Ни јас не те прашав дали си 100% сигурен, него те прашав од каде толкава сигурност/веројатност дека нема да направи ништо?
Можеби твоите критериуми не ги исполнил во Карпош ама според сечии други критериуми Карпош ја направи една од поубавите општини во Скопје, ако не и најубава. Ти ми викаш не направи ништо. Јас ке ти кажам дека направи многу: Чисти улици, чисти населби, редовно собирање на шутот од градителите редовно полевање на зеленилото, сите светилки на број и во функција, ново поставени клупи, изградба на пешачка патека покрај кејот на Вардар, ЧИСЕТЊЕ НА РЕКАТA ВАРДАР - ако ти текнува со багер влегуваа во Вардар само за да го исчистат од несовесните граѓани кои фрлаа машини за перење и мртви животни, исчистени беа и жбуњовите покрај кејот во кои виреа змии, обновени детски игралишта со нови реквизити, натпревари меѓу средните и основните училишта во баскет, фудбал и женски баскет (финалните натпревари во баскет се одржуваа во Салата на Работнички во Парк, а беше организиран и автобуски превоз за учениците на школите финалистите), организирање на турнири во фудбал во населба влае (се пријавуваа екипи и од Ѓорче, Карпош, Хром па и Волково), натегања да се затвори фабриката КУПРОМ во хром, која ги загадуваше жителите од истата населба и населбата Влае и уште работи на кои не можам да се сетам. И се тоа за неполн мандат, односно 3 години???? Најверојатно имаш критеруми што ни Господ не може да ги исполни, а не па Димиќ...