Јуве - Џенова 2-2. Офсајд или не, сепак натпреварот заврши и таа одлука на судијата неможе да се поништи. Џенова е тешко гостување, но сепак можеше да се извади и победа, но што е тука е.
Буфон - Си ја одработи задачата на ниво. Иако прими 2 гола, тие беа најмалку негова вина. Се гледа дека се враќа во онаа форма од 2005та и тоа ќе биде одлично за тимот.
Григера - Мечот го изигра по добрите перформанси прикажани против Ливорно, но сега продолжи со неговите слаби игри. Ниту една топка не нафрли кон напаѓачите што мислам дека не смее да си дозволи еден десен бек на тим каков што е Јуве.
Киелини- Доста нестабилен на моменти, имаше неколку грешки, но и добри интервенции.
Легротаље - Исто како и Киелини .
Гросо -Во секој случај беше подобар од Григера, иако и тој не упати ниту еден прецизен центаршут, но слободните (освен последниот) ги изведе одлично.
Се на се, слабо издание на одбраната на Јуве. Мора да поработат на високите топки, мислам дека не би требало да биде тоа голем проблем, бидејќи и Легро и Киелини се високи, но сите голови што Јуве ги има примено годинава сите се од прекин, со нафрлени топки, и токму на тоа треба да се поработи.
Мело - Играше многу поповлечено од стандардно, но пак се докажува дека се работи за играч кој поседува големи квалитети.Понекогаш прикажува нервоза (особено кога губи) но сепак се работи за играч кој е од огромна помош.
Поулсен - Одлично го почна натпреварот, ако продолжеше во таков стил ќе го изиграше најдобриот натпревар во дресот на Јуве, но после беше без никаква идеа, гледаше што побргу да се ослободи од топката, и често правеше почетнички грешки.
Маркизио - Одличен натпревар за Маркизио. Комплетен играч од средината, кој е добар и во нападот, и во одбраната, и кој знае да создаде простор. Огромна работа врши во средината.
Каморанези - Изигра супер, трчаше и се трудеше да создаде што е можно повеќе шанси. Имаше и една изгледна позиција за гол, а и тој беше асистент на првиот гол на Јакинта.
Се на се средината не изигра толку лошо. Мело, Маркизио и Каморанези си ја завршија својата работа, и мислам дека многу работи ќе се решат кога ќе се врати Момо Сисоко во тимот.
Јакинта - Голем работник, трча, се труди, постигнува голови, и тоа е тоа што се бара од него.
Амаури - Можам да кажам дека ова е еден од најслабите натпревари (ако не и најслаб) на Амаури во дресот на Јувентус. Мислам дека еден постигнат гол за него би завршил голема работа во поглед на самодовербата . Се надевам дека ќе се поправи.
Трезеге - Трезе, џокерот на клупата на Јуве. Малку изигра, но тоа што го изигра го изигра маестрално и мислам дека дефинитивно е стартер на натпреварот со Болоња, заедно со Јакинта.
Џовинко - Добри перформанси на Џио на овој натпревар.
Чиро Ферара, почна со добра формација, и резултираше со гол. Мислам дека требаше да го внесе во игра Трезеге многу порано. Треба да поработи на одбраната, посебно за дуелите при прекините, и нафрлените топки.
Севкупно, Јуве е на делба со Интер на првото место со 13 бода. Од три тешки гостувања на почетокот на сезоната (Рома, Лацио и Џенова) Јуве извади 7 бода што не е лошо, иако можеа да бидат 9 . Се надевам дека ќе го научат искуството со Џенова, и уште отсега да се концентрираат на натпреварот со Болоња дома, и со Баерн Минхен во ЛШ, кој е од доста големо значење за Јуве.
И за крај, последниот заклучок. Од сите 5 утакмици во првенствово, во оваа највеќе се осеќаше одсуството на Дел Пиеро. Очајно ни требаше шутер на слободни удари денеска, како и играч кој умее да навлече по 2-3 дефанзивци на противничкиот тим. Се надевам дека со Болоња ќе биде спремен...
Потполно се сложувам. Амаури, Трезе и Јакинта се слични играчи со слични карактеристики, и мислам дека подобро е кога на терен се има еден од нив, заедно со Дел Пиеро. Кога се игра со двајца такви напаѓачи, а во тимот го нема Диего да му пласира топки, и кога бековите немаат асален центаршут, мислам дека Дел Пиеро токму тука ќе ја направи разликата. Се надевам дека Пинтуричио ќе биде стопроценти спремен за дуелот со Баерн, бидејќи токму на такви натпревари, неговото искуство може да изигра круцијална улога.