Повредата на Мело не е сериозна. Според
Тутоспорт се работи само за една обична модринка, и во наредниве 24 часа ќе бидат извршени уште прегледи врз Мело. Добро е што Мело одбегна посериозна повреда и нема да отсуствува од терените, или ако отсуствува ќе отсуствува само еден натпревар.
Мело на последните 2 натпревари можеби не изигра на она ниво како што изигра против Рома и Лацио, но сепак не беше слаб како што напоменуваш. Нормално, на секој играч може да му се случи по негова вина да падне гол, но не треба да се минимизира и тоа што го прави добро за тимот. Мело е одличен играч, играч со голем придонес за тимот, и верувам дека ќе го искористи целиот свој потенцијал што несомнено го поседува и ќе се игра уште поубаво со цел за подобри резултати.
Чиро изјави дека не е толку лесно тим што 4 години со ред играл стандардна 4-4-2 формација (ерата на Дешамп и Раниери), наеднаш да се прилагоди на една сосема нова формација, и на една поинаква филозофија на игра, но е сигурен дека резултатите ќе дојдат.
Јас не го оспорувам тоа дека Мело е голем играч и мотиватор , но исто така факт е дека не е во баш најдобра форма , а тој како главен везен играч е најбитен фактор за играта на Јуве , која во последниве натпревари не е на ниво. Али како и што реков , Мело игра во слаба форма ради тоа што релиси секој втор натпревар се повредува и неможе да фати ритам ... иначе не се менува моето мислење дека е еден од најдобрите играчи на неговата позиција.
Во врска со формацијата се виде и синоќа дека Чиро воопшто не беше задоволен по завршувањето на натпреварот. Во последните минути Диего и Каморанези ја пимплаа во аголот а Чиро од клупата бараше да се нападне и да не се игра пи*карски на домашен терен , со тим од рангот на Макаби Хаифа ... со играч повеќе. Па да му е*ам матер , не сме Макаби Петах Тиква па да чуваме резултат дома против една Хаифа и тоа со играч повеќе. Малку фалеше во псоледната минута да примиме гол и да не казнат ради таквата игра, али сепак Буфон со маестрална интервенција не спаси во 93 минута. Значи разликата во синоќешната победа и натпреварите кои ги кикснавме во псоледно време не беше во нашата маестрална игра , туку разликата беше во Буфон , што вчера успеа да одбрани , а некогаш неуспева ... бидејќи и не е семоќен.
На неколку пати Канаваро киксна со што Макаби беше доста опасен. Тоа е недозволиво за екипи од повисок ранг од Хаифа. Макаби промаши , но некој друг нема ... значи треба да се обрне внимание. Јас негледам подобрување во одбраната од времето на Раниери , таа е речиси иста. Не е тоа што ме плаши најмногу , проблемот наш повторно е во менталитетот ... затоа и Чиро беше толку лут после натпреварот. Несватливо е да играш против тим на рангот од Макаби , да имаш минимално водство , играч повеќе ... а да задржуваш време еј ... WTF ... тоа не го прави тим шампион , тоа го прави помала екипа кога игра со поголема , а не обратно.
Во врска со нападот изгледаше убоито ( али сепак ова е само Макаби Хаифа ) , посебно левата страна. Прочитав пред некоја страна дека Гросо бил слаб. Јас можам да кажам дека ова беже најдобриот натпревар на Гросо досега во дресот на Јуве. МУ создаде на ТРезеге кој промаши две стопроцентни шанси . Со Џовинко делуваа доста опасно по левата страна , за разлика од десната која беше отсечена. Значи јас сум задоволен од Гросо. Десната страна беше целосно отсечена , немаме бек ... тоа се покажа. Зебина има физичко - психички проблеми и тешко дека можеме да се осврнеме на него оваа сезона. Неговата замена Касерес небеше воопшто подобра ... типот неможе да игра напаѓачки фудбал , не е за напад , само за дефанзива е.
Во врска со напаѓачите више преку глава ми е од промашувања. Јакинта не уништо со Виола , Трезеге синоќа утна две 100% шанси кои мора да се погодат. Имаме напаѓачи од највисок калибар , а нашата прецизност е катастрофална. Неможеме да дадеме два гола ... па камоли повеќе.
Очекувам Чиро пред се да го дигне менталитетот на екипата. Без победнички менталитет нема ништо. Можеби ќе можеме да го победиме Макаби и на гости ... али сигурно нема да бидеме шампиони.