Предавства!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Предавството е болно за секој Македонец и слаба точка...Народот од осамостојувањето до денес се дели меѓусебе за тоа кој во историјата бил предавник, и упорно се докажуваат едни над други која е правата вистина кога пред очи и во вистинско време не гледаат што им се случува...

Ги предадоа Македонците 1993
Ги предадоа и во 1995
Ги предадоа во 1997
Ги предадоа во 1999
Ги предадоа во 2001

Оттогаш навака нема опоравување и предавството станува се поголемо и поболно.

Вака беше тоа 2004 во Струга:


Убаво рече Гарфилд...Додека не се случи НАРОД, од ова не бидува Македонија...може само бледа копија да биде, се додека народецот за свои водачи става веќе докажани предавници.

Кога предавник ве води, и вие сте предавник.

Додека не се случи лавина НАРОД, овој лав се одделува од глутницата.

Продолжете со предавствата.
 
Убаво рече Гарфилд...Додека не се случи НАРОД, од ова не бидува Македонија


Точно,затоа Груевски бега од Струга.Ама кај и да е ќе го стигни службата.

Кога предавник ве води, и вие сте предавник.


Доколку ја употребиме твојата методологија значи тоа дека цело ДПМНЕ и Груевски вклучуваќи те и тебе се класифицирате како предавници.
 
Од тебе не ни очекував нешто поарно. Толку ти перцепира мозокот.
 
bravo za videoto trn vo oko taka treba za predavnici komunisticki ne sum vmrovec ama znam koj e predavnik koj ne :oeoeoe:a ti suiside messiah si:oftopic:
 
Овие ја имат предавано и предавано и предавано Македонија многу пати и редно е да им се пресуди.
А ти Суасидмалака стварно немаш појма од живооотот.
 
Од тебе не ни очекував нешто поарно. Толку ти перцепира мозокот.

Овие на видеово ко гласот на светлината да ги гледа човек.Исти се или да не се некој нивни претходници?

Видеото многу ме потресе....


Допрва ќе се тресат предавниците
 
Македонија на распетие

Република Македонија и македонскиот народ по седумнаесет години постоење во своја независна држава е на распетие, што и` се заканува по нејзиниот идентитет, име и натамошно опстојување. Логично е да се запрашаме зошто, што тргна толку наопаку во овие години на независност?

Всушност, тргна добро, но откако по првите парламентарни избори во 1990 г. со помош на трикови “државотворната” СДСМ и’ ја грабна власта на ВМРО-ДПМНЕ, ни се случи “преумната” СДСМ-овска политика на кукавичко, дефанзивно и неспособно водење на државата до работ на амбис.
Најголем политички успех на Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ во сенка, е што си стана претседател на државата, со мотото “по мене потоп”. Поточно, сè зад него е прав и пепел: уништена партија, речиси исчезната Македонија. И добро е што самиот си е единствен наследник за лидер на СДСМ зашто само така може да бидеме сигурни дека конечно и засекогаш Македонците ќе се спасат од една партија на празноглавци кои со оскудни знаења, дилетантизам, фолиранство и улично мангупство ја доведоа земјата во најголема можна опасност за нејзиното опстојување. Одлично е што Црвенковски се враќа за лидер на СДСМ зашто само тоа е гаранција дека на наредните избори СДСМ ќе се сведе на партија слична на ЛДП.

ФУЕРЕ ГИ ОБЛИКУВА ИЗЈАВИТЕ НА ЦРВЕНКОВСКИ

Црвенковски и СДСМ прават сè својот кукавичлак да им го наметнат како возвишен параметар на однесување на Македонците. Каква политика водеа и што, всушност, правеа нашите државотворци во изминатите осумнаесет години? Сега се гледа дека тоа биле “ситни душички” кои немале поим како да ја водат државата. И што е најинтересно, тој сојуз на домашни кукавици и надворешни агенти настојува и натаму да опстојува.
Во оваа смисла и европретставникот Ерван Фуере по илјадити пат ни дели лекции да не сме барале оправдување надвор за недобивање датум за ЕУ, а всушност не сме ги исполниле зададените домашни задачи, оти нивните бриселски принципи биле свети.
Па добро, навистина ли нè сметате за ретардирани г. Фуере? За какви принципи, какви си “бенчмаркери” говорите кога во ЕУ имате најмалку една земја која не почитува никакви малцински права и други земји кои станаа членки на ЕУ без никакви критериуми! И вие сакате да нè убедите дека Владата не работела добро оти изборите не биле демократски и брзо се донесувале закони? Барем еднаш бидете прецизен г. Фуере и кажете точно кој во државата правеше нереди на изборите или го блокираше во недоглед парламентот. И до кога мислите дека сите во Македонија треба да бидат заложници на албанските политички партии или на СДСМ?
Ерван Фуере (не му е првпат), всушност само ì даде обланда на изјавата на Црвенковски дека премиерот Никола Груевски однапред создавал клима дека нема да добиеме датум за ЕУ и за тоа ја обвинувал Грција, наместо да се сврти кон дома.

ЗА 25 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГО СМЕНИЈА УСТАВОТ

Но, еве, да го послушаме г. Фуере дека проблемот е внатре и да видиме зошто во изминатите осумнаесет години Македонија, и покрај успешниот Црвенковски, не само што е неуспешна приказна туку е на добар пат да биде дефинитивно разнебитена!

Познато е дека на почетокот на јануари 1992 г. арбитражната комисија на Бадентер оцени дека само Словенија и Македонија ги исполнуваат условите за признавање од страна на ЕУ. Но, на 15 јануари во Луксембург, ЕУ ги призна Словенија и Хрватска, наместо заслужната Македонија поради ветото на Грција. Што, всушност, се случи за да дојде до таква драстична промена на ставот во ЕУ за само неколку дена и дали Грција имаше толкава моќ врз сите членки? Се разбира, не.

По референдумот за независност од 8 септември 1991г. на сцената во Македонија се појави Џорџ Сорос, а тогашниот СДСМ и претседателот Киро Глигоров широко му ги отворија вратите. Во јануари 1992 г., наместо европско признавање, “спасителот” на Македонија, Џорџ Сорос, типично цинички во Скопје ì нудеше цели 25 милиони долари кредит како помош. Опозицијата со Љубчо Георгиевски се противеше на таквата помош, но државотворниот СДСМ за 25 милиони долари и на барање и јавна препорака на Сорос го променија знамето, се откажаа од македонското малцинство, го сменија Уставот и во 1995 г. се согласија да почнат преговори со Грција за името. Сорос, кој секогаш беше во земјава во важните моменти, уште тогаш предлагаше да си го смениме името во “Славо-Македонија”. За Сорос, Македонија отсекогаш била вештачки создадена, без историја и вистинска култура. Да не заборавиме дека во 1995 г. Сорос се залагаше за сосема идентична агенда за Албанците како онаа на ОНА од 2001 г. Црвенковски, всушност, и влезе во коалиционата влада на Георгиевски за да ја исполни агендата на Сорос за “отворено општество” со што Македонците се откажаа од својата држава. Инаку, сеприсутниот Сорос на крајот на 1991 г. незаконски, само со амин на власта на СДСМ, го создаде т.н. Институт отворено општество, што стана идеолошки нервен центар на власта на Глигоров и на СДСМ.

ПОЛИТИЧКАТА УЛОГА НА ЏОРЏ СОРОС

Јавна тајна во светот е дека Џорџ Сорос како агент на британската империјална политика е насекаде каде што треба да дојде до наметнување на нивниот нов светски поредок. Неговите пипци ќе ги најдете во нарко-картелите во Јужна Америка, источноевропските земји, на Азискиот континент, во сите кадифени, портокалови, розови и така натака револуции во банана-државичките околу Русија, како што е случај и со последниот напад на Грузија врз Јужна Осетија. Со почетокот на југословенските војни, Сорос пумпаше милиони долари во регионот, па така и во Хрватска беа дадени 15 милиони долари. Но, хрватскиот претседател Фрањо Туѓман во декември 1996 г. се одважи изјавувајќи: “Сорос организациите целосно се имаат инфилтрирано во структурите на општеството. Преку финансиска поддршка тие заробуваат во членство од сите возрасти и категории, од средношколци до новинари, универзитетски професори и академици, од сите сфери на културата, економијата, науката, здравството, правосудството и литературата. Тие отворено велат дека нивна цел е да ја сменат структурата преку донации, да создадат поволни услови за субверзија на ситуацијата во Хрватска, да се здобијат со контрола во сите сфери од животот, имаат намера да ја фокусираат својата енергија и влијание врз медиумите и културата”.

Уште пострашно дејствуваше Сорос во Македонија, но нашите СДСМ-овски политичари, замислувајќи се за големи дипломати, молчеа и ја исполнуваа неговата агенда. Дури кога Сорос побара да си го смениме името во “Славо-Македонија”, во септември 1995 г. провладиниот весник Нова Македонија напиша за антимакедонските ставови на Џорџ Сорос. И не е ни чудо што Нова Македонија мораше да исчезне, по истиот рецепт треба да исчезне и Македонската радио-телевизија, зашто според концептот на Сорос треба да биде уништено сè што значи постоење на македонски идентитет и континуитет.
Тоа, всушност, го правеше Сорос сиве овие години со поддршка на СДСМ кој ја одработува британско-грчката агенда за бришење на Македонија. Ни остана уште името и идентитетот, а пропаднатите СДСМ-овски политичари и нивните квазиинтелектуални и медиумски извршители и натаму нè убедуваат дека треба да си го смениме личниот опис. Оти, според овие преумни глави, само така можело да опстоиме. Божем може да постоиш, а да те нема?! Ним им пречи што премиерот Груевски се одважил, имал смелост и македонски концепт, да ги запознае релевантните светски лидери со неправдата што историски им е направена на Македонците и што тоа дава резултат!?

Со оглед на тоа што Џорџ Сорос, поточно британската империјална фракција е политички и финансиски кум на Барак Обама како американски претседателски кандидат, станува јасна поддршката на Обама за Грција. Иако победата на републиканците е поопиплива, Македонија всушност нема на што многу да се надева. Затоа, под итно Владата треба да ги напушти бесмислените преговори за името и да се излезе од стапицата во која нè втурна СДСМ. Преговори за име и идентитет на еден народ се будалеста работа на која треба да и се стави крај. А имајќи предвид дека станува збор за нас, ние треба да кажеме - стоп, за нашето име и идентитет не преговараме со никого. Тоа сме што сме. Едновремено, добро е Владата да продолжи со активностите за интернационализирање на прашањето за правата на Македонците во соседните земји и за имотните права на Македонците кои беа сурово изгонети од своите огништа во Егејска Македонија. Патем, ЕУ и НАТО се минлив миг, а нашето македонско име и идентитет се отсекогаш и засекогаш.
http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=5431
 
Точно,затоа Груевски бега од Струга.Ама кај и да е ќе го стигни службата.




Доколку ја употребиме твојата методологија значи тоа дека цело ДПМНЕ и Груевски вклучуваќи те и тебе се класифицирате како предавници.

Овие на видеово ко гласот на светлината да ги гледа човек.Исти се или да не се некој нивни претходници?




Допрва ќе се тресат предавниците


Навистина ми е жал за тебе.
Не постои кантар за да ја измери твојата глупост...ма не си ни глуп, бетер си, очаен, слеп при очи, заслепен од директиви и партии...
Бог нека ни е на помош од таквите како тебе...советнику...
 
трнче, јас просто се питам дека е разликата помеѓу горенаведените предавници и новите предавници што се токмат за претседател. :pos2:

http://a1.com.mk/vesti/video-player.asp?Video=09%2Fvmro%2Doh%2D02%2D03%2Ewmv&VestID=105180

џоле уште недојден на власт си кажа дека ќе оди да го пуши кај соседите да му дадат и нему малце пари. Народе :sekss:
 
СДСМ научи нешто од Струга и новата територијална поделба ?
 
знаеш што имаше интервју со еден аналитичар на Алфа,типов кажа многу вистини во врска со кризата и со името знаеш што кажа во врска со целава ситуација за името:
Работата е мачката на дрвото,на дрвото се качила мачка и не може да се симне и треба пожарникар да се симне
Целава работа вшусност е дека Вмро целиот свој рејтинг и владеачката партија на грција што го имаат се должи на национализам и популизам и сите проблеми ги заташкува со тоа што збори дека проблемот со името ни го загрозува индетитетот,и сеа се качија толку високо што не можат да се симнат кој и да прифати компромис губи кај гласачите,треба некој да ги принуди да се симнат(ЕУ;америка)

друг проблем ние што ние сме несигурни и не знаеме кој сме па затоа,толку сме запнале на името(а нашиов премиер го користи тоа ),доколку ние бевме сигурни кои сме и што сме и да не викаа монголија ние ќе ни беше исто затоа што знаеме кои сме и сигурни сме во тоа и никој не може да ни го одземе тоа.

Трета работа :Доколку го смениме само името(значи само името )во Северна македонија тоа значи дека има македонија,значи дека има и јужна и северна Македонија и не сваќам што се дига толку прашина ебаго,

Четврта работа што ја кажа: Ние треба да го решиме рпоблемот со името што е можно побрзо бидејќи Албанице има да ни загорчат животот,Албанија иде напре заедно со себе го влече и косово,А на албанците не им е важно тоа прашање ним им е важен напредокот и просперитетот(кој го нема )

5.избори се ближат,избори се ближат,Да не ви кажа фирерот грујо не ви кажа за сите неуспеси и проблеми да ги обвинувате сдсм?
 
се е така марсовка како што кажа.
Еве и овие нацисти шо се на власт немаат муда да ги прекинат „преговорите„ или не сакаат. Ни овие ни оние не решаваат проблеми. Само развлекуваат и создаваат нови. Така било и ќе си остане се дур овците мирно си пасат во стадото :)
 
Целава работа вшусност е дека Вмро целиот свој рејтинг и владеачката партија на грција што го имаат се должи на национализам и популизам и сите проблеми ги заташкува со тоа што збори дека проблемот со името ни го загрозува индетитетот

Во недостаток на подобра опција-кога гледа дека нема фајде од никого во економски смисол, народ се фаќа за нешто-националистичко, но наводно опипливо, божемно нешто во однос на ништото. Лошо е што народ се пали на се и сешто, лесно се манипулира со реклами, 8 миљарди, медиуми, визи, харизми... но тоа е-маѓепсани. А национализам ли, нацизам ли, успева кај осиромашен народ, опкружен со ајкули, несигурен за својата економска и политичка иднина... несигурен за ништо.

друг проблем ние што ние сме несигурни и не знаеме кој сме па затоа,толку сме запнале на името(а нашиов премиер го користи тоа ),доколку ние бевме сигурни кои сме и што сме и да не викаа монголија ние ќе ни беше исто затоа што знаеме кои сме и сигурни сме во тоа и никој не може да ни го одземе тоа.
Во еднина реченицава добро би звучела, но во множина никако. Можеби некој не знае што е и кој е, но повеќемината-грото македонци знаат македонци се, што друго.
 
Трета работа :Доколку го смениме само името(значи само името )во Северна македонија тоа значи дека има македонија,значи дека има и јужна и северна Македонија и не сваќам што се дига толку прашина ебаго,
Тоа би значело дека постојат и Северно Македонци, а такви мислам дека реално не постојат, нели ?
 
Тоа би значело дека постојат и Северно Македонци, а такви мислам дека реално не постојат, нели ?
не тоа би значело дека македонија е поделена на два дела ........а не дека сме северно македонци :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom