Владимир Талески за градоначалник на Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата bojanb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали на наредните избори ќе го поддржите ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ за градоначаник на БИТОЛА?

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Се запознав со Талески при обиколката на Македонија со кралот и кралицата. Имавме ручек заедно. Ми остави убав впечаток како човек...како градоначалник не би можел да судам.

Мене па не ми е нешто по ќеф човеков.Дали како градоначалник е добар или не тоа Битолчани нека кажат,јас не се мешам. Антипатичен ми е, ваљда затоа не ми се допаѓа.:toe:
 
Арен е Двојче...Не дека нема место за напредок...на пример во Тројче или Четворче, ама од понудениве, најдобар е каде каде. Ги читам коментарите на Пикасо, Тендо, Тамарче или како ли се викаа, и се паднав од смеа од контрадикторности. Едниот вика Каде е операта а потоа признава дека бил на опера (пред некој ден беше 4 или 5 премиера на Битолската опера), другиот вели за џабе била операта ко сме биле сељаци (баш дека си селанец бре ти треба опера и филмски град, да се образуваш малце), а тоа третото чупето вели дека не била културата развиена.Па еве Багето напрај уште еден театар, гледаш дека се развива. А бе деца деца....
п.с. Бојан малце и ти го дрвиш,ја притискаш дискусијата...остави да читаме интересни постови,да се посмејме тро :pos2:
п.п.с негде погоре прочитав дека некој бил разочаран од градов,народов и слични работи. Епа ако не можиш конструктивно да му поможиш на градот или народот или не знам шо, слободно пресели се на Арктик.....или на Марс евентуално.
 
Вие немате аргументи сдсмовците ние ги имаме аргументите само ќе ви посочам еден. Битола град на културата за 2008 година.

А кој рече дека сум од Сдсм?
Дека го нејќам Двојче, зато сум за Сдсм?

Глупости на куб.
Човек да не смеј да има свое мислење!
 
Почитувани!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Владимир Талевски за Битола е предложен уште меѓупрвите градоначалници, поради следниве причини. Затоа што тој е чесен и угледен човек кој за време на својот 4 годишен мандат направи толку многу работи за Битола што ниту еден градоначалник на Битола досега тоа го нема направено за Битола. Како прво и најважно инфраструктурата во град Битола за време на неговиот мандат значително се подобри, и беа асфалтирани и пробиени улици кои беа само сон на многу Битолчани, културата во нашиот град се издигна на едно повисоко ниво, а тоа се потврдува дека Битола е град на културата за 2008 година.
Битола - Град за БИЗНИС, во конкуренција на 22 градови од Југоисточна европа, според извештајот на Светска банка, Битола е рангирана на прво место.

Демек за ова е заслужен Двојче???
Абе колку наивни луѓе има.
Се ова што го наброја погоре се проекти кои Двојче ги искористи паметно. Ама не го бива. Да му пуштам рака дека улиците ги напрај???

Сон ДА на Битолчани за кој сон плаќат. Ко ќе си ја осигураш колата прашај зошто ги даваш парите. Една од причините се и УЛИЦИТЕ да се средат. Така да не треба некој глумец од театарот да дојди и да ги напрај улиците и притоа аплауз да добие за тоа. Бидејќи не е негова заслуга. Граѓаните си плаќат за тоа.

Не велам дека не направи ништо за Битола, направи да, ама сето тоа е обврска на еден градоначалник..

И прекини да го наметнуваш твоето мислење, ако ти мислиш дека Двојче е Бог можиш да одиш пред општина и да се клањаш.
 
До 2005 Битолчани плаќаа ама ништо немаше, што е уште пострашно. Па сега се поставува прашањето. Каде отидоа сите средства?
Демек за ова е заслужен Двојче???
Абе колку наивни луѓе има.
Се ова што го наброја погоре се проекти кои Двојче ги искористи паметно. Ама не го бива. Да му пуштам рака дека улиците ги напрај???

Сон ДА на Битолчани за кој сон плаќат. Ко ќе си ја осигураш колата прашај зошто ги даваш парите. Една од причините се и УЛИЦИТЕ да се средат. Така да не треба некој глумец од театарот да дојди и да ги напрај улиците и притоа аплауз да добие за тоа. Бидејќи не е негова заслуга. Граѓаните си плаќат за тоа.

Не велам дека не направи ништо за Битола, направи да, ама сето тоа е обврска на еден градоначалник..

И прекини да го наметнуваш твоето мислење, ако ти мислиш дека Двојче е Бог можиш да одиш пред општина и да се клањаш.
 
Не мора да значи дека е само за Битолчани за сите оние кои имаат дојдено пред 2005 и сега да ја видат разликата што е во Битола. Дали Битола во 2005 беше подобра или сега 2009 на чело со Владимир Талески.

Па, како што одам во Битола, последниве години приметувам дека стварно е убаво средена и разубавена, ама од друга страна пак, пропаднаа значајни фирми како Жито Битола или Битолската пивара, да не набројувам натаму...
 
Пропаднаа од негрижа на сопствениците, али друго 20 е таа работа. :)
 
За Жито Битола, еден огромен економски капацитет пропадна поради лошото управување од страна на кадарот на СДСМ.А битолската пивара веќе имаме некои најави за преземање од страна на странски инвеститор кој се занимава со производство на пиво.
Па, како што одам во Битола, последниве години приметувам дека стварно е убаво средена и разубавена, ама од друга страна пак, пропаднаа значајни фирми како Жито Битола или Битолската пивара, да не набројувам натаму...
 
Направи доста,ама можеше повеке,му останаа уште неколку ветувања што не ги оствари.
 
Во споредба со останатите градоначалници кои беа претходно на Битола г-дин Владимир Талески, одлично го одработи својот мандат и со полно право граѓаните на Битола на 22 Март ќе го наградат со уште еден градоначалнички мандат.

А сами ќе го наградат или појќе луѓе, од појќе градој ќе се соберат?
 
Имам другарка од Битола која е закоравена комунистка.
Кога таа можеше да каже дека ќе го даде својот глас за Владимир Талески, понатамошна дискусија е непотребна.
 
Другар ми го напраи ова...
Старо е ова од лани!
20080512_frcko.jpg

Како и да е, би го гласал Владе само заради лошиот избор на СДСМ.

ЛДП имаат добар кандидат. Така што мислам дека би можел да гласам за него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom