Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ете доволно е само да одбиеш од тоа 75 милиони кои беа заработени од продажбата на Зидан па да заклучиш дека доведувањето на Недвед и Буфон е горе долу покриено(со дополнителни 15тина милиони) :wink: ете сега прерачунај колку пари се потрошија во тие 12 години...
Тоа е во една година, а Моџи беше 12 години во Јуве. Реално, во сегашноста трансфер цените на играчите не се баш како што беа во 90тите години, туку се далеку повисоки. Aко во 2000та година најскап трансфер беше Хернан Креспо од Парма во Лацио, во моментов најскапиот трансфер е 80 милиони фунти, а во моментов скоро секој голем клуб во летниот трансфер период троши над 30 милиони.

Јувентус пред таа криза имаше освоено 3 скудета и играше уште 3 финалина во ЛШ по ред... па мислам дека тоа беше доволно алиби иако навивачите во 2001 буквално влетаа на терен со цел да ги нападнат играчите и тренерот... но ете после тоа титулата повторно се врати таму кај шо припаѓа...
Да, веројатно влетале да му честитаат на Моџи.
 
Епа зошто тогаш немавме Калчо титула во периодот од 1986 до 1995 и од 1998 до 2002 ?
Моџи дојде во Јувентус 94та мислам токму поради неуспесите на клубот од 86-94... значи по неговото доаѓање работите почнаа да се враќаат на свое место... а кога ќе се земе во предвид кои успеси ги постигна клубот во периодот од 95та до 98 и после тоа од 2001-2003, 3 годишниот период без титула останува само мала дамка во таа златна ера на Јувентус:wink:

Да, веројатно влетале да му честитаат на Моџи.

Имаа доволно причини за да му честитаат :wink: а и како шо реков после тоа клубот повторно се врати на врвот...
 
Моџи дојде во Јувентус 94та мислам токму поради неуспесите на клубот од 86-94... значи по неговото доаѓање работите почнаа да се враќаат на свое место... а кога ќе се земе во предвид кои успеси ги постигна клубот во периодот од 95та до 98 и после тоа од 2001-2003, 3 годишниот период без титула останува само мала дамка во таа златна ера на Јувентус:wink:

Аха, значи традицијата ја гледаш само доека е Моџи на власт?

Јас кога реков дека Јуве нема таква традиција да брка тренери не само на сред сезона туку воопшто мислев на клубот од неговото формирање до денес.
 
„Мала дамка“ од 4години која беше доволна навивачите на Јуве да влезат во теренот и да протестираат против слабите резултати, а од друга страна, сега ти очекуваш овој Јуве кој го претрпе ударот Сериа Б (заминаа играчи, спонзори, финансии, титули беа одземени) уште при првата сезона да освои титула.
 
А јас пак ќе ти речам дека традицијата е ништо(не можеш да се потпираш врз традиција)... и Челзи е клуб без традиција од неговото оформување па види сега кај се наоѓа...:wink:

како прво не беа 4 него 3 сезони , како друго пред тоа и сам знаеш што постигна клубот.а што после тоа, а како трето Елкан и Блан секоја година ти најавуваат скудето и секоја година трошат по 50 милиони што значи дека клубот е и повеќе од опоравен финансиски а се повеќе тоне... оправдување јас не гледам, можда ти гледаш...

Или пак можда за наредниве 10 години оправдување ќе е тоа што клубот не е опоравен од исфрлањето во втора лига?
 
А јас пак ќе ти речам дека традицијата е ништо(не можеш да се потпираш врз традиција)... и Челзи е клуб без традиција од неговото оформување па види сега кај се наоѓа...:wink:

Како не е ништо бре? Овој клуб се потпира врз традицијата која го прави голем, ебаго.
Батали ги Челзи, правиме муабет за Јувентус.

Едно блиц прашање,
Веруваш во она што го кажува Моџи?
 
Kако прво не беа 4 него 3 сезони , како друго пред тоа и сам знаеш што постигна клубот.а што после тоа, а како трето Елкан и Блан секоја година ти најавуваат скудето и секоја година трошат по 50 милиони што значи дека клубот е и повеќе од опоравен финансиски а се повеќе тоне... оправдување јас не гледам, можда ти гледаш...

Или пак можда за наредниве 10 години оправдување ќе е тоа што клубот не е опоравен од исфрлањето во втора лига?
1. Тогаш Јуве не беше во Сериа Б, тогаш на Јуве не му заминаа половина играчи, тогаш Јуве не му заминаа спонзори, туку Јуве имаше уигран состав но сепак не освојуваше титули.

2. Елкан и Блан најавуваат Скудето, а и нормално е да најавуваат. Во времето од 1998 до 2002 година кога Јуве не освојуваше титули под водство на Моџи, и Моџи исто така ги најавуваше титулите.

3. Да не беше `калчополи` Моџи најверојатно сега ќе беше член на Управата на Милан. Нешто што и лично го изјави дека имал договор со Берлускони. ЛИНК
 
Батали ги Челзи, правиме муабет за Јувентус.

Едно блиц прашање,
Веруваш во она што го кажува Моџи?

Моџи се што рекол горе долу бил во право... почни од предвидувања за промашените трансфери во последниве години (90% беше во право) :wink:...

но, небитно... да не забегаме во погрешна насока...
 
Аха така,
Епа зошто тогаш се буниш против сегашниот Јувентус и неговата управата кога Моџи himself кажа дека во наредни 5 години Интер ке биде шампион на Италија, почнувајки од 2006 ?
 
Со вакви непобедници во тимот кои имаат загарантирано стартно место во првите 11 со Чиро како тренер,ќе тапка во место,а може и ќе паѓа надоле.

Срамни се овие резултати кои ги вади Јувентус.Барем Јуве секогаш без потешкотии ги победувал малите екипи.Го нема оној Јувентус што 2005 година имаше 10 победи во низа.Овој Јуве неможе ни 3-4 да врзе.Незнам до кога ќе биде оваа беда на Јувентус.

Да се сложувам со Stara Dama дека Јувентус служи за уигрување на Италијанска репрезентација.Липи го донесе Канаваро во Јувентус,исто и Гросо,а сакаше и Досена за го уигра.Не ми се допаѓа ова што го прави Липи и огромното верување на челниците на Јувентус кон него.
 
1. Тогаш Јуве не беше во Сериа Б, тогаш на Јуве не му заминаа половина играчи, тогаш Јуве не му заминаа спонзори, туку Јуве имаше уигран состав но сепак не освојуваше титули.

2. Елкан и Блан најавуваат Скудето, а и нормално е да најавуваат. Во времето од 1998 до 2002 година кога Јуве не освојуваше титули под водство на Моџи, и Моџи исто така ги најавуваше титулите.

3. Да не беше `калчополи` Моџи најверојатно сега ќе беше член на Управата на Милан. Нешто што и лично го изјави дека имал договор со Берлускони. ЛИНК

1. изгледа ти си единствен кој не е задоволен и ја оцрнува златната ера на Јувентус... :tv:

2.Јувентус со Моџи освои доволно и пред тоа и после тоа... ќе ти повторам пак “ЗЛАТНА ЕРА“ за да ти влези во главата :wink:

3. Ми го имаш едно 45435 пати кажано линков...

Со Секо и Блан до тројна круна... ајде поздрав заминав на спиење :helou:

Аха така,
Епа зошто тогаш се буниш против сегашниот Јувентус и неговата управата кога Моџи himself кажа дека во наредни 5 години Интер ке биде шампион на Италија, почнувајки од 2006 ?

И згреши? :wink:
 
Моџи се што рекол горе долу бил во право... почни од предвидувања за промашените трансфери во последниве години (90% беше во право) :wink:...

но, небитно... да не забегаме во погрешна насока...

Исто така кажа дека Интер 5 години по ред ќе биде шампион,и таму погоди

Еве некој и пред мене го кажал ова :)

Моџи рече дека Интер 5 години ќе биде шампион почнувајќи до титулата која ја зема на суд(онаа нашата што беше).2005/06,2006/7,2007/08,2008/09 сега оваа година што ќе ја земе 2009/10 и наредната исто така Интер ќе освои.Јуве треба огромен ремонт за да се среди а секако уигрувањето на тимот ќе не чини уште една сезона.
 
Не те прашав дали згреши.
Те прашав зошто бараш титула, кога Моџи ти рекол оти до 2011 ке нема?
Не треба Моџи да ти каже за да сфатиш дека нема да има титула :wink:

јас кога зборував дека Јувентус нема да освои ништо некои ми викаа ти не си навивач на Јувентус , оди навивај за друг

проблемот е пред тебе само ако сакаш да го видиш...

ајде поздрав сега ненаспан ме остаде:)... утре рано треба да станам

:helou:
 
1. изгледа ти си единствен кој не е задоволен и ја оцрнува златната ера на Јувентус... :tv:

2.Јувентус со Моџи освои доволно и пред тоа и после тоа... ќе ти повторам пак “ЗЛАТНА ЕРА“ за да ти влези во главата :wink:

3. Ми го имаш едно 45435 пати кажано линков...
1. Јас ништо не оцрнувам, фактите говорат дека Јуве од 1998 до 2002 година нема освоено титула. Можеби пред тоа беше златна ера, ама тие 3 сезони беше се само не златна ера.

2. Како што напоменав. Златна ера е време кога тимот освојува ТИТУЛИ. Од 98-02 титулите ГИ НЕМА, а тоа е далеку од златна ера.

3. Линкот говори за тоа колку на Моџи му бил важен Јувентус, кога се договорил со Берлускони, и бил решен да замине во Милан.

4. Навивам за Јувентус, а не за Моџи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom