Знаете дека вчера гледав емисија баш за оваа фабрика? :wink:
Англиски документарец, водителот отиде да научи како се вози по планини и како се прават егзибиции. Моделите се засновани на BMW R71, бидејќи тој модел најмногу одговарал за потребите на руската армија.
Интересна работа спомнаа, (не се сеќавам на точните бројки) компанијата има 800 вработени, а годишно произведува 400 мотори. Во истиот момент си помислив, значи еден работник во една година склопува половина мотор.

Немаше подвижни ленти, автоматизирано производство...само рачна работа.
Единствена мана од што забележав беше слабиот мотор. Иако имаат по 700 кубика, имаат мала коњажа, можеби 30 коњи. На стрмни угорници не можеа да се искачат ако има човек во приколката. Инаку за офроуд возење им нема равен, кал, песок, земја, дрва...вози нема гајле.
Дури имаше место да се стави шмајзер на приколката за патрола!