Деловите со вадење на контекст гледам дека ти веќе си ги истренирал. Како прво, јас никаде не реков дека тоа што Бранко е недопирлив правно, дека е супер, уау и прекрасно. Само сакав да ти кажам, дека не е во ред што на било каков начин ги спомнуваш Бранко и Ченто во ист контекст. Едноставно сметам дека бесмислено е на било каков начин да се поврзуваат Бранко и Ченто, со оглед на работите за кои се залагал и работите кои ги преживеал и за работите за кои е Ченто заслужен.
А не би рекла дека станува збор во денешно време за тоталитаризам, далеку сме ние од тоталитаризам во било каква смисла, тоталитаризмот како движење, политички систем е нешто многу повеќе од судството. Ова што во Македонија се случува јас би го нарекла политичко правен протекционизам, особено на лидерите во Македонија. Баш денеска имав предавање и дискусија околу политичко - правно - кривично - моралната одговорност на лидерите и колку е сето тоа закрепостено. Претежно тоа се должи на партимонијалната политичка културна на Македонија, односно на фактот дека државата ја вртат партиски книшки и позициите во партијата. На колку повисоко место во партијата ,толку повеќе протекции. Нормално дека ова е голем проблем, и сигурно не сметам дека ова е вистинскиот начин, само ти ја презентирам реалноста. Убаво е вака да типкаме на тастатурата дека лидерите треба да подлежат на кривична и било каква одговорност, но факт е дека во Македонија тоа е тешко да се одвива, тешк ода се спроведе. Сето тоа де јуре ќе биде ставено како опција, ама де факто таа опција ќе се изгуби некаде во папирологијата. Друга работа е што политичките лидери во тие некои односи до некаде и си чуваат грб еден на друг колку и да се антагонисти, затоа што одат на принципот ако јас потонам и ти ќе потонеш.
Убаво би било да се доведе и создаде Суд на честа рецимо, ама степенот на демократичност и политичката самосвест кај граѓаните е сеуште на ниско ниво во Македонија, затоа што тие се заслепени од лидерите.
И не реков јас никаде дека е поправилно да се објавува тоа на ТВ отколку да се даде на суд, само јас ја потенцирав легитимноста и авторитетот на судот во Македонија, кој во овие 18 години е непостоечки и подлежи на јурисдикција на најголемите моќници во државата.