Според тоа што го прикажа Поулсен против Удинезе, мислам дека заслужи да се најде во стартните 11 против Бордо, но најверојатно ќе биде против Каљари. Мело,последните 2 натпревари не ги изигра на ниво, и очигледно е дека кај него се јавува замор поради премногу натпревари. Скоро сите натпревари и во Јуве и за Бразилската репрезентација ги игра скоро по 90 минути.
А дали да игра Поулсен или Маркизио, зависи од тоа која формација ќе ја применува Чиро. Маркизио и Сисоко минатата година функционираа одлично, а Маркизио е играч кој е добар и во напад и во одбрана, но ако Јуве игра 4-2-3-1 мислам дека Поулсен треба да биде партнерот на Сисоко во средината.
Со оглед на опциите кои Јуве ги има за левата бековска позиција, Гросо е најдобра опција. Молинаро има брзина, но е премногу слаб офанзивно, во одбрана е нијанса подобар но сепак не е тип на играч кој треба да игра како лев бек во Јуве. Де Чеље, е одличен во офанзивата, одлични нафрлувања и пробиви, но дефанзивно е многу слаб. Природна позиција на Де Чеље (во Примавера и Емполи) беше лево крило, и мислам дека таа позиција најмногу му одговара, а и Чиро оваа година не го има употребено Де Чеље како лев бек.