Тоа е тоа,групава не е ни малце лесна.Бордо е доста солидна екипа,особено кога играш без главната ѕверка во тимот.Сепак првово коло помина,и ни остануваат 2 недели до главниот дуел....
Ме интересираат коментари,да развиеме една жустра дебата,додека биде натпреварот.
Мислам дека годинава имате далеку посолидна екипа,една добра реконструкција во сите сегменти од особено средината,нешто слична на тоа ние пред две сезони што напраивме,кога ни беше потребно зајакнување на екипата,кога беа донесени Рибери Тони Клосе.........
Сепак сметам дека може да наидете со истиот проблем на кој ние наидовме,и со кој се боревме се до ова лето кога дојде Робен.
Имате добра игра во италијанско,оди екстра додека игра Диего.Штом Диего го нема екипата се менува,ај да не речам целосно,ама 50% сигурно.Истото ни се случуваше и нас,кога не играше Рибери.Затоа фановите летово сите жестоко протестираа да се донесе уште една ѕверка,за да конечно се тргнеме од тој проблем,и дојде Арјен Робен.
Сепак да се надеваме дека и Диего,и Рибери&Робен ќе бидат 100% фит за утакмицата за да гледаме безобразен фудбал.
Од мене толку,очекувам дебата.:helou

одбројување-14 дена)