Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Липи не го повикал Маркизио на денешниот тренинг. Маркизио чувстувал болки во коленото, уште од натпреварот со Болоња добил силен удар. Постои опасност Маркизио да оди на операција, а првичните информации е дека огромна е можноста Маркизио да паузира 1 месец, а ако се прави операција најверојатно Маркизио нема да биде достапен и повеќе од 1 месец. линк
 
Член од
20 септември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
vistinata za kalcopoli
PART 1
PART 2
koj procital dobro koj ne neka cita
ncnc jas bev zaposnaen deka juve e namesten ama deka imal tolku mochni protivnici ne znaev..meani i tronketi familiite se edni od nairazvienite biznis semejstva vo evropa...jas zhiveam vo viena i tuka se zboruva deka tronketi se gotovi da investiraat i da kupat avstriskata glavna rafineria i gas kompania..kako i da e da se nadevame deka ovie mrsni lica od italsianskiot fudbal nekoj den che ischeznat i pravdata ke izleze na videlina..

Forza Juve!
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Evo nekih imena na visokim pozicijama :
-Predsjednik FIGC Franco Carraro, bivsi predsjednik Milana i suvlasnik Lazia i Rome kroz banku Capitalia credit bank
-Predsjednik la lega calcio Adriano Galliani ( podpredsjednik Milana )
-Predsjednik italijanske udruge sudija Tulio Lanese , blizak prijatelj Silvia Berlusconija i Milanov navijac.
-FIGC delegati za sudije Bergamo i Pairetto potcinjeni od Carrara , Lanesea i Galianija sto je dokazano snimcima......sad je Colina preuzeo tu ulogu poslije sastanka s Galianijem.
-Premijer Silvio Berlusconi kontrolise nekoliko tv stanica , magazina i novine i jednu od najvecih politickih partija ( Forza Italia ). Kroz prava na tv stanice kontrolise sve prijenose utakmica Serie A i B ( ovo je kasnije iskoristeno kao materijal za ucjenu da Milan ostane u ligi prvaka )
-Italijanski fudbalski sponzor Tronchetti Provera ( dionicar intera i prijatelj Morattija ) je vlasnik Telekoma Italije i Tim mobilea koje su za inter presretale razgovore i koje su i glavni sponzori svih nogometnih natjecanja u Italiji, takode je i vlasnik Pirelli guma ( interov glavni sponzor) i tv stanice La7.
-Federalcalcio(FIGC istrage) predsjednik Borelli, politicki suradnik Berlusconija i takodje je imao tajne sastanke s Galianijem za vrijeme sudenja.
-Federalcalcio komisionar Guido Rossi , bivsi interov direktor i takodje i dionicar bio je takodje u upravnom odboru Telekom Italije.
-Direktor La gazzetta dello sport Carlo Bore takode potpredsjednik intera
-Urednik i vlasnik La gazzetta dello sport Verdelli i Cannavo oboje interovi dionicari.
-Podpredsjednik federalcalcia Massimo Moratti, vlasnik intera.
-Trenutni komisionar federalcalcia koji istrazuje inter radi malverzacija Stefanini radi kao advokat za tim La Spezia ( 40 % vlasnistvo Morattija )

Pa da li i dalje sve izgleda kao sistem koji kontrolise Moggi ?

Овој дел укажува на се:toe:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
ncnc jas bev zaposnaen deka juve e namesten ama deka imal tolku mochni protivnici ne znaev..meani i tronketi familiite se edni od nairazvienite biznis semejstva vo evropa...jas zhiveam vo viena i tuka se zboruva deka tronketi se gotovi da investiraat i da kupat avstriskata glavna rafineria i gas kompania..kako i da e da se nadevame deka ovie mrsni lica od italsianskiot fudbal nekoj den che ischeznat i pravdata ke izleze na videlina..

Forza Juve!
Да беше сеуште Umberto Agnelli жив, овие немаше ни да помислат да преземат било каков чекор против Јувентус. Со смртта на Grande Umberto, почна да се плете мрежата. Веднаш после смртта на Umberto во 2004 година Морати го бараше Лучано Моџи во Интер, а според Моџи тој бил и на плановите на Милан. Моџи го одби Интер, а потоа се случија сите немили настани за Јувентус.
 
Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Да беше сеуште Umberto Agnelli жив, овие немаше ни да помислат да преземат било каков чекор против Јувентус. Со смртта на Grande Umberto, почна да се плете мрежата. Веднаш после смртта на Umberto во 2004 година Морати го бараше Лучано Моџи во Интер, а според Моџи тој бил и на плановите на Милан. Моџи го одби Интер, а потоа се случија сите немили настани за Јувентус.
Како што реков,Интер се најголемите лопови,зборуваат за Моџи како местач и се друго а они го барале Моџи ,го молеле да дојде во Интерrulez

Јуве ќе се обидат да го ангажираат 21 годишниот голман на Њукасл,Тим Крул
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Ама и Јуве не е екипа во која секоја сезона се менуваат тренери. 2-3 нерешени и еден пораз не е причина да се отпушти тренер, плус една легенда на клубот каков што е Чиро Ферара. Чиро ја има максималната поддршка од фановите, Управата, Бордот за функцијата што ја врши. Минатата сезона Барса го ангажираше Гвардиола, во првите 9 натпревари Барса имаше 4-5 нерешени резултати, па на крај успеа да освои три титули. Чиро ќе се справи со оваа ситуација.
Јас не реков ништо против Ферара само мислам дека не треба да се чека толку долго за да дојде до отказ на тренер (кога Раниери киксаше неколку утакмици кои не коштаа титула) Реал менува тренери што од моја страна е исправен потег, кога се гледа дека не го бива подобро тргни го на време за да не ти го упропасти цел тим, па макар завршил и 2 на табела ама да не се нервираш дур го гледаш како го упропастува тимот (не го велам ова за Ферара, мислам на Раниери) баш ме интересира каков карактер ќе покаже сега Чиро, без разлика што е легенда на ЈУВЕ, се надевам дека има нешто научено од Липи, доколку продолжи со бледи изданија не гледам зошто би морало цела сезона да седи на клупата на ЈУВЕ, зш ако се деси тоа ќе имаме реприза од минатата сезона:toe:
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786

Значи ќе зборам објективно за ангажирањето на нов тренер, не конретно во случајов замена на Чиро.

Мислиш дека нов тренер среде најважните натрпревари на тимот ќе го реши проблемот? Новиот тренер нема да ја знае тактиката, квалитетите, предиспозициите на своите играчи, тимот ќе треба да се адаптира на нова тактика под кормило на новиот тренер, и ќе настане хаос. На нов тренер (под нов во случајов подразбирам тренер кој дошол на крај на прошлата сезона, или најкасно, почетокот на летниот трансфер период) не може да му се суди по неколку кикса на почетокот на првенството. Треба да му се даде време да ја разреши ситуацијата, да го увиди проблемот во тимот.

Сигурен сум дека Чиро ќе го увиди нашиот проблем, и дека ќе биде надмината оваа криза. Ја има целосната поддршка од тимот, управата, навивачите, и сигурен сум дека овој лош период за нас ќе биде надминат, почнувајќи од натпреварот со Фиорентина. :пивце:
 
Јас не се сомневам во способностите на Чиро, и сигурен сум дека ќе се справи со оваа ситуација на најдобар можен начин. Разликата меѓу него и Раниери е евидентна. Во времето на слаби резултати Раниери упорно користеше иста формација, исти играчи, воопшто не се трудеше да ја промени играта, додека пак Чиро веќе најавува дека ќе има промени на формација, промена на начин на игра и верувам дека ќе дојде до вистинскиот пат да го врати победничкиот ритам во тимот.

Џиџи исто така изјави дека Чиро ќе ги достигне најголемите фудбалски височини со Јувентус, а Џиџи е познат по тоа што најчесто е приземјен и реален во своите изјави, и тој најдобро ги знае состојбите во тимот.

Кавани, мултиталентираниот 'Ел Матадор' изјави дека во иднина сака да игра за Јуве и за Челзи. Оваа му е втора ваква изјава и верувам дека ако продолжи со онакви игри дека и наскоро ќе ја има и таа чест да го носи дресот на Јуве, се надевам во пакет со Кјаер. линк
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Значи ќе зборам објективно за ангажирањето на нов тренер, не конретно во случајов замена на Чиро.

Мислиш дека нов тренер среде најважните натрпревари на тимот ќе го реши проблемот? Новиот тренер нема да ја знае тактиката, квалитетите, предиспозициите на своите играчи, тимот ќе треба да се адаптира на нова тактика под кормило на новиот тренер, и ќе настане хаос. На нов тренер (под нов во случајов подразбирам тренер кој дошол на крај на прошлата сезона, или најкасно, почетокот на летниот трансфер период) не може да му се суди по неколку кикса на почетокот на првенството. Треба да му се даде време да ја разреши ситуацијата, да го увиди проблемот во тимот.

Сигурен сум дека Чиро ќе го увиди нашиот проблем, и дека ќе биде надмината оваа криза. Ја има целосната поддршка од тимот, управата, навивачите, и сигурен сум дека овој лош период за нас ќе биде надминат, почнувајќи од натпреварот со Фиорентина. :пивце:
Пак ќе повторам немам ништо против Чиро само велам дека не треба да помине толку време за на некој да му дојде памет дека треба да менува нешто (зборувам за Раниери) ти велиш дека нема да знае тактика какви се играчите и сите останати работи поврзани со тимот, епа Раниери гледам колку добро ги познаваше ми се идеше да скршам и пц и тв поради тој слепец и глупак, тоа ме плаши да не излезе Чиро нешто слично како него ипак сум за некој поискусен тренер кој ке им стави до знаење многу работи на играчите, али тоа е џабе веќе, одлуката е донесена: Чиро да не води оваа сезона, времето ќе покаже се, крај на крај ние навивачите се нервираме, не тие, си го полнат џебот и баш ги боли за клубот.
 
Никој не рече дека имаш нешто против Чиро... :wink:

Е сега, околу другото. Првата сезона кога дојде Раниери, имаше за задача да постави основа на тимот одкако се вративме во Серија А, и воедно да биде во првите 3-4 места. Првото место беше речиси невозможно таа сезона, така да добра работа заврши Раниери со освојувањето на третото место. Втората сезона, односно лани, целта беше, како што викаше управата да се постигне подобар успех од ланскиот. Раниери тоа и го направи. Избори второ место во Серија А, ијако можеби не бевме толку конкурентни колку што се очекуваше да бидеме, но сепак, Раниери си го оствари зацртаното. Во ЛШ бележеше супер резултати, бевме први во група, изигравме добри утакмици... Но, ланската сезона на крајот, Раниери бележеше доста слаби натпревари, и тоа не само 3-4 како што е случајов со Чиро, туку многу повеќе, како што знаеме. Го доведе до прашање и второто место во Серија А, каде почнаа работите да излегуваат од контрола. Се добиваше впечаток дека излегува од колосек неговиот Јувентус, па така управата реши да превземе нешто. Сето тоа се собра, и управата реши да се даде шанса на друг човек, човек со харизма и со победнички дух. Чиро беше донесен на проба како привремено решени, и со оглед на тоа како ќе се справи со ситуацијата во тимот, ќе се донесеше одлука дали Чиро ќе биде тренер и идната година. Чиро одлично си ја заврши работата во тие два меча, и управата целосно му пружи доверба, и го постави за тренер и оваа сезона. Сезоната е пред него и пред неговиот тим, ајде да му дадеме шанса да ја оправда довербата на тимот, навивачите и управата, кои како што реков, целосно го поддржуваат.

И пак ќе кажам... Не се сомневај во способностите на Чиро по само неколку кикса, не е никакво мерило тоа... Како што кажа и Кико, и Пеп лани со Барса на почетокот не беше најсјаен, но видовме како заврши ланската сезона на Барселона.
 
Па во тој контекст ти беше пишан постот барем јас така го сватив, ти мислиш дека прошливе 2 сезони се успешни, за мене искрено не се, зошто можевме многу подобро од тоа, Чиро ги доби тие 2 меча тука нема ништо спорно, но ме интересира како ќе се справи сега, многу нерешени а еве и прв пораз, баш затоа и ја отворив оваа дискусија за да видиме кој како размислува за тренерското место (иако некои сметаат дека тоа е најмал проблем за тимот), Чиро некако ми делува како Леонардо во Милан, незнам зошто ама имам некое претчуство дека ги има испуштено конците од раце, ова го мислам по според мене најлошата игра на ЈУВЕ во последните 3 години, дуелот со Палермо, ајде објасни ми ти сега како е можно тренер што ја познава најдобро одбраната од сите други тренери во Италија (бивш одбрандбен фудбалер) може да дозволи таква слаба игра во одбрана на псоледните 3-4 дуели, ни измените не му се на место, зошто не проба со Касерес како централен, баш го паметам момчето во Рекреативо играше супер а можеше да се донесе и Луизао, туку тој упорно игра со Легро и Киело, зошто не ротира малце, нон стоп едно исто и нон стоп си примаме голови од прекини и од контри (пребавни ни се дефанзивците посебно Легро, ко баба е човекот), баш ќе видиме со Фиорентина, доколку тука славиме ќе повлечам се што сум рекол против човекот зошто тоа ќе биде вистински тест (во моментов екипа со најубава игра во калчото) но доколку и тука киксне дефинитивно мислам дека го чека иста судбина како Леонардо (пред отказ), времето ќе покаже се. FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS
 
Види, никој не е задоволен од последниве 2 сезони. Сите сакавме титула, нормално, и тоа влијаеше до негде на одлуката на управата да се донесе нов тренер. Меѓутоа, да бидеме реални, првата сезона Раниери извади максимум од тимот. Е втората сезона, очекувавме титула, и да, се сложувам дека ланската сезона беше неуспешна. Лани Раниери потфрли многу, особено на крајот, со што сите знаевме што следува. Но друго ми е поентата...

Велиш ситуацијава со Чиро ти наликува на онаа на Леонардо во Милан? Милан сезонава играат како тим без никакви амбиции, само Ливорно и Аталанта имаат дадено помалце голови од нив, немаат никаква игра, и пред се, немаат никакви резултати. Види ја првенствената табела и ќе сватиш што ти зборам. Во Милан дури беше свикан и состанок да се дискутира кризата на Милан, што кажува каква е ситуацијата таму. Нема смисла после 2 кикса да донесеш ваква констатација.

Околу примените голови и одбраната... Ни фалеше Канаваро, очајно многу. Се сложувам околу идеата со Касерес, но сепак, тоа е тоа. Легротаље беше првиот избор на Чиро можеби поради воиграноста со Киелини од ланската сезона, или искуството, не знам. Како и да е, сигурен сум дека Чиро е свесен каде се грешките на тимот и дека ќе придонесе истите да се поправат и веќе да не се случуваат. На крај краева, немаме примено којзнае колку голови. 11-6 е односот дадени - примени голови кај нас. Од тие 6 голови, 5 се примени без Канаваро во тимот, што кажува на неговата важност сезонава.

Времето ќе покаже, меѓутоа не го потценувај Чиро... :smir:
 
Не го потценувам само мислам дека нема искуство за да го води ЈУВЕ, а од 2 меча можат да станат и многу повеќе, незнам мене не ми мириса на арно работава, можда сум премногу песимист али после дуелот во неделата незнам што да мислам, таков ЈУВЕ немам гледано уште од 1995, сме губеле и со поголем разлика али таква бледа игра никогаш, ајде да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро:smir:
 
Moжат, но дали ќе станат? =) Да му дадеме време на Чиро, сигурен сум дека резултатите ќе стигнат. :точно:
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Moжат, но дали ќе станат? =) Да му дадеме време на Чиро, сигурен сум дека резултатите ќе стигнат. :точно:
Е тоа е прашањето дали ќе станат?- А сигурни ли сме дека нема да станат, лани како што памтам влегувавме во многу лоши серии по неколку меча без победа, е тоа сакам да видам сега каква ќе биде реакцијата на Чиро против Виола, победи ли тука,сигурен сум дека можеме до скудетото оваа сезона, и само да не киксаме против помалите тимови, како што има изјавено Липи :Титулата се освојува со победи против малите екипи а не против големите !, е сега дали ќе биде така само времето знае. FINO ALLA FINE FORZA JUVENTUS
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom