересира. Дали било од вчера или од пред 2 години, сеедно е. Дали е еднаш месечно или на секои 4 часа и тоа не ме интересира.
Размислено повеќе од еднаш:wink:.
Зашто не би ја продолжиле врската со некој што пуши трева чат пат на пример или јаде таблети на журки само.. Се додека е во границите на нормалата за денешно време е сосема нормално..
Дали ти ќе се начукаш навечер со друштво, а он/она напуши па не е некоја страшна разлика.. Или исто дали ти пиеш пред журка а другата страна јаде таблета.. Сејм шит.
Со личност што пуши трева
чат пат или јаде таблети
на журки само, не би ја продолжила врската од едноставни причини. Не се мешам самата себеси со наркомани, гадни ми се, бидејќи лично јас не би тргнала по тие патишта. За тебе не знам. Сега, неможеш ти да правиш споредби со 3-4 испиени вотки во една вечер или мање-више толку и таблети и марихуана, не е воопшто сеедно.
Во врска со болдот, би ти одговорила сосем спротивно од твоето мислење. За денешно време, не е нормално да излегвиш од 6 сатот чаршија и да се враќаш во 9 на оваа возраст. Но, дали за тебе е нормално да земаш „лесни“ дроги
во границата на нормалата како што си реплицирала???
Во ред, да не испадне дека ти наметнувам мислење. Ова е мој став и не планирам да го менувам. Ти си таа која што одлучува за твојот живот и врска, те цитирав само за да искажам дел од моето мислење. И не, не би одела со некој кој консумира ретко или често дрога, „лесна“ или „тешка“ дрога. За мене таа личност веќе е обележана. Наспроти тоа, ако тој криел цело време од мене дека е на дрога, врската ја прекинувам. Дефинитивно. Не сакам да си дозволам да делам искуство со таква личност, без разлика дали ќе сака да ме вмеша и мене во тоа.