Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.337
Поени од реакции
6.019
Канаваро застана во одбрана на Чиро, и изјави дека во сите е вината за лошите резултати не само во тренерот, но изјави дека треба да останат смирени. линк
 
I

InF3cTeD

Гостин
Канаваро застана во одбрана на Чиро, и изјави дека во сите е вината за лошите резултати не само во тренерот, но изјави дека треба да останат смирени. линк
точно е овоа...ама знаеш секогаш е така кога на клубот не му оди..прво по тренерот се мава па после по останатите
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Канаваро застана во одбрана на Чиро, и изјави дека во сите е вината за лошите резултати не само во тренерот, но изјави дека треба да останат смирени. линк
Јас се сложувам со ова, и лично не сум за смена на Ферара. Тој е само еден од факторите за нашата слаба игра а тие се многубројни. Најголемата вина според мене е кај самите играчи и во нивниот (не)шампионски менталитет. Во тимот имаме само неколку родени победници (самите знаете кои се, да не ги набројувам), а за сите други ова што ни се случува е сосема нормално затоа што пред да дојдат во Јуве играле во далеку послаби екипи па ова им е премија.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Самиот чиро ферара треба да ја сфати работата озбилно и да почне малце да се дере на тренинг и остало ако треба и со стап да мава
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.337
Поени од реакции
6.019
Јас се сложувам со ова, и лично не сум за смена на Ферара. Тој е само еден од факторите за нашата слаба игра а тие се многубројни. Најголемата вина според мене е кај самите играчи и во нивниот (не)шампионски менталитет. Во тимот имаме само неколку родени победници (самите знаете кои се, да не ги набројувам), а за сите други ова што ни се случува е сосема нормално затоа што пред да дојдат во Јуве играле во далеку послаби екипи па ова им е премија.
Директен виновник за слабата игра не треба да се бара само во Чиро, ниту само во играчите. Сите се криви за состојбата во Јуве. И пред да се смени Раниери се сметаше дека токму добропознатиот менталитет на Раниери беше проблемот, и тоа беше најголемата причина поради која што Чиро беше избран да ја врши функцијата тренер на Јуве, зошто е легенда на клубот, голем мотиватор итн.

Но секогаш вината прво се бара во тренерот, и тренерот е првиот врз кого се преземаат санкции доколку тимот не ги прикажува очекуваните или барем приближно очекуваните резултати, така да сметам дека натпреварите со Интер и Баерн ќе ја одредат иднината на Чиро.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Директен виновник за слабата игра не треба да се бара само во Чиро, ниту само во играчите. Сите се криви за состојбата во Јуве. И пред да се смени Раниери се сметаше дека токму добропознатиот менталитет на Раниери беше проблемот, и тоа беше најголемата причина поради која што Чиро беше избран да ја врши функцијата тренер на Јуве, зошто е легенда на клубот, голем мотиватор итн.

Но секогаш вината прво се бара во тренерот, и тренерот е првиот врз кого се преземаат санкции доколку тимот не ги прикажува очекуваните или барем приближно очекуваните резултати, така да сметам дека натпреварите со Интер и Баерн ќе ја одредат иднината на Чиро.
Во врска со Раниери бев убеден дека до него е проблемот и дека со неговата смена ќе тргнат работите на подобро. Сега со Чиро не сум убеден дека тоа е најправилното решение. Мислам дека ако продолжат со вакви изданија, самите играчи ни Господ не ги вади. Според мене најдобро е Ферара да си ја доврши сезонава па после да се оценува неговата работа. Во меѓувреме, играчите да си добијат заслужена казна, во вид на намалување на платата или недобивање на истата за одреден месец, за секое слабо издание. После ќе видиме дали ќе изигруваат манекени на теренот кога ќе бидат удрени по џебот, каде што претпоставувам дека најмногу ќе ги боли.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
ima edna pogovorka... "podobro spreci otkolku pokasno da lecis"

I so 2 pobedi protiv inter i bayern ili 2 nereseni Juventus treba da bide delumno zadovolen pred se poradi plasmanot vo osmina finaleto vo LS... no toa e samo kratko zalecuvanje na otvorena rana... vo prodolzenieto od sezonata rabotite pak ke si dojdat na svoe mesto (pod ova svoe mesto valjda ke razberite so sakam da kazam)...

Ako veke se menuva trener , toa trebese da se napravi malku porano ne koga veke sezonata ke propadne (citaj pogovorkata) isto i so ranieri se cekase 2 sezoni da propadnat... no ete realnosta e druga...

pred nekoj den imase vest na goal.com deka Tiago e na izlezna vrata od Juventus i deka ke bide prodaden i ispod toa imase interesen komentar ostaven od nekoj navivac:

Ivan Juveland
1:55 PM Nov 28, 2009

Can we sell our directors?


jas bi im platil da si odat a ne da gi prodavam...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.337
Поени од реакции
6.019
Сега со Чиро не сум убеден дека тоа е најправилното решение. Мислам дека ако продолжат со вакви изданија, самите играчи ни Господ не ги вади. Според мене најдобро е Ферара да си ја доврши сезонава па после да се оценува неговата работа. Во меѓувреме, играчите да си добијат заслужена казна, во вид на намалување на платата или недобивање на истата за одреден месец, за секое слабо издание. После ќе видиме дали ќе изигруваат манекени на теренот кога ќе бидат удрени по џебот, каде што претпоставувам дека најмногу ќе ги боли.
Не знам колку е изводливо тоа со кратењето од плати поради професионалните договори кои ги потпишува клубот со играчите, и мислам дека тоа не е возможно (освен во pay as you play договорите). Но, дали ќе продолжи Ферара или не, едно е сигурно, дека промени мора да има, промени кои ќе ги придвижат работите во клубот во правилна насока.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Не знам колку е изводливо тоа со кратењето од плати поради професионалните договори кои ги потпишува клубот со играчите, и мислам дека тоа не е возможно (освен во pay as you play договорите). Но, дали ќе продолжи Ферара или не, едно е сигурно, дека промени мора да има, промени кои ќе ги придвижат работите во клубот во правилна насока.
Мислам дека доколку имаат бонуси и премии за евентуални успеси, мора да има и некој правилник за казни при евентуални неуспеси. Во спротивно ако не се казнуваат, како врз играчите би се делувало воспитно, односно како би се натерале да не ги повторуваат сивите изданија ако на крајот на секој месец си ги добијат своите милиончиња во цел износ.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Во тимот имаме само неколку родени победници (самите знаете кои се, да не ги набројувам), а за сите други ова што ни се случува е сосема нормално затоа што пред да дојдат во Јуве играле во далеку послаби екипи па ова им е премија.
можеби менаџментот ги преценил нивните квалитети:(.....
ќе мора да се поработи на слчајот конкуренција на сите позиции...барса е класичен пример има барем двајца квалитетни играчи кои се јадат за првотимски статус-погледнете го само абидал,негова најдобра сезона воопшто откога го донесоа кутриот максвел кој никаде да заигра и да го покажи целосниот потенцијал...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.337
Поени од реакции
6.019
Мислам дека доколку имаат бонуси и премии за евентуални успеси, мора да има и некој правилник за казни при евентуални неуспеси. Во спротивно ако не се казнуваат, како врз играчите би се делувало воспитно, односно како би се натерале да не ги повторуваат сивите изданија ако на крајот на секој месец си ги добијат своите милиончиња во цел износ.
Играчите потпишуваат професионален договор со договорен одреден износ на пари кој ќе ги добија играчот за одреден период играње во клубот, и тој износ мора да го добие независно од тоа како игра играчот. Бонусите се за евентуални успеси, и ако има неуспех единствената парична казна ќе му биде тоа што нема да добие бонуси, бидејќи ако не ја добие платата во договорениот износ тој можи слободно да го раскини договорот. Договорената плата може да се намали само со обострана согласност од клубот и од играчот. Ако клубовите можеа така да им кратат од платите на своите играчи, сигурно сега немаше Виеира да зема 6 милиони годишно во Интер.

A Капело изјави дека Јуве ги ангажирал вистинските играчи, но им треба малку време. Исто така изјави дека двете титули кои ги освоил со Јуве ги освоил на терен и потполно се согласува со Блан за изјавата дека Јуве има 29 титули. линк
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Што има па овој Капело да кажува. Кога излезе Калчополи копилето гледаше што побрзо да си замине од Јуве за да избегне каква и да е поврзаност. Со ниту една изјава тогаш не даде подршка на тимот , а сега повторно се прави паметен. Нека си ја гледа Англиската Репрезентација и сите знаеме колку титули има Јуве. Не го оспорувам неговото фудбалско знаење и авторитет кој може да го наметне врз играчите, али едноставно нека си ја гледа неговата работа. Не му е потребен на Јуве , најмалку за попување ... ако толку сака да се меша нека дојде нека седне на клупата, па да видиме што може да направи.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.940
Поени од реакции
8.840
има една поговрка: "кој се смее ќе му се навее" ни се смеевте за Раниери, епа те ви го сега Манчини(мала шала:)) но навистина прочитав такво нешто Р.Манечини во Јуве:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom