- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Ова е став практично на 95% од луѓето. Ќе функционираш како bad ass, додека не видиш дека некој не се однесува со тебе добро. И тоа секогаш ме потсетува на принципот по кој ги каневме другарчињата во основно. Не го викам Кристијан, он ме викна мене кога му беше роденден?! :nesum:Што е тоа добар можеме да разговараме до миле воље. Генерално сите имаат смисла во глава што е добар човек а што не. Нормално таа дефиниција осцилира ама има и своја да речам генерално прифатена основа. Исто ко што ќебапите во Дестан се генерално прифатени како добри, (нормално е да се најде и некој тук там што ќе каже дека не се). Ете тоа е добар at least for the sake of this argument.
Луѓето за задоволување на лични цели и интереси по линија на помал отпор секако дека ќе се осврнат кон оние добрите за да ги искористат под а или што е пострашно да ги злоупотребат под. Во Бурекџилница да влезеш со пријатна насмевка и добар тон ќе ти увалат бурек од тој од вчера а камо ли друго. Ако влезеш смрштен и нерасположен, им наметнуваш психологија-дај добро да го услужиме за да немаме проблеми. Колку пати само кружел муабетов-Абе да не мрчи нешто Перо што ние ќе направиме вака и вака. Не бе што се секираш добар е Перо нема да се љути. Ако Перо бил потерсене тие немале ни да помислат да превземат акција што е на потенцијална негова штета. Е сега има луѓе од мајка родени, што знаат да ја ценат твојата добротел ако не со реципроцитет барем со благодарност. Тука е коцката, кој каков е, и дали вреди да се биде добар спрема тој и тој, таа и таа. Со неутрална позиција може нема да добиеш 100% меродавен одговор на горното ама ќе имаш троа почиста слика за како стојат работите и да одговориш на прашањето на темата. Пак ќе кажам не мора да значи дека сигурно нема да промашиш или да се заебеш, ама барем оваа верзија е поразумна, смислена и анализирана одколку од старт да си добар.
Да не бидам сега лудак, и јас сум горе долу со став дека не секому треба да му се довери ставот “све је моје твоје“ но принципот на одбирање на среќниците мислам дека треба да се поедностави. Да се биде добар со луѓето кои ни се блиски, а како што напиша Кварк, некоја чиста неутралност со странците и познаниците, бидејќи нив и онака не можеш ниту да им наштетиш ниту да им угодиш. Ако дојде до таа ситуаија веќе сме блиски нели? :smir:
Ова е дел со кој апсолутно се сложувам но, ми се чини дека луѓето ова воопшто не можат да го перцепираат во кој правец го кажуваш.ada напиша:Исто, убедена сум дека кога ќе ги увидиш мотивите на другиот реално, онда се помалку осеќаш гнев, бес и понижување. А, тоа е дефакто состојба која дава леснотија. Можноста да разбереш и прифатиш.
За да го доловам моментот, оној што чита би го замолил да замисли еден рандом лик од холивудски филм кој игра улога на спиритуалистички гуру кој во еден момент е amused од глупостите кои ги прави главниот јунак. Насмевката која тој ја покажува (ако замислуваме исто) вели “те разбирам, го очекувам тоа од тебе бидејќи си само несовршен, но затоа учи од мене и размислувај мудро заедно со мене за да го видиш она кое јас го гледам а ти не“.
(Реченицава :nesvest: )
Би сакал да можам секогаш кога ќе ме повредат да вратам со искрена прегратка, но не онаква за да покажам дека сум голем и знам да пуштам некој да се радува во својата залуденост, туку искрено да го разберам и прифатам. Досега успевам само да разберам, но малку ми оди тешко со прифаќањето.
Кога некој ни прави нешто злобно, се дистанцираме, бидејќи таа битка не може да се добие. Суси, во бурекџилницата со таков однос одиш еднаш, а оние кои велат Перо е добар, нема да се лути, се сомневам дека постојано ќе го малтретираат, а и доколку го прават тоа, значи дека на Перо му се допаѓа.
Имав еден таков пример, и го прашав момчето, зошто одиш со нив ако те навредуваат. Ми рече “зошто ми се допаѓа нивното друштво и покрај тоа“.
Врската во која некој не сака да биде бидејќи девојката не му се допаѓа од икс причини, и сака да и раскине, не го прави тоа одреден период бидејќи има ипсилон секс. Оној кој нешто неможе да поднесе комплетно, и го смета како атак врз себе, не го држи околу себе. Добрите го заобиколуваат, лошите враќаат со лошо. А тоа е као We fight for peace. :nenene:
Не верувам дека некој добива ерекција на нашата нереакција. Глуфчето е храна додека бега, односно се бори за живот. Кога ќе застане, мачката се збунува. :helou:Cool Hand Luke напиша:Но тоа е само одмаздување према самото зло, Анкице. А што ќе правиме со сан оф а бич кој ќе се охрабри поради нашата нереакција?