Абе Раниери е крив што изгубија 2 сигурни бода во Фиренца иако Мелберг им подари победа , Раниери е крив што изгубија 2 сигурни бода со Катанија , он погоди 3 стативи и тој е крив за грешката на Киелини за примениот гол , и денес е крив Раниери , Сисоко доби црвен ( тука лежат се на се добри 7 бода ). Секогаш сум велел дека Раниери не е тренер за голема екипа , погледнете го неговот минато и ке сватите зашто го говорам истото , али и факт е дека не сноси кривица за дел од загубените бодови сезонава , посебно НЕ за мечевите со Катанија и Фиорентина , башка што добри две сезони Јувентус не играле ваков распоред на мечеви , со ЛШ во истиот .
И играчите сносат голема одговорност за моменталната состојба на Јуве ( со Фиорентина Мелбег , со Катанија нереализацијата и Киелини , денес Сисоко ) , така да не верувам дека Ферара го има '' тоа '' во него за да го врати Јувентус на старите патеки .
Во голееем дел од постот си во право.
Знајш дека бев еден од поддржувачите на Раниери и токму тие работи не му ги сметам за минуси арно ама има некои работи кои ме тераат малку да се двоумам за него
Од другата страна (значи фактори кои почнувам да ги бројам против него)
- Чудни трансфери (кнежевич, поулсен, мелберг, тиаго, алмирон), и во челзи имаше неколку вакви експерименти кои подоцна испаднаја дека се добри за клубот (ама по неколку сезони)
- Спор развој на тимот (сите навивачи на јувентус се навикнати не титули, несмисливо е во јувентус некој да добива шанса 3-4 години да гради тим) да не претерам ама незнам дали постои период во историјата кога јувентус не освоил титула некои пет години. Ова не велам дека е лоша карактеристика ама некако не одговара во овај клуб.
- Рапиден развој (постои таков), што би било потребно за да се направи супер сила по нападот од алчко во 2006. Да се доведи тајкун кој ќе се расфрла со пари или пак Фиат ќе го одврзат кесето (ова второто нема да се случи сигурно , очигледно се определиле за долга варијанта, впрочем и досега полека и стабилно го градеја клубот). Значи останва варијантата со тајкунот, некако тешко оди и таа, челзи Абрамович (некое време веќе го составуваја тимот), Интер (ич да не прам муабет трагедија), Ливерпул (пример за нестабилни газди то е најлошо шо би се случило), Сити (хмм, ќе видиме, ама и таму не вервам во чуда).
- Да се вратам на раниери и неговите „лоши“ страни,
- лоши формации, ова некако добро се вклопва со теоријата за спор развој, значи во моменти кога победата не е приоритет да се форсираат експерименти (дали ова би значело дека титулата не е приоритет, ако раниери остани очигледно дека главната идеја е тоа, стабилен тим базиран врз повеќето од овие играчи во следната година или некој потаму). Доколку дојди нов тренер ова нешто нема да можи да го попрај, дури и да форсира иста формација и испитани тактики, прашање на време ќе биди кога ќе биди прочитан, значи и нов тренер не би променил ништо секој мора да си игра со формацијата.
од друга страна против појаките екипи раниери константно вади добри резултати шо би значело дека знае што работи.
- повреди, (некој можи ќе речи каква врска има раниери со нив). Има и тоа голема. премногу напорни тренинзи и неправилно распоредвање на напорот можи да доведи до заебани повреди + малку несреќа и еве ви полна болница. (ова многу не одговара со другата теорија)
- авторитет (ова ме плаши најмногу), кавгата со алекс можи да му биди многу битна. друга работа, негова задача е да ги контролира играчите (пример Сисоко или Зебина), не СМЕЕ ни случајно играчите да си дозволат да го вадат својот бес на терен (не е само денес за Сисоко).
Се на се како шо гледате се двоумам за раниери од една страна можеби треба да ја добие сезонава за полека да го гради тимот кој ќе можи да игра паралелно на два фронта од друга страна пак се плашам дека ги испушта работите од раце и можи да заеби за следната сезона да немаме ЛШ. Засега не е критично -4 (мислам)од Интер не е така лошо. значи можиме да ги стигниме.
Мислам дека нема да биди отпуштен барем сезонава, колку и да не вади од нерви раниери со повремените лоши резултати. Сеуште приоритет ќе биди градењето на тимот и мислам дека ќе се форсираат најдобрите формации во ЛШ, доколку моментот ќе избега околу 10 поени (АКО) можи да биди критичен. Засега мислам дека раководството не гледа криза и веројатно само ќе гледа бекап во некој како Чиро. Ако го тепаме Реал во двобојот (обезбедвање пласман натаму во лп) сметајте дека раниери ќе остани на подолго.
То е моето мислење мислам дека треба само малку да го скротиме апетитот и да чекаме