Дали би гласале кандидат од друга етничка заедница за претседател?

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би гласале кандидат од друга етничка заедница за претседател?


  • Вкупно гласачи
    140
Шоо? Кој ставови сум ги сменил ја бе? Ај не јади многу бурек! Ниту пак политичка определба (а и религиска :pos2:) мењам ко чорапи!


Е фала богу еве еден паметен. Шо зборам ја цело време бе? Токму така. Прашањето браќа и сестри е: Имавме ли ние воопшто до сега Македонец за претседател?

Ne znam, ne znam, ama nekako se poveke shtabski pocnuvas da ja teras, shtabsko-plakatolepacko-dpmne-ofski.
I toa bez objektivnost.
 
Дали би гласале македонците за претседател од друга етничка заедница просто би одговорил дека е невозможна мисија значи сепак постои можност. Инаку другите етнички заедници го немаат овој комплекс а колку за македонците убеден сум дека без двоумење би гласале за достоен кандидат кој е од друга етничка заедница но се чувствува и се нарекува себеси македонец, значи влав,ром,србин и др интегрирани (асимилирани) заедници во македонската нација, пример Срѓан Керим,Ѓунер Исмаил,Ганка Самоилова и др.
Албанците и турците и ромите муслимани се друга приказна,посебен свет (азијски свет), доста непознат свет на другите бидејќи одсекаш или се изолирале од државата или пак државата ги изолирала но времињата се менуваат, се променивме и јас,ти,тој(тоа) и ние и вие и тие(оние) низ делумно демократскиве години (транзиција) па одвреме навреме никнување некоја умна глава, пример Руфи Османи,штета што не го родила македонска мајка се велеше на времето кога беше пратеник,94-96 год. но брзо го изолираа но, сепак невозможната мисија продолжува, Руфи Османи вечерва на конвенцијата на неговата кандидатура за градоначалник на Гостивар порача,"По 12години гледаме дека оној што во 97 го крена победничкиот прст на победата за масакрите врз населението денес е на дното на политиката а ние гордо продолжуваме понатаму кон достигнување на стабилна држава со стабилна економија,добри меѓуетнички односи,добри односи со соседите и дел од НАТО и ЕУ". Инаку Османи ужива голема почит од македонското население но има една мана условно кажано, и тој како и сите албанци не се чувствува како македонец тука како албанец,рамноправен граѓанин на оваа држава. Се друго му препуштаме на времето да покаже како ќе се одвиваат меѓуетничките односи и кон кој пат ќе се движи државава, единствено ни преостанува да се надеваме на најдоброто.
 
Сакате нејкете, за 20 години вашите гласови нема толку да сменат, не како што е ситуацијава сега. Па тогаш нема да излезете да гласате.
 
OBAMA E 44 PRETSEDATEL NA AMERIKA

NIE SEGA KE GO IZBEREME 4 PRETSEDATEL NA NASATA DRZAVA

ZAKLUCOK OD GORE PISANOTO MOZEBI I NIE KOGA KE GO BIRAME NASIOT CETIRIESET I CETVRTI PRETSEDATEL MOZE KE ODBEREME ALBANEC,A DO TOGAS IMA VREME
 
Кога Тито би бил кандидат за претседател (на Јосп Броз мислам) , никој и не би размислувал која националност е тој...туку би гласал бидејќи човекот вреди , и сите добро знаат дека тој е способен да извршува таква функција!

Сега негледам причина зошто доколку се појави некој нов Тито кој ќе ги обединува верите и националностите не би добил подршка да биде нов претседник...
Но очигледно модерниот “се-народен“ претседник уште не е роден....
 
Тешко во блиска иднина да гласам за друга националност. Еве на пример гледам деновиве делови од митинзите на Селмани, Буџаку и ќе кажат 2 - 3 мин по некој збор општо за ситуацијата на државава и се знае што следи до крајот на митингот. Само за кутрите угнетувани Албанци ветувања и слични разгледувања на проблеми. Кој ја е*е државата, важно е 25% да има во администрацијата и да се даде пензија на ОНА. Зашто би гласал за тоа? Со што мене ми се има како гласач одвоено внимание?
 
Ако ми порасне 55цм тогаш ке гласам за некој со друга националност:vozbud::vozbud:
 
Мислам дека македонското општество почнува полека да созрева политички, меѓутоа сеуште е рано за претседател од друга етничка заедница, поради тенките етнички односи, пред се' помеѓу Македонците и Албанците и нова, можна ескалација на истите. Веќе споменав во едно мислење дека за мене, Селмани е добар кандидат од албанската етничка заедница, истото мислење го имам и за Срѓан Керим, меѓутоа, здравје во посозреана Македонија, во општество во кое ќе има поголема верска и етничка толеранција, засега не.
 
Гласачите на Селмани дека е албанец се во блиски бројки со тие што не гласаат за Селмани бидејки е Албанец.. Така да нема врска.. А човекот е ТОП за прецедател:smir:
 
Ме интересира ова, дали ако за вториот круг има еден албанец кандидат, и еден македонец од сдсм, дали македонците што се симпатизери ке гласат за македонецов или за албанецот? И дали нема да гласате за албанецот само затоа што е албанец?
 
Ме интересира ова, дали ако за вториот круг има еден албанец кандидат, и еден македонец од сдсм, дали македонците што се симпатизери ке гласат за македонецов или за албанецот? И дали нема да гласате за албанецот само затоа што е албанец?
Мислиш на ситуациај Селмани вс Фрчко?
Селмани дефинитивно би го добил мојот глас.
 
мене па ме нервира што ова албанскиве кандидати за претседател кампањата ја водат на албански јазик
па нели се бира претседател на Македонија
 
Мислиш на ситуациај Селмани вс Фрчко?
Селмани дефинитивно би го добил мојот глас.
И јас исто...

Претседател е луѓе, еден човек, без разлика дали е Албанец, Македонец, битно е да се залага за доброто на државата.

А не да става сопки како Б.Ц. и овај сегашниот им кандидат за претседател Фрчко. Тој е веќе виден, го знаеме во политиката е од осамостојувањето, човекот не е за интересите на Македонија. Селмани би бил 1567890000 пати подобар од него, гарантирано!
 
Мислиш на ситуациај Селмани вс Фрчко?
Селмани дефинитивно би го добил мојот глас.

Не мора Селмани вс Фрчко, само сакав да знам дали би гласале за друга македонска партија, само за да не гласате за албанска.
 
Ме интересира ова, дали ако за вториот круг има еден албанец кандидат, и еден македонец од сдсм, дали македонците што се симпатизери ке гласат за македонецов или за албанецот? И дали нема да гласате за албанецот само затоа што е албанец?


Ако влезе Селмани и Фрчко јас дефинитивно гласам за Селмани...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom