Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
1. „Ти, брат Љубе, мораш да се кандидираш, мораш да се вратиш на политичката сцена“.
2.Се гордее со тоа што е Македонец, што е роден под небото под кое чекореле славни предци и универзалната светска личност Александар Македонски, а пред него Филип и по него Самуил.
- Нашите корени се тие.
Сепак, во 21 век да се оди со такви теории и тоа да се дигне на ниво на највисок патриотизам, дека си потомок на Александар Македонски, а другиот ден да се тврди дека и Славјани и антички Македонци, дека сите биле Македонци е ретерирање што никаде не води.
3. Јас како претседател на држава сум подготвен во првата година од мојот мандат да ја внесам земјата во НАТО. Имам решение со кое ќе се зачуваат нашиот идентитет, Уставот и името на Македонија. Судбината на два милиона луѓе е поважна од нечија кариера. Ако не го направам тоа, за една година ќе се повлечам од политиката - најавува претседателскиот кандидат.
Три нешта ми паднаа во претставувањето на Желбата на Брат Љубе да се кандидира за претседател:
1. Оваа фраза е веќе многу пати експолатирана од сите политичари, така што мислам дека не значи ништо повеќе освен оправдување на желбата по секоја цена да се кандидира за претседател, задскривајќи се зад некаков „амин“ од народот.
2. Второто интересно нешто е: „Се гордее со тоа што е Македонец, што е роден под небото под кое чекореле славни предци и универзалната светска личност Александар Македонски, а пред него Филип и по него Самуил“. Го прифаќа Александар , но зошто универзална светска личност Александар? Зарем и Александар немал припадност, зарем и тој како и ние не е признаен како Македонец. Зарем не е тоа доволен факт дека тој е Македонец кој како и ние неможе да се нарекува Александар Македонски само заради удварање на гејците да не ги нервираме? Но да заклучам прифаќа дека Александар е дел од нас.
„- Нашите корени се тие“.
Но веднаш потоа отфрлање на горното:
„Сепак, во 21 век да се оди со такви теории и тоа да се дигне на ниво на највисок патриотизам, дека си потомок на Александар Македонски, а другиот ден да се тврди дека и Славјани и антички Македонци, дека сите биле Македонци е ретерирање што никаде не води“.
3. „Јас како претседател на држава сум подготвен во првата година од мојот мандат да ја внесам земјата во НАТО. Имам решение со кое ќе се зачуваат нашиот идентитет, Уставот и името на Македонија“. Зошто ако знае и може, не се издигне над се и во име на патриотизмот досега тоа не го направи помагајќи ни на сите. И како тоа досега ја криел тајната формула, а не ја кажувал.
И на крај да резимирам. Дали ако станеше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе беше Ѓорге Иванов и ќе се користеше со програмата на ВМРО и се ќе беше во ред. Дали тогаш Груевски ќе беше вистинскиот политичар, дали ВМРО ќе беше партија која ги влече вистинските потези и дали........
Има многу нелогичности и затоа ме наведува на мислењето дека Брат Љубе е само еден човек кој со сиот свој квалитет и капацитет е еден обичен кандидат за претседател кој сака вешто да манипулира за да дојде до претседателската фотеља. Со еден збор сите ние сме можни кандидати за претседатели, сите ние имаме решение за името, сите ние знаеме како, но за жал во овој момент само неколкумина од нас успеаја да се додворат на партиите за да застанат зад нив. Ние дали од незнаење или од немоќ не успеавме да станеме кандидати за претседатели.