Никој не рече дека имаш нешто против Чиро... :wink:
Е сега, околу другото. Првата сезона кога дојде Раниери, имаше за задача да постави основа на тимот одкако се вративме во Серија А, и воедно да биде во првите 3-4 места. Првото место беше речиси невозможно таа сезона, така да добра работа заврши Раниери со освојувањето на третото место. Втората сезона, односно лани, целта беше, како што викаше управата да се постигне подобар успех од ланскиот. Раниери тоа и го направи. Избори второ место во Серија А, ијако можеби не бевме толку конкурентни колку што се очекуваше да бидеме, но сепак, Раниери си го оствари зацртаното. Во ЛШ бележеше супер резултати, бевме први во група, изигравме добри утакмици... Но, ланската сезона на крајот, Раниери бележеше доста слаби натпревари, и тоа не само 3-4 како што е случајов со Чиро, туку многу повеќе, како што знаеме. Го доведе до прашање и второто место во Серија А, каде почнаа работите да излегуваат од контрола. Се добиваше впечаток дека излегува од колосек неговиот Јувентус, па така управата реши да превземе нешто. Сето тоа се собра, и управата реши да се даде шанса на друг човек, човек со харизма и со победнички дух. Чиро беше донесен на проба како привремено решени, и со оглед на тоа како ќе се справи со ситуацијата во тимот, ќе се донесеше одлука дали Чиро ќе биде тренер и идната година. Чиро одлично си ја заврши работата во тие два меча, и управата целосно му пружи доверба, и го постави за тренер и оваа сезона. Сезоната е пред него и пред неговиот тим, ајде да му дадеме шанса да ја оправда довербата на тимот, навивачите и управата, кои како што реков, целосно го поддржуваат.
И пак ќе кажам... Не се сомневај во способностите на Чиро по само неколку кикса, не е никакво мерило тоа... Како што кажа и Кико, и Пеп лани со Барса на почетокот не беше најсјаен, но видовме како заврши ланската сезона на Барселона.