Виери уште кога беше во Интер го изјави ова.
Врската Морати&Тронкети, односно Пирели&Интер&Телеком Италија. Сите овие чекаа да почини Grande Umbertto Agnelli за да почнат со плетење мрежа околу Јувентус.
Се ближи наредното сослушување за `калчополи`, Виери излегува и тврди дека поседува доказ-документ во кој јасно е наведено дека Телеком Италија, со кумување на Морати ги преслушувал своите играчи, пред некое време Блан изјави дека Јуве има 29 титули, Моџи имаше колумна каде што зборуваше за Калчополи и дека има писмен документ кој може да потврди дека Интер и Милан сакале да го ангажираат во 2004 година, потоа изјави дека во 2005 се согласил да премине во Милан, но поради `калчополи` договорот со Берлускони не се реализирал.
Едноставно, во Италија во последно пак се актуелизира темата за `калчополи`, се наближува (во Април) третото сослушување за `калчополи`, веројатно судска постапка ќе има и за Виери, па ќе се види каков ќе биде епилогот