Погодна валута...

  • Креатор на темата Креатор на темата klosar33
  • Време на започнување Време на започнување
во повеќе наврати сум сретнал ова со Амерото и никако не ми е логично... за секоја земја извозот на сопствената валута, значи моќ и влијание....не можам да разберам зошто Америка би се откажала од доларот(дирекно сврзан со нафтата?!) и да воведе нова валута која би го заменила но во краен случај во бизнисот би ги вовлекла Канада и Мексико??? ако планот пак им е девалвација на валута, па да се отргне вниманието од доларот се пристапува кон нова валута, зошто пак тогаш Мексико и Канада би се нафатиле не овој чекор????
 
Прогнозите се дека Америка многу скоро ќе излезе од економската криза некаде за 6 месеци. За разлика од неа пак Европа нема така лесно да ја преброди кризата па можно е многу земји од Е. У да го напуштат еврото како валута. Пример за ова е Италија. Судејќи по ова еврото ќе губи од својата вредност додека пак доларот ќе јакне. Според мене оној што е спремен на ризик треба да оди на купување на долари. Во прилог оди и ниската вредност на доларот така да нема простор за понатамошно негово намалување.
 
И еден мој другар вака размислуваше и купи долари пред 6 месеци и едвај дочека да ги размени со прифатлива загуба.
 
Денеска купивме долари ризик не ризик тоа ти е. Еврото и денарот многу не исплашија, па ќе видиме што ќе биди.
 
во повеќе наврати сум сретнал ова со Амерото и никако не ми е логично... за секоја земја извозот на сопствената валута, значи моќ и влијание....не можам да разберам зошто Америка би се откажала од доларот(дирекно сврзан со нафтата?!) и да воведе нова валута која би го заменила но во краен случај во бизнисот би ги вовлекла Канада и Мексико??? ако планот пак им е девалвација на валута, па да се отргне вниманието од доларот се пристапува кон нова валута, зошто пак тогаш Мексико и Канада би се нафатиле не овој чекор????

Многу интересно прашање на кое најсоодветен одговор ми е контра прашање:Зошто Европа воспостави еден монетарен систем за членките?Тргнуваат од концептот на јака валута,досега Америка ја фрлаше во позадина оваа идеја,се додека не и се случи падот на доларот.Оваа идеја постои повеќе од 10 години.Што ќе добијат Мексико и Канада:Мексико претставува црна депонија на Америка,Канада со толкава површина се уште е во развој.Либерализација на стоките и услугите меѓу нив,и заеднички настап со Америте во Европа,ќе ги крене степен погоре.Досега Америте парите ги криеа во овие две земји,сега ќе ги појават.Така заедничките интереси на трите страни се поклопуваат.
Другата теорија на која би и дала 100% вистина доколку се создаде една валута кај Азијатите,е дека одиме кон една светска валута.Овој сојуз помеѓу Канада,Америка и Мексико не е единствен во моментов.Се разговара за една валута и во Јужна Америка.
Предностите и недостатоците на една валута во светот,ќе ги разговараме во друга прилика:)
 
denar cuvaj si go zosto sve sto ke kupis sega vo panika posle ke go prodades so zaguba za svojot denar ke snema denari i evrata pa ke treba da se prodavaat :toe:
 
И еден мој другар вака размислуваше и купи долари пред 6 месеци и едвај дочека да ги размени со прифатлива загуба.

ако другарти ги купил доларите пред 6 месеци не гледам каде има загуба...

Chart.aspx

макар што зесега нема ни некоја добивка!!! загубата може да биде во купопродажниот курс на валутите што ги менува...сепак мислам дека сеуште нема простор за паника....

Многу интересно прашање на кое најсоодветен одговор ми е контра прашање:Зошто Европа воспостави еден монетарен систем за членките?Тргнуваат од концептот на јака валута,досега Америка ја фрлаше во позадина оваа идеја,се додека не и се случи падот на доларот.Оваа идеја постои повеќе од 10 години.Што ќе добијат Мексико и Канада:Мексико претставува црна депонија на Америка,Канада со толкава површина се уште е во развој.Либерализација на стоките и услугите меѓу нив,и заеднички настап со Америте во Европа,ќе ги крене степен погоре.Досега Америте парите ги криеа во овие две земји,сега ќе ги појават.Така заедничките интереси на трите страни се поклопуваат.
Другата теорија на која би и дала 100% вистина доколку се создаде една валута кај Азијатите,е дека одиме кон една светска валута.Овој сојуз помеѓу Канада,Америка и Мексико не е единствен во моментов.Се разговара за една валута и во Јужна Америка.
Предностите и недостатоците на една валута во светот,ќе ги разговараме во друга прилика:)

leandra...твоите одговори се издржани и исцрпни...сепак верувам дека при случувањето на овие, да ги наречам-валутни сојузи, мора да има земја која губи нешто...дури и да ја земеме Европа...никогаш не сфатив кој беше мотивот на Германија да се откаже од една така јака валута која ја имаше...уште повеќе што некои земји од ЕУ не го направија тоа????
Инаку шпекулациите за вакви сојузи и за единствена светска валута се позастапени секој ден...покрај Америте, Јужна Америка и Азијатите, тука се и Арапските земји кои најверојатно ќе лансираат заедничка монетарна политика...кој да знае, можеби овие сојузи се само вовед во единствената светска валута??? на крај краишта ќе биде поедноставно 5 или 6 сојузи да се договорат околу заедничка валута, која остатокот од светот неминовно ќе треба да ја прифати, одколку 180 земји да дискутираат околу истото....сепак мислам дека ова не може да биде во блиска иднина..никако неможам да ги видам САД, Кина и Венецуела(која веројатно ќе е фактор во јужноамериканската монетарна политика) во заеднички монетарен систем....
 
Првото што го губат во валутен сојуз е монетарната власт.Повеќе не ќе можат да ги намалуваат надворешните шокови со инструментите кои сега им се на располагање за да ја заштитат економијата и курсот.Одат на принципот,еден за сите сите за никаде:)Во случајов,Америка е фактор во светот која ќе се задржи уште многу години.Ги мерат позитивните ефекти и негативните.
Европа е интересна приказна,убаво го потегна прашањето за Германија.Германија е пример на успешна монетарна економија.За германската марка беа врзани многу валути,нивните стручњаци се најбарани на пазарот.Мислам дека постоеше страв да останат сами среде европа,марката ќе беше под постојан притисок.Им одговараше либералниот пазар,имаат технологија,остварија стапки на постојан растеж,буџетот си се полни,нивните стручњаци ја диктираат европската политика.Не дека не беше така и претходно ама немаше да биде исто ако не беа.Еве примерот на Англија,фунтата си ја задржаа,бидејќи традиционално како трговски партнер и политички ја имаат Америка.Мислеа ќе влечат девизи од односот со еврото и со доларот.Играа на таа карта,но европјаните меѓусебе си ги даваа стоките,незнам колку успешно ја доиграа.На Исланд што му се случи.
Сојузот на Јужно американците мислам дека е при крај.Водечки Бразил (извозник)Аргентина,Венецуела.Многу ги мачи инфлација,сто стратегии сменија,уште се нестабилни.
Ова со заедниката валута ми е како вештачкиот јазик кој сакаа сите да го зборуваме.Се што е вештачко ќе пукне кад тад.Ќе почне од европска унија:)
 
И еден мој другар вака размислуваше и купи долари пред 6 месеци и едвај дочека да ги размени со прифатлива загуба.

Се заебал,оти не го знаел ова:

ЕУ наголемо печати евра
Европската централна банка (ЕЦБ) веќе почна да спроведува политика на итно зголемување на емисиите на дополнителни количества евра без гаранции заради поттикнување на економијата на еврозоната и подготвена е да ја интензивира доколку се појави ризик од дефлација, изјави гувернерот на Банката на Франција Кристијан Нојер.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=83ADACA775C47F4DA0CC3041E193EC10
 
......................................
Ова со заедниката валута ми е како вештачкиот јазик кој сакаа сите да го зборуваме.Се што е вештачко ќе пукне кад тад. Ќе почне од европска унија:)
не е баш така заедничката т.е. една валута е единствено решение....,но тогаш треба и ЗАЕДНИЧКИ ПАЗАР и ЕДНА ДРЖАВА..., а EU е далеку од тоа....барем 1 светлосна година...:) затоа еврото може да олцне....сепак уште е секоја вошка башка во EU...
Се заебал,оти не го знаел ова:

ЕУ наголемо печати евра
Европската централна банка (ЕЦБ) веќе почна да спроведува политика на итно зголемување на емисиите на дополнителни количества евра без гаранции заради поттикнување на економијата на еврозоната и подготвена е да ја интензивира доколку се појави ризик од дефлација, изјави гувернерот на Банката на Франција Кристијан Нојер.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=83ADACA775C47F4DA0CC3041E193EC10
дефинитивно на овие пацери ќе им требаат ex-YU еksпертите...штета што вистинските баш не се во кондиција...кој Богу на виџење , кој се спрема , кој излапитис....ова наследнициве забегале у квази капитализам......
 
не е баш така заедничката т.е. една валута е единствено решение....,но тогаш треба и ЗАЕДНИЧКИ ПАЗАР и ЕДНА ДРЖАВА..., а EU е далеку од тоа....барем 1 светлосна година...:) затоа еврото може да олцне....сепак уште е секоја вошка башка во EU...

Со една валута и во една држава, 2 милион народ очи си вадиме.Не ни сакам да помислам како ќе биде во светска држава,каде секој ќе тегне накај своето:)Но тоа убаво кажа е за светлосни години,од под земја нема да видам ништо:)

п.с.пишуваш на економски форуми?ако си ти под тој ник,ги имаш моите комплименти:pipi:
 
кога би биле во некоја светска држава со единствена валута , нашиот глас и на останатите како нас воопшто не би бил важен...се сложувам со вас дека светската држава е сеуште далеку...сепак мислам дека во меѓувреме ќе се формираат неколку сојузи од типот на ЕУ кои овој процес би го забрзале...сепак внатре во самите сојузи би требало да се работи на разобличување на нациите и патриотизмот, во што глобализацијата е мошне успешна засега...претпоставувам дека нови нации ќе бидат- корпорациите...кога еднаш овие сојузи ќе пристапат кон заедничка валута, како почеток на светската држава, земјите што се надвор од нив нема да имаат избор освен да се интегрираат во истата....дали ќе биде ова рај или пекол????
 
Не се разбирам многу во економија (читај тапа сум :icon_lol:), ама чепкам нешто од политички системи. Светска држава со овој политички систем и начин на управување е невозможно нешто, тоа е како да предвидуваш од племенско опшество да се прескокни робовладетелското опшество директно на феудализам. Со сила или со било каква присилна пропаганда човечкиот род нема да се откажи од своите групи (националности), дури и тоа си го имаме како загарантирано право. Со овој политички систем корпорациите веќе владеат со светот, и е пекол на планетава земја, каде и да погледне човек војни, глад, мизерија, светска економска криза, сето тоа во овој временски период е предизвикано од корпорациите.
Можно е да се има светски сојуз на држави со загарантирано право на националност и патриотизам, без ова сето тоа ќе биди гола вода.
П.С. Ако има било каков обид да се живее во заедничка држава со заедничка валута и при тоа нашиот глас и гласот на другите како нас да не важи, тој обид ќе заврши многу крваво, и неповолно за тие што ќе сакаат да го воведат. Затоа што човечкиот род не е животно без разум, знае што е тоталитарно опшество и нема да го дозволи тоа.
 
Доколку се воведе една светска валута тоа според мене би значело и еден светски економски политички систем. Како што е сега ЕУ каде важат исти закони и правила за сите земји членки. Гледаме каков раздор има таму сега а замислите целиот свет да е во единствен сојуз.Тоа веднаш би било осудено на пропаст. Преку вакви помали сојузи како што се ЕУ или НАТО развиените земји го контролираат сопствениот економски развој за сметка на останатиот свет. Затоа мое мислење е дека ваквата светска држава со единствена валута е невозможна не дека не може да се формира туку тоа нема да го сакаат најразвиените земји.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom