а кој ја знае Мила? аман бе... ај кажи ми што направила она? еве Димиќ не го знаат ама полека го дознаа со многуте проекти за овие 5 месеци и супер работи и докажан е барем за 5 месеци.. а кога е докажана таа Мила? ... што толку си запнал за Мила... или па финтава е демек не ми го спомнувај Стефче лопов е.. дај гласајте за МИла и ај што ако она му ги даде гласовите на него, може тоа ти е поентата... кој ти гарантира ај кажи за мила?
Нит ја знаат нит ја познаваат многу луѓе исто као што нит го знаат нит го познаваат сашко димич, Финтата е што јас се обидувам да ти кажам дека најголемниот дел од населението во карпош само знае дека по последните парламентарни избори градоначалникот Андреј Петров отиде пратеник и дека нешто краток период ќе се има некој си вд градоначалник, кој ќе биде толку кратко на позиција што луѓето нема ни да ги интересира кој е на таа позиција.
Освен тоа 5 месеци се премал период за некој да се докаже на место градоначалник, за 5 месеци искрено освен некои мали систематски и општествени проектчиња неможе ништо ефективно да се направи спроведе а уште помалку да се види дали носат тие проекти резултати и дали се исплатливи.
Финтата е малку да ти укажам дека од дрвата не ја гледаш шумата односно дека во очите на најголем дел од населението сашко димиќ е исто толку анонимус колку и мила. Јас за сашко димиќ првпат случнав како име и се друго три недели пред изборите со тоа проектот 48 и како што спомнав тоа е проект кој е во почетна да не релам тест фаза, и треба прво да се види колку ќе може на терен да се имплементира, колку резултати носи дали е нависитна ефективен, а за тоа најмалку треба да помине една цела година.
И Добро бре ти ме читаш ли што пишувам да му се сневиди, за ти да ме прашуваш „за тоа кој гарантира за мила?“кога веќеќ ти одговорив. Ама пошто гледам дека тешко ти иде читањето уште еднаш експлицитно ќе ти кажам никој и ништо не гарантира ниту за мила ниту за сашко, во очите на луѓето од карпош и двацата се сеуште анонимуси и луѓе на кои сигурно ќе направата нешто повеќе добро едниот од другиот.
Ама пак ќе се вратиме на она првото, дали ти сериозно мислиш дека владеачката партија е компетентна да каже кој од градоначалниците краде според неговата партија за според тоа да решава на кој општина колку пари да и дава?
Од кај знам може сашко има договор со владеачката партија да владата му дава на карпош повеќеќ пари за пвеќе проекти и за сметка на тоа градоначникот и некое претпријатие блиско то владеачката паритја да профитира дебело. што во основа до некаде може да биде во ред за општината ако барем професионално претријатието си ја заврши работата (што обично кога има јаки провизии не е случај) ама пак тоа не е во ред за цела држава, бидејќи тоа сепак се парите од целокупното население во државава а не само пари од населнието од општина карпош.
Или од кај да знам дали мила има само добар амркетинг а во позадина кога би дошла на позиција фградоначалник не би бирала пристрасно претприемачи кои и се блиски нејзе и би профитирале исклучиво они од сите проекти без разлиак колку државата дава пари за општината.