Па вака...исчитав се наназад и сретнав најразлични гледања на мечот...ќе почнам уште од организацијата на мечевите кој не можат да поминат без пропусти(едвај влегов)
Не треба да се жалиме дека не играл наумче или раде стојанович(причините подоцна ќе ги образложам)
Незнам дали сте запознаени, но репрезентативците за настапите и тренинзите со репрезентацијата земаат дневница, сите иста без разлика дали игра, седи на клупа, дава по 11 гола или воопшто и не ни во резервите...па така секој што ќе добие шанса мислам е поштено максимално да ја искористи....Додека го чекаме ние фичо лазаров да даде гол и да го молиме уште со 24 години...Хансен(Данска 20год) Дувњак(хрватска20год) и други заработуваат милиони по европа....
Епа затоа здравје боже да се опорави Дејан Пецаковски(22)(ретко кој знае за кого зборам) па ќе го видам Фичо како ќе го губи местото во ракометот опште(ако ништо друго ќе биде засрамен уште повеќе)..
Видов погоре некој наброи Играчи како Бранче Ангеловски, Лазе Мајнов....Бранче ко за информација игра лев бек, има топ у раката, одбрана игра центар халф и не праи боречкизафати ко Ѓоргоновски.Настапува за тим од Кувајт(за многу пари) и неодамна стана сопственик на ексклузивен Џип вреден 80 000 евра

повеќе од јасно е дека има попаматна работа него да се нервира оти неможе да и помогне на репрезентацијата, и да му аплаудира на грешките на Фичо....следен кој ќе го спомнам е Кузмановски(позиција-организатор)кој настапува во италија веќе 3-4 години...секако дека ќе беше добра замнена за Мојсовски, но ете како и многу други не разјаснети причини така и ова останува енигма зашто “Тастата“ не е повикан...По повредата на Ванчо димовски останавме без класичен пивотмен-напаѓач(ако можам така да се изразам)...Горан Ѓоргоновски не добиваше место во Металург ни во македонската лига па не за репрезентација

...Оние кој подолго време следат ракомет можеби ќе се сетат на Левко Наумовски(пивотмен), прилепчанец по потекло, кој како играч на металург замина на “печалба“ во Саудиска Арабија.За него може да се каже дека е застарен тип на играч, но со поголем квалитет од Ѓоргонот...
Исто така ме изненади спомнувањето на Маријан Колев(во време кога цветаше ракометот во македонија, времето на дербијата Вардар-Пелистер-Тутунски, Колев ги бранеше боите на Вардар, тогаш Ватростална...сигурен сум Hellsing и Аcid ќе се присетат на убавите времиња, ако не се лажам тој ти беше идолот а Аcid?
Мац Kолев настапува во Италија повеќе години, и оттогаш нема добиено повик за репрезентација.Сепак тоа е и по негова одлука можам да каќам сосема оправдано и за поздрав.Со своите 34 години им остава простор на постарите да се докажат, во споредба со Алушевски(35) и Јович(36) кои како што гледам до смрт ќе играат, наместо на нивно место да играат Владо Недановски односно Гоце Ѓоргиевски...Лазе Мајнов исто така настапува во Италија.за мечот со Исланд беше ставан во некакви комбинации, но причината зашто не се појави останува нејасна. инаку ко за информација, во своите најдобри денови Лазе Мајнов настапуваше за Загреб!
Причината за неиграњто на Намче Мојсовски не е повредата, од сигурни извори можам да ви потврдам дека неодамна учествуваше на турнир(подготвителен) во Ц.Гора со неговата екипа. Причината лежи во одлуката, Стојанче Стоилов, наместо Златко Мојсовски да замине на СП-Хрватска....По лобито на Кире за брат му, сосема го оправдувам и Мојсовски, но едно е сигурно, а тоа е дека Златко немаше толку да го посрамоти брат му, колку Фичо Кирета! Заедно со Мојсо и Козла, Велко Марковски(нивниот сограѓанин од Струга, како и клубски другар од Вардар) го откажува присуството.Знаеме многу добро колку значајна улога има Велко во одбраната, но овој пат го оправдувам што ги остави условно ќе кажам Металург сами да го јадат срамот...
Кога се победува сите го величаат Кире, Борко(кој по фатениот пенал со Португалија и 2 контри со Исланд во јуни нема одбрането топка) и другите играчи, а кога се губи тренерот е крив секогаш....Нео го кривете Ико(Илија Темелковски). Не е крив тој што толку знае, нема авторите над играчите и над јавноста и стручниот штаб....криви се тие што му дадоа доверба за толкава одговорност, или пак можам да дополнам дека одлуката да го прифати селекторкото место, покрај 10 души кои на сите натпревари не го оставија сам да одлучи за составот и начинот на игра!...Абе ико ико, те начекале па ќе ти кажува чокре стај го филип не го ставај Јоноски, или нека игра Миркуловски или нека брани борко за да се продае и ние да земеме пари за трансверот...затоа Вујович виде колку е саат и нејкеше да го јаде срамот од европа, коа му симиња капа кај и да се појави! туку вака за секој потег на демек Стручниот штаб и одењето со главата во ѕид која секако на штета на репрезентацијата и развој на ракометот во Македонија, секогаш ико го јаде и тој е виновникот по кој сите плукаат

Но не е тој крив, толку му е максимум..верувајте!
Играчките квалитети несомнено не можат да се мерат со оние на Исланд, но предноста од домашен терен мораше да се искористи, иако шансите значително ннисе намалија по ремито со Естонија, ако ништо друго за душа на публиката да победеа...спомнав погоре и ќе повторам...земаш пари, некој незаслужено ти дал шанса и доверба да настапуваш, тогаш докажи се и оправдај ја довербата, а не да подаваш...па дај јас ќе влезам ако не и секоја топка што ќе дојде до мене ќе му подавам на Кире само, ко што прави фичо

Гледам реакции за судењето. само ќе кажам дека и покрај нивната помош не успеавме да победиме. Премнону од нивна страна за нас, но недоволно сепак! Инаку братскиот тандем Мете со години наназад се во врвот од светски делители на правда, но секогаш поразениот е тој што е против судиите

И онака малите шанси за пласнам на европско, сега останаа само на хартија, но во секое лошо има и добра страна, така по ова очекувам и се надевам на реорганизација во таборот на репрезетацијата и промена во идеите и гледањето на македонскиот ракомет во иднина. Не можам сигурно да кажам кој ќе е неследникот на Темелковски, но како следен на таа позиција го гледам Пепи Манасков, да да! Останува да видиме што ќе се случи, а дотогаш ќе навиваме за Хрватска и ќе ги коментираме завршниците на големите натпреварувања без нашата репрезентација, за жал!