Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
0-2 Балотели... Ете зошто треба да игра пред Адри... :) У подобра форма е во моментов... Го докажа тоа против Рома!

Форца Интер
 
Сега седнувам да ја гледам, не бев во можност да ја гледам од старт. Очигледно добро ни оди, ајде со среќа во наредните пола саат.
ФОРЦА ИНТЕР !!!
 
тоа бе котлееееееееееее ... а бе марио котле едно глупаво гледаш што значи да го слушаш чичо мурињо
 
Интер закон е.И Манчестер игра супер води 3-0 против Фулам,во петок ќе биде невидена битка.Навивам за Интер.
 
Конечно излезе старецов, очајно игра последно време.

П.С. Сме ги вратиле ценентарните дресови со црвениот крст, вака се поубави :)
 
Мислам дека време е Ибра да излезе, не поради друго туку поради неговата неактивност на терен, го боли гајле, ич не трча ...
 
Мислам дека време е Ибра да излезе, не поради друго туку поради неговата неактивност на терен, го боли гајле, ич не трча ...

На крајот на првото полувреме застана едно време пред противничкиот гол, во последните минути беше тоа и клечеше се додека не свиреше полувреме судијата. Веднаш потота дојдоа лекарите на теренот (се исплашив да не му е нешто, да не истегнал мускул или слично), но за среќа сам го напушти теренот. Имаше и еден остар фаул над него :wink:. Доволен беше и првиот гол, нека се чува за со Манчестер, тогаш ќе ни биде многу попотребен.
 
Хаха добар трик на Ибра, мајмун го направи овој од Џенова :pos:
 
Ајде Честито Победа на сите Интераши да ни се Множат:vozbud::vozbud:ФОРЦА ИНТЕР!!!
 
На крајот на првото полувреме застана едно време пред противничкиот гол, во последните минути беше тоа и клечеше се додека не свиреше полувреме судијата. Веднаш потота дојдоа лекарите на теренот (се исплашив да не му е нешто, да не истегнал мускул или слично), но за среќа сам го напушти теренот. Имаше и еден остар фаул над него :wink:. Доволен беше и првиот гол, нека се чува за со Манчестер, тогаш ќе ни биде многу попотребен.

Не си видел убаво! Застана дека Рубињо го погоди директно у јајца... И затоа седеѓе/клечеше...

Иначе некој спомна дека требало да искочи Ибра на крајот, да не се повреди. Веќе беа направени 3 измени, така да...

Многу битна победа... Браво!
Балотели стварно ѕвер... Не застана денес... Премногу кондиција има, напред назад беше. Многу малце фалеше да добие 2 жолт, според мене го заслужи. Имаше минимум 6 фаули, онака не баш наивни. Сепак феноменална партија.
Ибра гол и асистенција... Само тоа :) :) :) “само“ :)

У добра атмосфера одиме во Англија...
 
Линк од голот на Балотели ако може да даде некој:smir:
 
Честито нека ни е победата. Вака сакам кога веземе на терен со акции и многу трчање. Нас најбитно ни е да победуваме, и тоа го правиме. Другите нека прават замислени табели и нека прават хаос по медиуми. Супер игра колку што успеав да видам, сигурна одбрана без ниту една грешка. Балотели залужува да игра против Манчестер дефинитивно.Нека ни се множат победите.

ФОРЦА ИНТЕР !!!
 
Честитки и од мене. Одамна не сум ја видел Џенова вака да се мачи и да е во неможност да создава шанси. Ова е прв пораз на Џенова на домашен терен. Сега сме 10 бода пред Јуве, кој за пола саат игра против Торино, градско дерби, меѓутоа има светлосни години разлика во моменталната силина на Јуве и Торино, така да би бил задоволен и со нерешено. Што се однесува за натпреварот со Манчестер, незнам како ке ја склопи одбраната Муму. Ептен лошо што е повреден Киву веке долго време. Камби за разлика од предходната со Рома, одлично изигра денес како централен дефанзивец. Првиот гол на Ибра, уште едно ремек дело. Незнам дали некад ке даде нормален гол тој :) зицерите најчесто ги утиња, а дава од невозможни позиции. Балотели ќе го биде, не дека незнаевме ама ќе биде играчиште од него и порано од што очекував, само малце темпераментот да си го спастри.

Линк од голот на Балотели ако може да даде некој:smir:

Нејќеш да го видиш голот, верувај :pos2: топката лазеше до гол линија, и Роси место да ја опали и да ја разчисти опасноста се токмеше два саата и кога ја удри топката беше више у гол
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom