Струмица - главен "трофеј" на изборите

  • Креатор на темата Креатор на темата RIZTETO
  • Време на започнување Време на започнување

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Струмица - главен "трофеј" на изборите.

Јас мислам така. Ги гледам програмите за митинзи на двете најголеми партии и гледам завршните митинзи се во Струмица. Дали тоа значи кој ке победи во Струмица всушност и ги добива изборите?

Ако победи ВМРО ДПМНЕ ке биде голем удар за СДСМ, речиси ке докажат дека Заев е криминалец и дека народот не верува во него. Рејтингот на СДСМ ке падне на многу ниско ниво, и пониско од ова и шо е сега.

Ако победи СДСМ пак ке докаже на ВМРО ДПМНЕ дека народот го сака на Заев, и дека нема да се оддалечи од битката за власт со нив. Дека ке настојуваат да ја вратат довербата кај народот.

Мое размислување е дека ке биде најголема битка овде, најголема желба за победа имаат овде и двете партии. Се надевам дека ке нема пукање , како шо имаше на претседателските избори кога победи Борис Трајковски (RIP). Но, струмичката чаршија озборува за вакви работи.:toe:
 
Татко ми тогаш беше претседател на изборна комисија, па оние (бандитите) со црните коли, на пат кон собранието кога ги носеа гласовите ги сопреа на членовите на изборната комисија, ја унаказија колата со палки и избегаа. Убаво искуство, ептен.

Инаку дефинитивно борбата е највеќе за Струмица, се осеќа години наназад. Веќе во ромската мала беа поделени 4 тона брашно уште пред 2 недели, па сега видете.
 
Татко ми тогаш беше претседател на изборна комисија, па оние со црните коли и сл. на пат кон собранието кога ги носеа гласовите ги сопреа членовите на изборната комисија, ја унаказија колата со палки и избегаа. Убаво искуство, ептен.

Инаку дефинитивно борбата е највеќе за Струмица, се осеќа години наназад. Веќе во ромската мала беа поделени 4 тона брашно уште пред 2 недели, па сега видете.

Тогаш, по кажувања на луѓе кои биле присутни, едните (СДСМ) беа од Кочани, а другите (ВМРО-ДПМНЕ) од Скопје...
Само битката се одигра на неутрален терен т.е. ѓупското маало во Струмица...
Таму гласовите ги добива кој ќе даде повеќе...годинава, ќе видиме кој повеќе ќе се испушти.
Не верувам дека ќе има годинава инциденти, пред се, многу притисок однадвор, а и свеста е малце подруга сега, а и притисоците се на друго ниво сега.
 
Се дели и зејтин бидејќи тој е така помрсен па полесно ке им влезе на оние што ќе гласаат... :pos: :pos:
Таа година кога се пукаше во Ѓупската маале бев и јас таму,се затекнав случајно и глетката не беше добра ама што да правам кога има будали да се тепаат за туѓи интереси...
Во последните години битката стално се води за Струмица,не знам зошто овој град е толку важен за двете партии,дали овсде може лесно да се краде или пак има и нешто друго? :raz:
 
Што ќе беше навистина ова со Струмица, дали инат си водат ради Зајко или кој знае што е ?
Ај кажете Струмичани зошто толку ве љубат ова политичариве ради жените или ?
 
Има нешто и со сексот поврзано,многу е полесно да ебеш во здрав мозок 40.000 илјади Струмичани од колку една жена...:sekss:
 
Тогаш, по кажувања на луѓе кои биле присутни, едните (СДСМ) беа од Кочани, а другите (ВМРО-ДПМНЕ) од Скопје...
Само битката се одигра на неутрален терен т.е. ѓупското маало во Струмица...
Таму гласовите ги добива кој ќе даде повеќе...годинава, ќе видиме кој повеќе ќе се испушти.
Не верувам дека ќе има годинава инциденти, пред се, многу притисок однадвор, а и свеста е малце подруга сега, а и притисоците се на друго ниво сега.

Ti epten opstimist neshto. Chul te Gospod :pop:
 
Па и треба да бидеме оптимисти. Не сакам да бидам сведок на уште едно пукање низ градот, нејкам ни да живеам во град дека шо се пука. А и за државата и за оценките од Европа нема да е убаво такво нешто да има. А притисоци се повеке....:tapp:
 
Па да...!
Меѓународните солачи на памет само тоа го трубат и вршат притисоци...а и самите веќе сме свесни (барем тука ние) дека на избори се оди само со лична карта.
А, искрено, во Струмица секогаш имало „скандинавски“ избори, освен таа пресметка тогаш...
 
Струмица има доста природни ресурси... од секаков тип! :smir:
 
Струмица - главен "трофеј" на изборите.

Јас мислам така. Ги гледам програмите за митинзи на двете најголеми партии и гледам завршните митинзи се во Струмица. Дали тоа значи кој ке победи во Струмица всушност и ги добива изборите?

Ако победи ВМРО ДПМНЕ ке биде голем удар за СДСМ, речиси ке докажат дека Заев е криминалец и дека народот не верува во него. Рејтингот на СДСМ ке падне на многу ниско ниво, и пониско од ова и шо е сега.

Ако победи СДСМ пак ке докаже на ВМРО ДПМНЕ дека народот го сака на Заев, и дека нема да се оддалечи од битката за власт со нив. Дека ке настојуваат да ја вратат довербата кај народот.

Мое размислување е дека ке биде најголема битка овде, најголема желба за победа имаат овде и двете партии. Се надевам дека ке нема пукање , како шо имаше на претседателските избори кога победи Борис Трајковски (RIP). Но, струмичката чаршија озборува за вакви работи.:toe:

Нема врска дека кој ја добива Струмица, ги добива и изборите.
Можно е Заев да победи, но ВМРО ДПМНЕ да победи во Советот на Општината.

А Зајако нема да догура подалеку од селки кмет, зошто аболицијата значи ослободување од кривично гонење кога за осомничениот има основани докази дека е виновен, и не може да настане голем пресврт при судскиот процес, но поради и интерес на државата се помилува осомничениот...јасно станува дека политичката кариера на Зајакот е готова.

Ја грееше фотелјата на БЦ и ќе го шутнат. Убаво БЦ му го смести, Зајако испадна прав Зајак Наивко:sekss:
 
Па на Вмро завршниот митинг секогаш е во Струмица:helou: тоа кој ќе победи во Струмица ги добива изборите не држи баш вода....
 
Струмица не е „ГЛАВЕН ТРОФЕЈ„ туку единствена надеж за СДС, размислете што ќе се деси ако Заев таму изгуби...Пред некој ден на интервјуто и самиот рече дека за него не постои план „Б„...
Мислам дека Струмичани ја имат приликата да ја спасат Македонија од злото наречено СДС, и можеби да го отворат патот на некоја нова „здрава„ опозиција....
 
Струмица е последниот бастион на СДС, па ако и тој падне во вмровски раце, тешко им се пишува на СДС, ќе крахираат и официјално, "на свој терен".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom