Дебаклот на економската политика на Владата на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.575
Поени од реакции
295
Брифинг,27.02.2009
Зоран Заев

На почетокот сакам да ги потсетам граѓаните што им вети Никола Груевски на економски план.



Им вети, зголемување на економскиот раст, повисока стапка на вработеност и пораст на животниот стандард. Или ова преточено во бројките на економскиот тим на оваа Влада, а именувано како нејзин стратешки приоритет е: просечен раст на БДП од 6 до 8 %, раст на индустриско производство со стапка од 5 до 7 % годишно и пораст на извозот од најмалку 15 %.



Но, ова се само ветувањата напишани во портокаловата преродба, фактите се сосема нешто друго.



Во Македонија има континуирано намалување на индустриското производство како резултат на неспособноста на Владата да води стабилна економска политика.



Континуирано зголемување на невработеноста кое во последните месеци е уште поизразено заради игнорантскиот однос кон последиците од економската криза и непревземање на вистински економски мерки за справување.



Доказ за тоа е новиот бран на отпуштања од “Скопски Легури“ и “Силмак“ кои според првичните проценки може да остави нови 1.000 луѓе без работа.



Дополнително, во Македонија има константен пад на индустриското производство во последниве неколку месеци. Во ноември 2008 година падот на индустриското производство во однос на истиот месец 2007 година изнесуваше 2,9 %, во декември 10,1%. Во јануари 2009 година, во споредба со истиот месец лани, во Македонија се бележи пад на индустриското производство од дури 16,7 %.



Според податоците на Државниот Завод за Статистика, индексот на индустриско производство во споредба со јануари 2005 година е намалено за речиси 19 %.Колку за илустрација во 2006 година кога ВМРО ДПМНЕ ја превзема власта индустриското производство имаше раст од 11,3 во споредба со просечното во 2003 година.



Истовремено, Владата на ВМРО ДПМНЕ заради мегаломански проектираниот Буџет од 2,8 милијарди евра кои нема шанси да го наполни се однесува по принципот “гладна кокошка просо сони“.



Владата наместо да им помогне да ја пребродат кризата измислува разноразни нови дополнителни давачки кои ги оптеретува и онака натоварените со давачки македонски фирми. Таков пример е новата давачка за 60-те илјади фирми кои за да го регистрираат работното време сега ќе мораат да платат по десет евра. Бидејќи тоа мораат да го сторат два пати во годината тоа значи по 600 илјади евра кои на секои шест месеци ќе се слеваат во државниот Буџет.



Дополнително, Македонија почна да ги чувствува и последиците од тврдоглавоста на Владата да не ги послуша препораките за намалување на јавната потрошувачка.



Притисокот врз стабилноста на денарот полека но сигурно станува неподнослива. Народната Банка на Македонија само во јануари потрошила 53 милиони евра од девизните резерви за одбрана на стабилноста на денарот.



Влегуваме во сивата зона на количината на девизните резерви, бидејќи за една година се намалија за 200 милиони евра (министерството за финансии лани потроши 112, 2 милиони евра за отплата на надворешниот долг, останатите се потрошени за одржување на стабилност на курсот на денарот), а лани приливите во девизните резерви беа намалени.



Ако Владата на Груевски вака се продолжи девалвацијата на денарот ќе стане неизбежна.



Најстрашното од целата оваа ситуација е како се однесува владата. Погледенете ја само ноншалантноста со која ги “горат“ буџетските и државните пари. Абер немаат од штедење. Кога една економија како САД штеди, кога ММФ ни порачува екплицитно дека мораме да ја намалиме јавната потрошувачка, Груевски и неговиот економски “тим“ се фрлиле на трошење како да сме најбогатата, а не најсиромашната држава на континентот.



Секој пат кога ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт ја откажува соработката со нив, и самоволно и недомаќински ги троши нашите заеднички пари. Денес ние имаме најголем буџет во нашата историја, кога економијата ни е најзагрозена! Светската економска криза ги плаши владите на најголемите економии во светот, но не и владата на Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Таа се однесува како коцкар кој троши најмногу, кога има најмалку !



Едноставно кажано, таканаречениот економски “дрим тим на владата“, наместо соништа ни испорачува кошмари.



Излезот од оваа криза е тежок и болен, но е единствен и очигледен. Македонија мора под итно и драстично да ги намали буџетските трошоци и радикално да го смени курсот во монетарната, фискалната и пред се во меѓународната политика, зашто само НАТО и ЕУ можат да донесат стабилност и безбедност, а само така ќе привлечеме нови инвестиции и нови работни места.



Затоа, ВМРО-ДПМНЕ, мора да престане да ги троши парите на граѓаните за себерекламирање, мора да ги паузира 20 милионските археолошки ископувања, милионските споменици на шмизли и мачки, да ги запре партиските вработувања во администрацијата и да ги пренамени средствата во развојни проекти со кои ќе се овозможат инвестиции и нови работни места!


Ако тие не знаат како, има кој знае.
 
Не да ја бранам владата на Груевски ама и ти претера. Си слушнал за светска економска криза?
 
затоа вие нема избори да добиете, зошто сте глупи ко србин из прилепа
Уво го заболе просечниот Стојан за падот на индустринското производство и отпуштањата во силмак во услови на глобална паника.

него

КАДЕ СЕ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ, конкретно мислам на 4 компании кој и во овие услови ГИ ДИВЕРТИРАА своите фабрики во СРБИЈА и Турција

КАДЕ Е ГУЈО во Свидмилк, он само сечел лента изјави, КАКО ДРЖАВА ти си должен да обезбедиш регулатива за напалата

КАДЕ Е СТАВРЕВСКИ кој повика на земање кредити и зголемување на сточниот фонд, нека им ги врака сега он кредитите на стотици сточарски семејства.

КАДЕ Е ЗАКОНОТ, БРАНИТЕЛИТЕ ЗМИСКИТЕ ОКА, КАДЕ Е ШЕРИФОТ

грда слика под толку многу шминка.....удоле длабоко угоре високо


ЏИМИ ЗА МАКЕДОНИЈА
 
Ја посраа работата со млекарите..
...КАДЕ Е ГУЈО во Свидмилк, он само сечел лента изјави, КАКО ДРЖАВА ти си должен да обезбедиш регулатива за напалата

Ако се донесе добар закон за наплата на долгови, Македонија ќе тргне напред, бидејќи така „газдите“ оние пари кои ги стават секоја вечер под перница со нив ќе си ги платат долговите и платите на вработените.
 
Dejan];2292916 напиша:
Ја посраа работата со млекарите..


Ако се донесе добар закон за наплата на долгови, Македонија ќе тргне напред, бидејќи така „газдите“ оние пари кои ги стават секоја вечер под перница со нив ќе си ги платат долговите и платите на вработените.

НЕМА ДА СЕ ДОНЕСЕ Дејане ни од овие ни од било кој...ТАКА ИМ ЧИНИ!



затоа нема работење со фирми, нема ширење на бизнисот, нема аплицирање на тендери...НЕМА...

само ова тупово од сите страни затупило...
 
Ние 8 години неможеме долг да наплатиме, зошто самиот систем на наплата е така направен да тој што должи е привилегиран.
И се прават стечаи кои траат со години.
Целиот систем е поставен за доброто на криминалот.
Е сега се почнува нешто со изврштиели со скратување на постапките, но многу споро оди тоа.

Точно државата е виновна што дозволила тој долг толку да порасне.
Но.
И самите производители на млеко.
Какви договори направиле со Сведмилк и зошто истите одма после втората испорака која не е платена не се организирале и не го сопреле понатамошното носење на млеко.
Мислам и самиот народ си е туп бе брате, работи со години, плата не зема, си ќути, си коментира пред ТВ и тука завршува.
 
Да навистина жалосно но и не е се така црно за сите,секогаш на удар е првин земјоделецот. Администрација се гои си зимат таму народ плата за лежи лебу па ке си гласат за леви десни. Јас убаво знам со требаше да се направи и шо беше ветено па не верувам на реклани и митинзи или било какви платени пропаганди ама ете повторно за жал има и наивен народ :toe:
 
Dejan];2292916 напиша:
Ја посраа работата со млекарите..


Ако се донесе добар закон за наплата на долгови, Македонија ќе тргне напред, бидејќи така „газдите“ оние пари кои ги стават секоја вечер под перница со нив ќе си ги платат долговите и платите на вработените.
Законот за извршители требаше да стартува од Нова година но го одложија за после изборите. Ќе видиме како ќе се спроведува со оглед на тоа што голем број на фирми се презадолжени.А и голем дел од населението ги немаат платено сметките за струја, вода...... Сега нема да те тужат. Извршителите ќе си ги наплатат парите дирекно од трансакциската сметка на граѓаните.
 
Mesaja една работа асална ќе кажеш 10 зелени ќе истресеш
Доволно е да го отпуштата министерот за финансии и да стават некој асален
 
Не да ја бранам владата на Груевски ама и ти претера. Си слушнал за светска економска криза?
Светска економска криза?Нас во Европа не не примаат,па камоли да сме привилегирани да ја осетиме светската економска криза.
Не е до кризата,до Гвујо е,барем нека не ветува ако неможе да исполни.Само знае да лае,а после се крие како миш у дупка.
 
Законот за извршители требаше да стартува од Нова година но го одложија за после изборите. Ќе видиме како ќе се спроведува со оглед на тоа што голем број на фирми се презадолжени.А и голем дел од населението ги немаат платено сметките за струја, вода...... Сега нема да те тужат. Извршителите ќе си ги наплатат парите дирекно од трансакциската сметка на граѓаните.

Тој проблем не се решава со ИЗВРШИТЕЛИ, така ќе се направи само уште поголем ХАОС.....Македонија има СИСТЕМСКИ ПРОБЛЕМ..не се решава со ИЛУЗИЈА на НАПЛАТА..потрено е многу работа за тоа, најлесно е да сснеш некаков си кобајаги извршител кој чини двапати колку и долгот...:)

Mesaja една работа асална ќе кажеш 10 зелени ќе истресеш
Доволно е да го отпуштата министерот за финансии и да стават некој асален

Негде овде спомнав дека не е доволно само да се отпушти..министерчето прасесто..треба РИТУАЛНО да се заколе...некоја крвца сепак мора да падне.... :)
 
Законот за извршители требаше да стартува од Нова година но го одложија за после изборите. Ќе видиме како ќе се спроведува со оглед на тоа што голем број на фирми се презадолжени.А и голем дел од населението ги немаат платено сметките за струја, вода...... Сега нема да те тужат. Извршителите ќе си ги наплатат парите дирекно од трансакциската сметка на граѓаните.

не и нема да функционира...

се префрла имот на татко мајка родител или трето лице, затворска казна не можеш да бараш...

милина до држава
 
знам само едно проблемите во моето семејство (какви и да се ) решавам јас со
така владата која е ИЗБРАНА ОД НАРОДОТ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СЕ ВО ЗЕМЈАВА.. па и затоа земаат и ПЛАТА ,,


кој јаде маст јаде истап
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom