Гледав дел од вчерашната емисија, баш оној дел за времената спогодба и името. Секогаш она што го слушам, се обидувам да го проверам, овде во постовите прочитав чудење каде пишува за тајните анекси за симболот на знамето и за положбата на малцинствата, и - нема ништо тајно.
Одете на страната на МНР -
www.mfa.gov.mk и ќе ја најдете привремента спогодба во целост.
Во член 6 , точка 2, втората страна (Македонија) се обврзува да направи амандман на член 49 од уставот, со што нема да се меша во внатрешните работи на првата страна(Гејлада), односно положбата на граѓаните на првата страна...
Во член 7, точка 2, со потпишување на оваа спогодба, Македонија се обврзува да престане да го користи симболот кој е на знамето во било каква форма и било каде...
Појасно, здравје...
Проблемот е што ништо не е скриено, но дали е прочитано...
Потпишана е спогодба со која се откажуваме од Македонците во Гејлада и се откажуваме од Македонското сонце -симболот на Македонија....
Не ни е крив никој што сме се одкажале од народот и симболите...
Мирка не кажа ништо ексклузивно, само потсети на некои работи...