Раководството на Валенсија изјави дека е подготвено да се откаже од својот најдобар голгетер Давид Виља ако до клубот дојде добра понуда за негов трансфер. Виља досега беше интересен за неколку познати европски клубови, меѓу кои најупорен беше Манчестер Сити, но Валенсија не сакаше да слушне за негова продажба.
"Ние сме расположени да ја разгледаме секоја добра понуда иако намерата не ни е да ги продаваме своите најдобри фудбалери. Понудата за нив би морала да биде исклучително висока", изјави потпретседателот на Валенсија, Фернандо Гомес Коломер.
Освен Виља, раководството на шпанскиот прволигаш е расположен да се раздели и со втората ѕвезда на тимот, Дави Силва за кого одамна постои интерес од Барселона и уште некои англиски клубови, но и Јувентус. Силва и Виља во последните две сезони се носители на играта на Валенсија, но Силва во последните месеци беше повреден и не играше за својот тим.
Dane znae nekoj Juve koga igra prijatelska ?