Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.291
Станкович, Бобан, Савичевиќ, Шукер .......
Зашто да си го потцениме и нашиот у старт ??
Aj oд искуство, ти ко фан на Милан од страна ги глеаш Интер, што очекуеш од Пандев у Интер, просперитет ? Гарантирам дека 99.9% сте со ставот дека таму Пандев ке биде упропастен, јас не дека го потценувам, али од поранешните искуства удирам на претпоставка дека ке се изгуби во овој клуб, мада сеедно ке ми е, Интер ко тим нема ништо да изгуби ради начинот на кој '' инвестирале '' во него, он ке изгуби.

А дека класи се во прашање со Кавани, не би рекол, детево на 22 години ке игра на СП, во Италија у сезона дава над 10 голови и му престои одлична иднина, ако доаѓа у Интер доаѓа најмногу по желба на Мурињо што за мене е доволно, више го научи калчо фудбалот и тешко дека ке ја видиме грешката која ја направи со Мансини и Кварезма у оној негов анемикус од 443 систем.

Нејсе, споредуеме класичен напаѓач со полушпиц, не иде тоа :), ja глеам од аспект на играчки кадар Интер од кого би имал поголем ќар и сметам дека тоа ке да е Кавани, па у моментов, по незнам колку години они у напад немаат играч кој знае да игра со глава и е силен во дуел игра.

А со Пандев, сеедно, Интер тука ништо ама баш ништо не губи ако го доведе, ако некој може да изгуби тоа е Пандев, зашто реално, уз Милито, Ето и Балотели светлосни години е далеку од загарантиран првотимски статус, факат. :wink:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.901
Поени од реакции
23.296
А дека класи се во прашање со Кавани, не би рекол, детево на 22 години ке игра на СП, во Италија у сезона дава над 10 голови и му престои одлична иднина, ако доаѓа у Интер доаѓа најмногу по желба на Мурињо што за мене е доволно, више го научи калчо фудбалот и тешко дека ке ја видиме грешката која ја направи со Мансини и Кварезма у оној негов анемикус од 443 систем.
:wink:

Само овој дел го цитирав пошто за другото и ја се слажем, Пандев ќе грее на клупа, но ако се покаже у Јануар добар зашто да не игра и прв тим.

Е сеа за ова горе. Ќе игра на светско т.е ќе седи на клупа, ја колку што сум ги глеал Уругвај прв тим се Форлан и Суарез во нападот.

Друго тоа не е никакво мерило пошто уругвај покрај гореспоменативе двајца ги има уште Годин, Касерес и компанија и има поквалитетна репрезентација од нашата, значи тоа нема врска со нивната споредба

Досега у 3 сезони во Палермо дал 22 гола, што и не е многу импресивно.
Пандев знаеш колку има дадено иако не е класичен напаѓач.

И на крај зарем Мур нема згрешено транфер, па ако он бара некој играч готово, тој играч е најбољи у свет ??

Али нвм муабетов нема крај, на крај краев и ствар укуса је :icon_lol:
Земите го вие Кавани, а Пандев нека дојде у Милан и на крај сезона ќе праемо муабет :smir:
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
714
Syn, батали Кавањи... Нит ќе го продадат зимава, а ако се деси такво нешто нема теорија да биде за 10 милиони.
Е сега, Кавањи бил подобар од Пандев... остај и таа работа. Кавањи има осетено само Италијанско првенство, Евро купови мало морген... (на ЛШ алудирам)
Друг битен момент е тоа дека типов е “ѕвер“ т.е. е напаѓач кој е цврст и се гради итд итд... Абе како не... Балотели за него е СТУБ. Нека игра балотели ко класичен напаѓач т.е. на позиција на Ибра, а нека е Пандев со Снајдер/Ето позади него. Значи, нека е Балотели у 16ик и нека прима топки, па да видиш игра со глава, градење... Балотели има потенцијал за такво нешто повеќе од огромен. Таква му е самата конституција. Марио е баш по стилот на Мурињо напаѓач т.е. ги има потребните предиспозиции. А збориме за дете на 19 години, така да...
Моето мислење си е да си дојде Пандев зимава, вакви напаѓачи ко Амаури не ни требаат, макар имал 22... Кошта овој, поприлично... Нека ги зимаат Милан и Јуве таквите. И Џеко нека го земат, ПАвличенко, Ибишевиќ... Се е тоа за палење. :)
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
А за Пандев, до сега во кариера нема играно за тим со амбиција највисок дострел, прашање е како ке се уклопи во истиот знаејќи го лузерскиот ментатлитет на балканциве у вакви екипи, се губат ко циган у Веро.
Па Палермо е далеку од тим за висок дострел.

Пандев е играч кој има остенето големи натпревари, нешто што неможе да се каже за Кавани. Играчот е добар, но добар за Палермо. Суазо е типичен пример за играч кој е добар во мал тим, а во голем се губи.

Пандев башка го зимаме за скоро ич пари, може да игра на три позиции во нападот, има италјански пасош и може да игра за ЛШ. Дел од ова може да се каже и за Кавани но каде каде Пандев има поголема репутација од Кавани во Италија па и пошироко. :wink:

И патем читајте што пишува тутоспорт. :tapp:

http://goal.com/en/news/10/italy/2009/12/15/1688313/inter-coach-jose-mourinho-faces-one-month-ban-sack-for

Морати ке го бркал Мурињо поради инцидентот со новинарот.

Дај нека го олабават Мурињо малце и нека погледнат што е со тренерот на тимот кој го фаворизираат.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95

И во Италија се погласни се шпекулациите дека ова е последна сезона на Мурињо во Интер...

како негов наследник најчесто се споменува Лорен Блан од Бордо кој мал дел од кариерата и го помина во дресот на Интер...

Иначе разбирливо од Морати. 11 милиони евра за тренер кој ти носи само скудето не вреди (Манчини со 3 пати помала плата го освојуваше) :wink:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.291
Oк нека биде Пандев, знаете и сами дека тоа е играч кој мора да има загарантиран првотимски статус, во Интер тоа ке го нема колку и да изигравате менаџери со правење на тактики, тоа е едно, а кога ке ги погледнете последниве 10 години на Интер со играчи од нападот, ова е една од ретките сезони кога се нема играч напред кој е добар во дуел игра, игра со глава т.е. нешто налик на Ибра и Дрогба по конституција, или Бобо Виери, ова не само што е реткост за Интер, реткост е и за Мурињо.

Ако Кавани стванро би ги чинел измеѓу 10 и 15 м евра, ондак око не треба да им трепне, за Пандев само ке се повторувам, нека дое најмногу ради начинот на кој ке се инвестира у него, иначе дека има светла играчка кариера во Интер уз ваква конкуренција тешко, осетил игра у Лацио каде на клупа го имаа Маури и брат му на Инзаги, тука приказната е друга, најдете било кој форум за Интер ке видите дека сите го сметаат за 4та замена, и ја го сметам за 4та замена, пред него без размислување ги ставам Ето, Балотели и Милито.

Или удрете на ваква ситуација, дали ке бевте за носење на Пандев доколку чинеше 15 - 20 милиони евра колку што бараше Лотито кога дечкото не беше при крај на договор ?! :wink:
90% од фановите на Интер одговараат со едно големо НЕ, налед тоа што е македонец, бар у Лацио од 38 средби до лани играше на 34, тука упола ке игра, со оглед на тоа дека Балотели ке биде форсиран во иднина и ке биде нумеро уно у напад за 2-3 сезони .

А она за Тутоспорт, сериозни сте ? Лани сличен инцидент имаше во ЛШ по мечот со Јунајтед па никому ништо, остајте ги Тутоспорт, минатата недела им беше пеколна, пишуваа за елиминацијата на нивниот тим од ЛШ, пишуваа за хаосот во Бари, вчера ги поготи затворската казна на нивниот бивши директор, 3 години ке дели келија со '' месарoт '' од Римини, удираат на фантазии.

п.с. Друга работа, што ке се случеше доколку Балотели добиеше црвен на начин на кој истиот го доби Снајдер ? М ? Факат, не е фер третманот кон Супер Марио колку и да го негирате тоа. :wink:

И во Италија се погласни се шпекулациите дека ова е последна сезона на Мурињо во Интер...

како негов наследник најчесто се споменува Лорен Блан од Бордо кој мал дел од кариерата и го помина во дресот на Интер...

Иначе разбирливо од Морати. 11 милиони евра за тренер кој ти носи само скудето не вреди (Манчини со 3 пати помала плата го освојуваше) :wink:
На големо се зборуваше и лани за недоразбирања тренер - управа па Мурињо го продолжи договорот за плус уште една година.
И уз здрав памет, со оглед дека си навикнат во моментов да гледаш лузери како го водат твојот клуб, толку си убеден дека доколку Мур го донесе повторно скудетото во Милано и има прогрес во ЛШ ке биде отпуштен ? Толку си убеден дека тренер со шампионски менталитет туку така ке биде тргнат од тим иако освоил титула а притоа има прескап договор кој ке треба да му се исплаќа и тимот да губи пари ?
Немој жити сфе со такви фантазии и ти, не се тука Секо и Блан, Јувеспорт блада 2 сезони уназад, не за џабе новинарите им беа тепани на Меаца од ултрасите на Интер.

И признај, се би дал место Раниери овој човек да ви го водеше клубот. :wink:
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
И во Италија се погласни се шпекулациите дека ова е последна сезона на Мурињо во Интер...

како негов наследник најчесто се споменува Лорен Блан од Бордо кој мал дел од кариерата и го помина во дресот на Интер...

Иначе разбирливо од Морати. 11 милиони евра за тренер кој ти носи само скудето не вреди (Манчини со 3 пати помала плата го освојуваше) :wink:
Попричично прастара дамо изгледа ти преголем комплекс имаш набиено од Мурињо или така ми се чини :)

На Лорен Блан топ му е во Бордо,ја плеска цела Франција,исто како и Интер во Италија и сеуште ли не сфати дека Мурињо сето тоа го прави за да го тргне притисокот од фудбалерите,да не ги замараат со разно разни срања како што ги замараат вашите “звезди“ Диего и Мело,кој патем ете го се изгуби во ЈуБе...

btw Имам предлог ?!?!?!?!?

-Ни Кавани ни Пандев...врати се Виерииииии :):)
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
На големо се зборуваше и лани за недоразбирања тренер - управа па Мурињо го продолжи договорот за плус уште една година.
И уз здрав памет, со оглед дека си навикнат во моментов да гледаш лузери како го водат твојот клуб, толку си убеден дека доколку Мур го донесе повторно скудетото во Милано и има прогрес во ЛШ ке биде отпуштен ? Толку си убеден дека тренер со шампионски менталитет туку така ке биде тргнат од тим иако освоил титула а притоа има прескап договор кој ке треба да му се исплаќа и тимот да губи пари ?
Немој, Јувеспорт блада 2 сезони уназад, не за џабе новинарите им беа тепани на Меаца од ултрасите на Интер.

И признај, се би дал место Раниери овој човек да ви го водеше клубот. :wink:
Сега не знам шо ми објаснуваш безвезни работи кога јас само ти кажав шо се зборува... а тоа не е измислено од јувеспорт. Биди сигурен дека и Морати не е задоволен од Мурињо (со оглед на платата шо му ја дава). Како шо реков и Манчини го освојуваше скудетото со 3 пати помала плата и имаше многу поинаков третман него шо има Мурињо... И без Мурињо Интер лани ќе освоеше скудето , така да не го гледам него како клучна фигура за успесите на клубот...а шо е најбитно нема никаков напредок во играта него шо беше во времето на Манчини , дури и читав колумни на некои експерти според кои Интер играше подобро под водство на Манчини...(но сепак тоа е само човечко убедување)

Али мање битно да не должам повеќе пошо се сваќаш ко провокација

Муабетот ми беше Морати не е задоволен од Мурињо(и со право), а Блан е многу поекономична , а исто така одлична опција за клупата...

Попричично прастара дамо изгледа ти преголем комплекс имаш набиено од Мурињо или така ми се чини :)

На Лорен Блан топ му е во Бордо,ја плеска цела Франција,исто како и Интер во Италија и сеуште ли не сфати дека Мурињо сето тоа го прави за да го тргне притисокот од фудбалерите,да не ги замараат со разно разни срања како што ги замараат вашите “звезди“ Диего и Мело,кој патем ете го се изгуби во ЈуБе...
Искрено немам ништо лично против Мурињо , а одвратен ми е уште од времето кога беше во Челзи...

Само не ми е јасна оваа еуфорија кај вас во врска со него кога човекот не ве унапреди во никој поглед од кога дојде (не го сфаќај ова ко провокација , согледај ги реално работите и ќе дојдиш до ист заклучок)...и Манчини и Мурињо ја прават истата работа (освојуваат скудето) и стигнуваат до осмина-финале во ЛШ...:wink: само направи разлика каков третман има едниот а каков имаше другиот...

А утре ќе си замине па ќе дава изјави дека бил дел од историјата на Интер(како со зборуваше за Челзи) или дека Интер е мал клуб кој не е по негов вкус и дека него му треба поголем предизвик , па интересно ќе е тогаш да се читаат вашите реакции кои моментално го гледате како месија...
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Сега не знам шо ми објаснуваш безвезни работи кога јас само ти кажав шо се зборува... а тоа не е измислено од јувеспорт. Биди сигурен дека и Морати не е задоволен од Мурињо (со оглед на платата шо му ја дава). Како шо реков и Манчини го освојуваше скудетото со 3 пати помала плата и имаше многу поинаков третман него шо има Мурињо... И без Мурињо Интер лани ќе освоеше скудето , така да не го гледам него како клучна фигура за успесите на клубот...а шо е најбитно нема никаков напредок во играта него шо беше во времето на Манчини , дури и читав колумни на некои експерти според кои Интер играше подобро под водство на Манчини...(но сепак тоа е само човечко убедување)

Али мање битно да не должам повеќе пошо се сваќаш ко провокација

Муабетот ми беше Морати не е задоволен од Мурињо(и со право), а Блан е многу поекономична , а исто така одлична опција за клупата...

Искрено немам ништо лично против Мурињо , а одвратен ми е уште од времето кога беше во Челзи...

Само не ми е јасна оваа еуфорија кај вас во врска со него кога човекот не ве унапреди во никој поглед од кога дојде (не го сфаќај ова ко провокација , согледај ги реално работите и ќе дојдиш до ист заклучок)...и Манчини и Мурињо ја прават истата работа (освојуваат скудето) и стигнуваат до осмина-финале во ЛШ...:wink: само направи разлика каков третман има едниот а каков имаше другиот...

А утре ќе си замине па ќе дава изјави дека бил дел од историјата на Интер(како со зборуваше за Челзи) или дека Интер е мал клуб кој не е по негов вкус и дека него му треба поголем предизвик , па интересно ќе е тогаш да се читаат вашите реакции кои го гледате како месија...
Значи вака сеа...првиот пост,во времето на Манчини немавме плеј,се играше на тоа нека ја рогне топката голманот и ке ја гњавиме топката додека не влезе во гол,се играше преку Ибра се,тој беше и среден ред и напад,повеке од пола голови за Интер ги даде тој,тоа во времето на Манчини.
Дојде Мурињо се доведе плеј,се доведоа топ засилувања кој уште од првата сезона ги оправдуваат парите што се дадени за нив,тоа е факт !!

Манчини по поразот од Ливерпул демек даде отказ од Интер,за по некој ден да ја повлече таа одлука и да остане во Интер,не застануваше на страна на фудбалерите,додека кај Мурињо е обратното,пажњата ја фрла на него за фудбалерите да не чуствуваат притисок.Ти верувај си на Тутоспорт или на кој и да е,ама уклучи малку логиката,Мурињо нема шанса да си оди од Интер,барем не сега пошо во Италија има солидна предност пред “конкурентите“ има најак состав во Интер во последните 10 години,па ке гура до крај,едноставно таков е Мурињо не се откажува толку лесно човекот :wink:

Вториот пост...викаш не не унапредил никако од кога дојде ?
-Човече ти или ги немаш земано лековите или не знам што ти е (не го сфакај ова како провокација) ајде кажи како не не унапреди,да видам што ке кажеш...сменет системот на игра е,далеку подобра игра е оваа сега отколку во времето на Манчини,согледај малку реално :wink:
Само што мака се мачи со повредите,но зимава се носат уште неколку засилувања,непотребните ауфидерзен и ке збориме за ова втората полузезона...

Мурињо за мене е најдобар тренер на свет,уште од времето кога беше во Порто и Челзи,не за џабе Сер Алекс Фергусон го прогласи за негов наследник :wink:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.291
Сега не знам шо ми објаснуваш безвезни работи кога јас само ти кажав шо се зборува... а тоа не е измислено од јувеспорт. Биди сигурен дека и Морати не е задоволен од Мурињо (со оглед на платата шо му ја дава). Како шо реков и Манчини го освојуваше скудетото со 3 пати помала плата и имаше многу поинаков третман него шо има Мурињо... И без Мурињо Интер лани ќе освоеше скудето , така да не го гледам него како клучна фигура за успесите на клубот...а шо е најбитно нема никаков напредок во играта него шо беше во времето на Манчини , дури и читав колумни на некои експерти според кои Интер играше подобро под водство на Манчини...

Али мање битно да не должам повеќе пошо се сваќаш ко провокација

Муабетот ми беше Морати не е задоволен од Мурињо(и со право), а Блан е многу поекономична , а исто така одлична опција за клупата...
Ај сеа малце да те просветлам, зашто очигледно секогаш ги гледаш наводно оние деструктивни работи кон Интер и упорно мижиш на онаа голема слика која нејкеш да ја видиш зашто ти одговара да си со ставот дека не е се розево во Интер, а во моментов е.

1. Ако Морати не е задоволен од Мурињо, тогаш зашто летово му го продолжува договорот за плус уште една година и со тоа ризикува отказ и исплаќање на истиот по отказ се дур не најде нова работа.

2. Манчини немаше три пати помал договор од овој на Мурињо, го продолжи и ако не се лажам му беше 8 милиони евра ( не е битно на крај краева која е точната цифра ) по сезона што беше многу, капак на Се по мечот со Ливерпул, во доста тежок период за Интер рече дека ке си оди и подлегна под цел притисок на медиумската јавност што потоа се одрази и врз цела екипа која за малце ке го загубеше и Скудетото .

3. Е сеа најбитното, Мурињо - Морати и наводното незадоволство на Морати ( читај пак точка 1 btw ). Каде е причината кај Морати за незадоволство од Мурињо кога потенцирам, во овој дел од сезоната имаат 5 бода предност пред Милан и 6 пред Јуве во ситуација кога они играат меѓусебен меч за неколку кола и во ситуација кога се каде-каде подобри од лани во Серија А и по освоеени бодови, и по статистика на голови и во разлика со конкуренти.
Тоа е едно, и друго, каде е причината за незадоволство кај Морати кога поминаа во наредната фаза од ЛШ, и во ситуација кога 70 000 фанови на Интер, веќе 2 години, на секој меч на домаше терен го пеат името на Мурињо ( читај, омилен е кај фановите ) .

4. Аналогно на сите претходни точки плус минатата сезона, толку ли не ги научи Интер и Мурињо, толку ли не научи дека овој човек секогаш, буквално секогаш сака да е центарот на медиумското внимание, сега медиумите цела недела ке говорат за инцидентот по мечот со Аталанта, цела недела ке говорат за наводно лошите односи Мурињо - Морати ( ова е минимум пети пат сезонава како Мур е пред октаз ) а целиот тим и играчки кадар ке биде оставен на мира, нема да биде пипнат и тимот нема да го има она дестркутивно влијание на медиумска Италија.

Убаво ти рече АЦАБ, види ги Мело и Диего, загубени се, одвеани, Мело поготово, растргнат е од медиумите, тоа и самиот го знаеш.

А тоа дека е исто со Мурињо и Манчини, дај бе, нели ја познаваш добро Серија А, Манчини уз конкурентни Јувентус и Милан ке се изгубеше ко домец у продавница за играчки, со една "' конкурентна '' Рома ке изгубеше на смешен начин титула .

А Мурињо, и самиот знаеш ( ова го кажа на една од другите теми ) дојде со 433 умисла, нешто што не му успеа, нешто што влијаеше и врз двете најголеми засилувања, сред сезона мења тактички систем, го користи кадарот од лани и пак прави позитива од плус 10 на крајот, со вакви проблеми Манчини ке конкурира за први 4, Раниери за Европа Лига а Ферара за опстанок.

Ова ти што го викаш за него ти е исто ко ја тебе да ти речам, што лошо гледаш во моменталната управа на Јуве ?! Муабетот ми е, ти ги гледаш работите кај Интер од аспект на фан на Јувентус, ние од сосем друга перспектива гледаме и јасно ко ден ни е што позитивно а што негативно прави Мурињо, али со оглед на големите грешки во минатото, што се тиче мене, ко фан на Интер, и во наредни 10 години би го гледал тука, во овој тим, еден од ретките е со кој Интер секогаш ке има гарант за Скудето во ова комплексно првенство.
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
И во Италија се погласни се шпекулациите дека ова е последна сезона на Мурињо во Интер...

како негов наследник најчесто се споменува Лорен Блан од Бордо кој мал дел од кариерата и го помина во дресот на Интер...

Иначе разбирливо од Морати. 11 милиони евра за тренер кој ти носи само скудето не вреди (Манчини со 3 пати помала плата го освојуваше) :wink:
Не се знае дали е последна сезона. Мур изјави дека ке го доработи цел договор на Интер и дека проектот кој го започнал ке го заврши.

Лорен Блан е често споменувана негова замена како и Зенга но мислам дека повеќе шанси би имал Блан поради успесите кои ги постигна досега. Секако ако се случи некое светско чудо па Мурињо да биде или избркан или сам да даде отказ. Ова е речиси еднкво на научна фантастика.

Манчини мислам дека земаше плата од 6-7 м евра годишно. Но тимот беше далеку полош во секој смисол на зборот. Дали психички, дали физички дали караници во тимот и сл... И што е најбитно, секогаш пропаднати трансфери.
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Мурињо за мене е најдобар тренер на свет,уште од времето кога беше во Порто и Челзи,не за џабе Сер Алекс Фергусон го прогласи за негов наследник :wink:
Да не должам многу за тоа погоре шо го имаше напишано ќе се увериш и сам набрзо дека не си во право...а можда и ќе си, којзнае...небитно

него овај цитатов ми падна во очи... најдобар тренер на свет покрај живи Липи и Фергусон не може да биде... :wink:
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.439
Поени од реакции
6.656
мурињо рече јас имам договор до 2012 и ке го почитувам.
мене тоа ми е доволно, а морати од коњ на магаре да се симне не верувам!
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.291
Да не должам многу за тоа погоре шо го имаше напишано ќе се увериш и сам набрзо дека не си во право...а можда и ќе си, којзнае...небитно

него овај цитатов ми падна во очи... најдобар тренер на свет покрај живи Липи и Фергусон не може да биде... :wink:
Затоа е еден од најдобрите со тренерско искуство помало од 10 години ( ретко на кого му успеало ова за толку краток период ), еден Ферги чим еднаш уз интервју го посочи како негов евентуален заменик ( ова беше ланската сезона ) доволно е да увидиш за каков тренер станува збор.

Мурињо е тренер од 2000та година, Липи повеќе од 20 години, кога ке видиш, на тимско ниво, бројот на титули им е ист, на ниво на репрезентации не коментирам бидејќи Мурињо до сега не бил тренер на нацинален состав.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Да не должам многу за тоа погоре шо го имаше напишано ќе се увериш и сам набрзо дека не си во право...а можда и ќе си, којзнае...небитно

него овај цитатов ми падна во очи... најдобар тренер на свет покрај живи Липи и Фергусон не може да биде... :wink:
Ако не си информиран толку,имаше едно интервју со САФ и го прашаа кој го сметате за ваш наследник ???

-Старчето како од пушка рече Мурињо се разбира,се гледам самиот себеси во него :tv:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom