Tребаше да победиме, барем мое мислење. Ме загрижува ситуацијава, морам да признаам, а особено Ферара. Не знам што е со замениве на човеков, дури бетер се и од оние што ги правеше Раниери. Околу старните 11, не коментирам, бидејќи тој е тренер, тој е со играчите секојдневно и знае кој треба да е во стартниот состав. Но за замените морам да искоментирам. Замената Сисоко - Камо беше ок, сосема очекувана, но што беше поентата со замената на Јакинта со Де Чеље?! Ако некој требаше да влезе место Јакинта во таква ситуација каде што очајно ни фалеше соработка меѓу напаѓачите, тоа беше или Џовинко, или Трезеге. Ме загрижува и односот на Чиро кон Џовинко... Очигледно, само тој не сваќа дека доколку не го игра, ќе стане незадоволен, и најверојатно ќе си замине... Во ваков натпревар, мораше да влезе Џовинко место Диего, а Трезеге место Јакинта. Не ја сватив поентата со внесувањето на Де Чеље во игра, но што е тука е.
Играта беше ок, можеби бевме за нијанса подобри од нив, но сепак, повторно истите грешки. Примивме глуп и наивен гол по којзнае кој пат сезонава. Чиро велеше дека нема да се повторуваат грешките од изминатите слаби резултати, но константко гледаме како се повторуваат. Одбраната беше добра, освен Григера, кој констатно игра очајно. Зебина, па и Касерес сигурен сум дека подобро ќе изиграа по таа десна бековска позиција. Средината беше одлична. Секоја чест за Момо, Поулсен и Мело, ијако морам да кажам дека последниов почнува да ме иритира кога ја чува топката во свои нозе и пробува да изведе нешто пред нашиот шеснаестерец, наместо да ја избаци напред. Браво за Момо, одличен беше после толкава пауза, а исто така браво и за Поулсен. Одличен пас при голот, солидна игра во дефанзива...
Не кажав погоре, но кажав во еден друг пост. Ме загрижува преголемата желба за надигрување меѓу Амаури и Јакинта. Разбирам да имаат желба за постигнување гол, но толкава желба не е во ред. Јакинта се испречи пред Амаури кога овој вториот имаше доста подобра шанса за да постигне гол. После тоа следеше малечка вербална расправија меѓу нив... Едноставно, немаат хемија и разбирање меѓу нив. Трезеге да беше на местото на Јакинта, сигурен сум дека ќе ја оставеше топката (доколку не беше спремен како што беше случајот со Јакинта).
Редно време е Чиро да си ги свати грешките сериозно, додека не е предоцна. Сеуште сме при врвот на табелата, но нема да трае тоа долго ако продолжат ваквите резултати. Имаме доста тешки утакмици наредниве кола, па да се надеваме дека Чиро е способен да се справи со вакви кризни моменти...