Мислење за себе

D

Dilan

Гостин
Проќелав, со полупивски стомак, полувлакнест по нозе и друго, средна висина и голем нос.....во секој случај попривлечен физички отколку духовно :kesa:
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Хммм ... Голема лутка сум [знам да се налутам за некоја ептен глупава и неважна работа :kesa:],простувам лесно,искажувам емоции многу [неможам против ова :kesa:],срамежлива сум [зависи со кој :)],знам тотално да скренам и сите да ме гледаат ко да ми фали нешто :):):),секогаш сум тука за моите најблиски,кога сакам некој сакам до крај,кога не сакам некој секогаш што и да се случи послем ќе ми остане таа некоја одбивност спрема таа личност...отприлика тоа е :)


А физички ... Појма немам,не сакам да испаднам тежок вид на нарцис ! :pipi:
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
физички као и сите нормални шеснаесгодишници.
е сеа психички.
тежок инат,емотивен на моменти,тешко се заљубувам ама коа ке се деси тоа уште потешко се одљубувам
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Човек што сака да слушне добра трака, а за другото може да кажуваат само оние што најдобро ме знаат! ;) ;) ;)
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Една другарка пред некое време ми побара тетратка по било што (и даов по физика..), за да и ја дала на нејзина другарка што демек знаела добро да изанализира личност што не ја ни познава само преку ракописот..
Другарката ме опишала како добра, ранлива, тврдоглава, интелегентна, агресивна, забавна и динамична.

Страшна работа! Секое зборче е точно, нема што тука.. И сама би се опишала исто, би додала само и нетрпелива, со специфична смисла за хумор, самоуверена, дрска по потреба и motherfucking инаетлива !
Алал и вера као го заклучила тоа преку ракописот.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Хмм па што знам
карактерно сум многу ладна и никогаш не плачам ама и нервозна ( незнам зошто уште од сега) и тивка, а за тоа повеќето мислат дека сум срамежлива :S а всушност дружељубива сум , ама не можам да се дружам со луѓе што карактерно не ми одговараат , а за добри страни неможам сама да си кажам.
Ни за изглед неможам сама само ме нервира тоа што сум многу ниска и што ми е тенка устата.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Одсекогаш сум била ладна, плачам во себе и беснеам кога сум нервозна, а надворешно изгледам смирено, затоа сите мислат дека се ми е рамно и за ништо не се грижам,:)покажувам и темперамент во некои случаи но не често, директна сум неможам да преќутувам секогаш особено кога ме мачи неправда, дури на сет глас ќе се расправам поготово ако сум во право, а најголема мана кај мене е мојата срамежливост и повлеченост.
 
T

theTinule

Гостин
Многу попуштам (ненормално многу толерирам понашање шо ме вреѓа, а се вреѓам еептен лесно), трпелива, наивно добра (од шо сум добра сум глупа), искрена, упорна во стварите што ги сакам (ретко нешто да сакам стварно, ама ако сакам, се ќе напраам, цела ќе се даам у тоа), чувствителна (не само конкретно за мене, туку за сите), дарежлива...
Знам да бидам многу дрска и арогантна и злобна и кретен ко ќе ме повреди некој, досадна (и annoying и boring), хистерична, емоционално нестабилна (додуше у последно време изненадуем со емоцииве, али ќе видиме до кога), неамбициозна, мрзелива...
Што се однесува до надворешен изглед...меех, онака, просек. I've seen much more beautiful...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
мислење за себе? идиот, забеган, глупав, вљубен
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Смирен тип, што не се лути. Едноставно си кулира. Не се замара со ништо. Не се кара со никого (само некогаш во ептен ретки ситуации), добар со тие што се добри кон него. Не е злопамтило. Дружељубив. Позитивен, весел... Иначе најмногу од се што мрази е да се фали. Мрази негативни особи, намрштени. Многу ретко зборува за себе си (во ретки случаи е кога зборува за него, како што е сега случајот). И тоа е.... Marick14 :cool:
 
Член од
8 октомври 2011
Мислења
249
Поени од реакции
65
dobra licnost fina ekstravagantna dobro telo lice.....moderna sakam da se zabavuvam da iskacam da se druzam da imam decko za ozbilno da citam da slusam music i da gledam komedii znaci raspolozena nasmeana......dinamicna zenskan ne se lutam brzo.......sakam da bidam vo tek so se.... a negativni ne znam,brzo me faka mrza,ne resitelna sum koga stanuva zbor za vrski......drugo ne znam mislam deka samo toa
 

Kajgana Shop

На врв Bottom