Kaжи една причина зашто не би бил задоволен од трансферот, и уз пут, земи го фактот што доаѓа играч кој има освоено два пати ЛШ, во двете финалиња има постигнато гол од кои во последното го прати Видич ( топ 3 најдобри централни дефанзифци моментално у Свет ) на костозглобно, земи го фактот дека изминатава сезона постигна вкупно 34 гола за Барса во сите натпреварувања, повторувам, 34, фактот што најверојатно ке биде номиниран за најдобар играч во изминатата сезона и фактот што моментално, заедно со Ибра се најдобрите напаѓачи во Свет .
Јас искрено, реално и објективно гледано, не гледам причина зашто Мур би бил незадоволен од оваа трансфер одлука на тимот, башка, самиот имаше изјавено дека единствена замена на Ибра во моментов е Ето, и само во тој случај не би негодувал при продавањето на Ибрахимович .
Ја паметиш ли изјавата на Мурињо дека ако Морати го продаде Ибра тој сам ќе си го купи? Ја паметиш ли дека е подобар и од Роналдо и од Меси? А таа изјава која ја спомнуваш дека би бил задоволен само со Ето во случај да си оди Златан е дадена после продажбата на Ибрахимович..
Туку сега за фактите.. што ги наброја погоре..
Ето дал 34 гола во Барселона? Па јас да играм таму во напад ќе дадам 20 гола.. Освоил титула во лигата на шампионите? Па и Фавали има освоено ако не се лажам..
Постигнал гол во две финалиња? А знаеш ли ти колку утакмици има до финалето? Во сите тие Ето дал по 3-4 гола, додека Меси 7-8.. и грешиш.. Ето нема да биде најдобар за изминатата сезона.. Ќе биде Меси.. Ќе го видиш тоа во Декември..
Зошто да биде незадоволен? Како зошто.. Го загуби пола тим, а го доби Ето! Од кога тоа 1 = 3 ?
Златан беше и стрелец, асистент и плејмејкер во Интер..
Ето ќе биде само стрелец..
Ето има само поголема брзина од Златан..
Исто така има и побрза реакција пред гол.. додека Златан многу ја тупи топката.. на моменти изгледа здодевно..
Додека Златан.. има подобра игра со глава..
Златан има поголема снага..
Златан има посилен шут..
Златан има подобар дриблинг за разлика од Ето кој само ги претрчува играчите..
Златан знае со топка да навлече 2-3 играчи на него.. додека Ето повеќе игра на прва..
И на крај.. она моето омилено.. Златан има доста поголем репертоар на удари од Ето.. Знае да шутира со лева, десна, знае да лобува, знае да удри со пета, знае да даде гол од невозможна ситуација..
И после се ова.. сеуште мислиш дека Интер не загуби ништо?
Сакате плеј а? Па не сте го разбрале Морати.. Понудава ја прифаќа бидејќи е доста добра гледано од економски аспект..
односно тој мисли дека местото на Златан е пополнето со Ето.. А оние 50 милиони евра се неговиот економски аспект..
Каков плеј какви бабини деветини сонувате..
Ете Хлеб ќе ни бидел плеј..
До кај стасавме.. Со хлеб и дејо ќе ја покоруваме Европа..
П.С. Кажав јас.. едвај чекам да почне.. да видите колку грешно мислевте..
П.П.С. А го заборавивте сиот оној притисок кој не го издржа Адриано, кој го издржа Златан, кој ќе биде врз Ето кога нема да даде гол?
Знаете ли како се однесуваат новинарите во Италија?
Тоа ќе биде лудница оваа сезона.. осеќам..