Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
абе да ти е грев да е отвориш темава...незнам дали е фан клуб интер или фан клуб ибрахимович...да му ебам нослото ,сакаше-си замина,а тоа што беше лидер-БЕШЕ,ама со манчестер и цела одбрана да го чуваше,не е тоа оправдување за промашените зицери....па еден адриано кој немаше ни форма ни ништо поопасен и поконкретен од него беше....и овај носорогов после дава изјави сакал да си оди ,сакал да освои ЛШ.
А за тоа дека ибра ќе освои ЛШ со Барца :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
јас бев да се продаде ибра(веќе кога сака тој)за тие 50милиони + ето ....но тие 50 милиони да се искористат за играчи од средината.оти вака иди работава
наместо да троши морати овај џебо си го полни...сите клубови трошат по 30-100милиони(и повеќе)ние ова лето наместо да тропиме пари дури сме и во плус ....кај се сега тие 100милиони евра што ќе ги даваше за видич,џенас .,...
да се опна сега 70 милиони за рибери е тогаш ќе речам дека ова е најдобро лето за нас....згора на се ке бидеме само во минус 20 милиони ова лето а ќе бидиме посилни од кога и да е...мислам дека сваќате што сакам да ви објаснам

П.С секое лето сме трошеле по 30 милиони евра минумум за трансвери а ова лето не му се даваат парите што ги зеде од ибра:tapp::tapp:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.788
Има огромна разлика, реков, се што е реткост си има некоја своја уникатна карактеристика . Во фудбалот леваците играат најмногу како бекови, крилни играчи и напаѓачи, на овие позиции ке сретнеш најмногу леваци, но, да сретнеш тројца во среден ред централно, никаде . Деснаци да, на тон, но леваци не, и тоа леваци кои имаат пред Се дефанзивни карактеристики, леваци кои не играат добро со десната нога и играчи кои поради претходно наведениве работи се предвидливи за противниците . Затоа и го поставив прашањето, кажете друга екипа која играла со тројца некреативни дефанзифци во средина и истите биле стриктно леваци .
Не ја гледам разликата, искрено. Тројца со лева или тројца со десна исто ми е. Дали се креативни или не е друго прашање и не е поврзано со тоа со која нога шутираат. Не можам да набројам дали некоја екипа имала тројца леваци или тројца деснаци во среден ред, зошто никогаш не сум го анализирал тоа. Никогаш и не сум слушнал дека има некоја врска или дека е нешто посебно важно... Не викам дека сум во право, едноставно само дека не ја гледам разликата...

Како и да е:

абе да ти е грев да е отвориш темава...
Во право си и мене ми се смачи од ова.

Не сте оф-топик башка едниот е модератор, ама дај оладете. Никој и не ги чита веќе тие препукувања зошто 100 пати сме се објаснувале и знаеме кој на што сме. Така да би можеле да размислите да продолжите на профил со таа дискусија и да почекаме да почне сезоната едно месец дена, за да можеме да направиме некоја споредба и да видиме кој бил во право.

Сега мала дигресија: Гласањето за име на сајтот беше прилично изедначено со тоа што повеќе инсистираа оние кои сакаа име како inter.com.mk ili fcinter.com.mk. Така да еве го имаат и мојот глас и ќе побарам регистрација на еден од тие два домаини.

Бидејќи е глупаво сега да собираме по 100 денари од сите а не е многу скапо, се договоривме за оваа година да плати еден, за наредната друг итн... По потреба, ако ни треба надградба за поголем пакет, ќе утрча некој и на сред година.

„Првата тура“ ја плаќа kamiSKaZI така да бидете љубезни и пуштете му некое зеленко :)

Остваруваме... whatever...
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Вака да расчистиме со Ибра еднаш за секогаш - нема сомнение дека Ибра е одличен напаѓач и дека придонесе многу за Интер. Сите фанови на Интер, не само тука на форумот сакаа тандемот за новата сезона да биде Ибра-Милито. Морати сакаше, Мурињо сакаше, целиот тим на Интер сакаше.

Но само тој што го имаше главниот збор ГОЛЕМИОТ ИБРА не сакаше да остане. Што да му се прави на играч кој сакаше шест месеци претходно да замине од Интер и што јавно кажа дека долго време сонувал за трансфер во Барселона и дека му рекол на Морати и неговиот агент дека сака да оди таму.

Единствено нешто што требаше да се случи е Барса да достави соодветна понуда. Морати и Лапорта се сретнаа уште пред неколку месеци. Што рекоа медиумите после тоа??? Интер и Барса се договорија за трансферот на Ибра=Ето+25 милиони евра.

Понуда што очигледно беше одбиена зошто е премлаку и тоа го имаше на официјалната страна на Интер.

Пред да замине Интер во Америка, кога Ибра го прашаа дали дефинитивно останува во Интер он рече ќе видиме, за мене ситуацијата ќе се разгледува од ден на ден.

Пет дена подоцна Барса дојде со двојно поголема понуда од првичната 46 милиони евра, Ето плус Хлеб.

Кога веќе сме свесни дека треба да се соочиме со продажба на Ибра, одиме кон најдобрата опција што ни е на располагање.

Бензема отиде во Реал, Агуеро е 60 милиони евра, Манчестер не го продава Руни, Дрогба останува во Челзи, со Ето се комплетира листата на напаѓачи што приближно може да ја пополни празнината што остана со Ибра.

Ние го добивме Ето и плус 50 милиони евра, само времето ќе покаже дали било добра зделка или не но според моменталните услови на пазарот и ситуацијата во која се најдовме тоа беше најдобрата опција.

Е сега имаме плус 50 милиони евра кој можеме да ги искористиме за да се засилиме додатно или пак Морати да пополни некоја дупка. Тоа е сосема различна работа од трансферот на Ибра. Морати, Мурињо и комапнија си имаат своиј математики ние си имаме наши и до утре можеме да збориме што како зошто.

Постојано зборувате уигрување на тимот. Па нашите играчи не се паднати од марс или пак да немаат видено фудбал претходно во живото па да не знаат да се уиграат.

Башка формата никогаш не се темпирала да биде во полн ек за стартот на сезоната. Секогаш се темпирала да биде топ во февруари кога почиња втората фаза од ЛШ. До тогаш има шест месеци Ето, Милито, Мота, Лусио и новиот плеј со заврзани очи да почнат да се разбираат.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.975
Не ја гледам разликата, искрено. Тројца со лева или тројца со десна исто ми е. Дали се креативни или не е друго прашање и не е поврзано со тоа со која нога шутираат. Не можам да набројам дали некоја екипа имала тројца леваци или тројца деснаци во среден ред, зошто никогаш не сум го анализирал тоа. Никогаш и не сум слушнал дека има некоја врска или дека е нешто посебно важно... Не викам дека сум во право, едноставно само дека не ја гледам разликата...
Пак ке ти кажам, не е исто да имаш тројца деснаци и тројца леваци во средина . Си имаат некоја своја специфика левациве, како и во други сфери од животот така и во фудбалот, еве ти класичен пример . Мунтари како левак на десна страна од терен, и Занети како деснак на лева страна од терен . Друг пример, Сантон како деснак на позиција лев бек, а пример Максвел како левак на позиција десен бек, дури и неизводливо, јас немам сретнато левак кој игра на позиција лев бек да игра и на позиција десен бек ( се прашувам зошто ?! ), за разлика од нив, деснаците по потреба ја пополнуваат таа дупка од теренот во многу тимови . Сфакаш, си има тоа некое свое јас али не би знаел како на друг начин да ти појаснам :) .
По предвидливи се левучариве, полесни за справување за противниците ( збориме стриктно за овие централниве деструктивци ), и реков, Интер секогаш кога играле со тројца леваци во средина губеле и пружале катастрофални изданија и веруј, не е случајно истото .
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Башка формата никогаш не се темпирала да биде во полн ек за стартот на сезоната. Секогаш се темпирала да биде топ во февруари кога почиња втората фаза од ЛШ. До тогаш има шест месеци Ето, Милито, Мота, Лусио и новиот плеј со заврзани очи да почнат да се разбираат.
Ти ова сериозно? :nesum:

П.С. Ете де доста е за него си замина.. Сите викавте добра зделка со парите сме направиле.. Ајде сега сите да позборуваме за тие парите.. Почнавте на почетокот да ги спомнувате Рибери, Диего, Фабрегас.. Преминавте на Хамшик, Едерсон, Лавеци, Деко.. За на крај да дојдите до Снајдер, Ван дер Варт..
Некако сега сите ми сте тивки.. Како разочарано да ми делувате? Да не излези пак по мое дека нема да купиме никој.. Тоа го кажував со трансфер позајмицата на Хлеб.. Значи сега можно е некој да позајмиме.. На местото на Хлеб.. Ајде малку за тоа кажете нешто.. А да ќе заборавев и Гуркуф на крај го спомнавте.. Како тргнала работава ќе стасаме до мојот.. Инациа Пиа.. Или пак можи Јусуф Херси.. И двајцата се АМЦ.. Ги имам играно во иста сезона во мојот тим на времето во ЛШ.. :back:

Пак ке ти кажам, не е исто да имаш тројца деснаци и тројца леваци во средина . Си имаат некоја своја специфика левациве, како и во други сфери од животот така и во фудбалот, еве ти класичен пример . Мунтари како левак на десна страна од терен, и Занети како деснак на лева страна од терен . Друг пример, Сантон како деснак на позиција лев бек, а пример Максвел како левак на позиција десен бек, дури и неизводливо, јас немам сретнато левак кој игра на позиција лев бек да игра и на позиција десен бек ( се прашувам зошто ?! ), за разлика од нив, деснаците по потреба ја пополнуваат таа дупка од теренот во многу тимови . Сфакаш, си има тоа некое свое јас али не би знаел како на друг начин да ти појаснам :) .
По предвидливи се левучариве, полесни за справување за противниците ( збориме стриктно за овие централниве деструктивци ), и реков, Интер секогаш кога играле со тројца леваци во средина губеле и пружале катастрофални изданија и веруј, не е случајно истото .
Абе какви предвидливи биле леваците не зборувај глупости.. Не ги бива бе чоек нашиве.. Не можиш ти левак од типот на Мунтари да го споредуваш со левак од типот на Робен.. Не ги бива ФАКТ! Стави ги ти лево крило Гигс, стави го десно крило Робен, стави го на средина да игра офанзивен Андерсон, и стави го дефанзивен Камбиасо.. Јас ти гарантирам дека никој нема да не победи.. Ќе прават шанси како будали..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.788
Некој да ми кажеше кога е тим-купот? Сега нешто прочитав Ферара вика дека сакале да го освојат за прв пат. Вистина ли е дека никогаш го немаат освоено? Има некој статистика за тоа?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.975
Абе какви предвидливи биле леваците не зборувај глупости.. Не ги бива бе чоек нашиве.. Не можиш ти левак од типот на Мунтари да го споредуваш со левак од типот на Робен.. Не ги бива ФАКТ! Стави ги ти лево крило Гигс, стави го десно крило Робен, стави го на средина да игра офанзивен Андерсон, и стави го дефанзивен Камбиасо.. Јас ти гарантирам дека никој нема да не победи.. Ќе прават шанси како будали..
Ај да бев нејасен, ама
По предвидливи се левучариве, полесни за справување за противниците ( збориме стриктно за овие централниве деструктивци ),
Или ај да додадам, централниве деструктивци на Интер иако на нив алудирав . Не ми ги спомињајте Робен, Гигс, Меси остала багра универзални играчи .
Некој да ми кажеше кога е тим-купот? Сега нешто прочитав Ферара вика дека сакале да го освојат за прв пат. Вистина ли е дека никогаш го немаат освоено? Има некој статистика за тоа?
Интер 5 пати го освоиле, Милан 3.
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Епа земи напиши му маил на нашиве на веб страна.. Нека не земаат леваци.. :smir: Друго не знам како да интервенираме.. На пат е можеби и Ван дер Варт.. Најмногу на твое задоволство..:back:
П.С. Абе нели имаше на менаџерот да му наместиш на тренинг да ја вежба другата нога и по некое време стануваше подеднакво добар и со таа? Што не направи така Мурињо се чудам..:pos2:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.975
Епа земи напиши му маил на нашиве на веб страна.. Нека не земаат леваци.. :smir: Друго не знам како да интервенираме.. На пат е можеби и Ван дер Варт.. Најмногу на твое задоволство..:back:
П.С. Абе нели имаше на менаџерот да му наместиш на тренинг да ја вежба другата нога и по некое време стануваше подеднакво добар и со таа? Што не направи така Мурињо се чудам..:pos2:
Па затоа сум и против негов ангажман, а за тоа со менаџерот, ретко успевало, сум пробал :), aли затоа успева тренинг за нова позиција .

Нејсе, нека земат плеј по мерка стриктно на Мур, за Ван Дер Варт убеден сум дека не е негова желба, једино нешто добро кај него е што е евтин, иначе дефинитивно не е соодветен за овој тим на Интер .

Снајди, Горкуф, моментално најдобрите опции уз Рибери, али овој последниов тешко дека би имал дозвола за заминување од Баер, иако тука е пакетот Мансини + Кварезма како мамец .
Очекувам официјализирање на трансфер за плеј наредна недела, се што ке биде после истата донесено, без разлика на квалитетот, ке биде минус на управата, ко што беше Кварезма, донесен последен ден од трансфер рокот по првото коло во Италија .
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Ти ова сериозно? :nesum:

П.С. Ете де доста е за него си замина.. Сите викавте добра зделка со парите сме направиле.. Ајде сега сите да позборуваме за тие парите.. Почнавте на почетокот да ги спомнувате Рибери, Диего, Фабрегас.. Преминавте на Хамшик, Едерсон, Лавеци, Деко.. За на крај да дојдите до Снајдер, Ван дер Варт..
Некако сега сите ми сте тивки.. Како разочарано да ми делувате? Да не излези пак по мое дека нема да купиме никој.. Тоа го кажував со трансфер позајмицата на Хлеб.. Значи сега можно е некој да позајмиме.. На местото на Хлеб.. Ајде малку за тоа кажете нешто.. А да ќе заборавев и Гуркуф на крај го спомнавте.. Како тргнала работава ќе стасаме до мојот.. Инациа Пиа.. Или пак можи Јусуф Херси.. И двајцата се АМЦ.. Ги имам играно во иста сезона во мојот тим на времето во ЛШ.. :back:
Зошто имам претчуство дека ти не сакаш да и погледнеш на реалноста во очи и само посакуваш Интер да почне да губи и да збориш тука на сите дека сме биле во грешка а само ти си бил во право???

Зошто не сакаш да признаеш дека Ибра е тој што го исценира заминувањето од Интер и дека е тој оној што му сврте грб на клубот. Јас не видов да кажеш ниту еден лош збор за него. Се си наоѓаш некој други оправдувања.

Околу формата и тоа што ми изгледаш некако изненаден. Само да те потесетам, двете екипи кој не ги вадис од уста, Барса и Јунајтед и кој лани имаа добра сезона знаеш како стартуваа???

Барса започна со пораз, па имаше реми на домашен терен со Сантандер после се мачеше на неколку натпревари со минимални победи дур да влезат у ритам после два месеци.

Исто и за Јунајтед. Го загуби Европскиот Супер Куп, играше нерешено во првото коло, па минимални победи па пораз од Ливерпул и дури пред нова година почна да ја темпира формата.

Најголем проблем на Манчини и Интер беше што букавме од форма до февруари и после кога ќе дојдеше ЛШ бевме издишани балони. Кога ќе се додаде и елиминациите од ЛШ бевме изгубени.

Нешто ми спомињаш Рибери, Фабрегас па тоа се играчи што ги бараат уште 10 клуба како Интер и прашање е дали некој ќе ги добие.

Што мислиш дека ние сме будали и не ги сакаме??? Да ги прашуваме членовите на форумот еден по еден сите ќе кажа дека го сакаат Рибери и Цеск. Ама за тоа треба да каже Морати не јас, или некој од форумот. И дури тогаш само транссферот ќе биде 50% реализиран зошто треба согласнот од Арсенал и Баерн па после и согласност од Рибери и Цеск. А да не се лажеме ако им се даде опција да бираат Шпанија или Италија се знае кај ќе отидат.

За мене тимот на Интер и вака е одличен и верувам дека можеме да го освиме Скудетото и Лигата на Шампионите без да дојде плејмејкер. Зошто интер има одлични 25 играчи а не само еден ИБРА.
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
За мене тимот на Интер и вака е одличен и верувам дека можеме да го освиме Скудетото и Лигата на Шампионите без да дојде плејмејкер. Зошто интер има одлични 25 играчи а не само еден ИБРА.
Среќа за тебе пеер што Јубе и Билан се очајни инаку ќе видиш како се бориме за трето место..
А за Лигата на шампионите не коментирам.. Ако со овој тим сега моментално ја освоиме, јас бришам акаунт одовде, правам нов на кој ќе се пишам ГЛУПЧО и ќе продолжам да пишувам.. :smir:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045

Не , не ,не ... праиш акк. ИбрахимовичПедер4е (со 4) и така пишуваш

фер ? :tv:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.788
Среќа за тебе пеер што Јубе и Билан се очајни инаку ќе видиш како се бориме за трето место..
А за Лигата на шампионите не коментирам.. Ако со овој тим сега моментално ја освоиме, јас бришам акаунт одовде, правам нов на кој ќе се пишам ГЛУПЧО и ќе продолжам да пишувам.. :smir:
Јубе и Милан беа очајни и Златан кога беше во Интер ама тогаш заслугата за трофеите според тебе била на Златан.

Сега ако освои Интер титула ќе било само затоа што Јубе и Милан биле очајни...

Милан е послаб дури и од оној пензионерскиот Милан од лани. Јувентус е подобар од лани, објективно. Ако освоиме, ќе освоиме зошто сме појаки од нив. Исто како и порано.
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Не , не ,не ... праиш акк. ИбрахимовичПедер4е (со 4) и така пишуваш

фер ? :tv:
Важи бе.. Ако освоиме лига на шампиони со овој тим без никакви дополнувања на средината..
А ако ја изгубиме Сериа А и завршиме со 0 титули тогаш на сите јас да ви ги сменам по мое? Бива?

Јубе и Милан беа очајни и Златан кога беше во Интер ама тогаш заслугата за трофеите според тебе била на Златан.

Сега ако освои Интер титула ќе било само затоа што Јубе и Милан биле очајни...

Милан е послаб дури и од оној пензионерскиот Милан од лани. Јувентус е подобар од лани, објективно. Ако освоиме, ќе освоиме зошто сме појаки од нив. Исто како и порано.
Да де тоа велам.. Заслугата е преку 60 па и 70 % негова.. Тој една сезона беше повреден 10 тина кола на крајот едвај ја освоивме.. Сега оваа не е кај нас.. Заради тоа се плашам.. Со него бевме 15 бода пред нив.. Сега сме само 3 бода пред нив.. (моја прогноза).. Подобри сме али не е исто..
Реков среќа наша.. Што сеуште сме подобри.. А за Лига на Шампиони шансите ни се во доменот на научната фантастика со оваа средина..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom