Дојдов и на темава.
Ај да ви опишам еден мој омилен рецепт, со кромид. Како ми тргна со тоа кромидот у последно време
Потребни состојки:
- 10 главици Кромид
- 150-200 грама Грав
- 1 лажица Зачин
- 100-200 грама Домати
- 2 главици Лук
- 1 мала китка Магдонос
- 200мл Масло
- 50 грама Моркови
- 20 милилитри Оцет
- 1 мала лажица Црн пипер
Се надевам дека не заборавив нешто
Начин на подготовка:
Кромидот се чисти и се отсекуваат врвовите за околу 2-3 сантиметри (тоа не се фрла, како и ништо друго понатаму). Во зовриена вода во тенџере се додава оцетот, се реди кромидот внатре и се вари околу 15 минути. Исцедете ја врелата вода од тенџерето, па наполнете ја со ладна вода за кромидот да се излади побрзо. Кога ќе се излади кромидот, се вади од тенџерето и му се вади средишниот дел (не фрлај никако), а остануваат само 2-3 кори од надворешноста (кои треба да се полнат после).
Средишниот дел ситно исецкајте го и испржете го во тавичка со малку масло. Тука може да се додаде и изренданиот морков, гравчето (претходно треба да биде сварено), излупените домати исечкани на помали парчиња, лукчето, магдоносот и зачинот (веѓета), црн пипер се нанесува одозгора. Ова се пржи на тивок оган 15-тина минутки со динстање.
Со оваа смеса се полни внатрешноста на кромидот, и еден по еден се редат во огноотпорен сад, се попрскуваат со масло одозгора, малку вода се става за да не се залепат за садот и се печат во рерна 30-40 минути на температура од 200*С. На крајот, последните 10-тина минути од печењето, се додаваат отсечените врвови за и тие да се запечат малку.