Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.656
Поени од реакции
5.339
.Тренер треба да се бира помеѓу Конте и Прандели.Јас повеќе сум за вториот само поради поголемото искуство.Конте е Конте легенда на Јувентус секако дека и тој би сакал да дојде во Јувентус.

Како и да е, се надевам дека управата ќе знае што прави при изборот на тренерот,и ќе го одбере најдоброто решение за Јувентус!

Меѓутоа несмееме и да го заборавиме најважниот дел,а тоа се засилувањата!Канаваро за него секој има различно мислење.Го сакав кога играше во Јуве и кога замина највеќе ми беше жал.Не го сакам во Јуве не само заради тоа што си замина,мислам дека е и стар за во Јуве.За привремено решение е добар.Диего ми е најголема желба да потпише со Јувентус меѓутоа да не збориме пред време.Кога ќе го видам на промоцијата ќе можам да кажам.Ѓ

Сум спомнал и во претходните мои постови дека најболни точки ни се бековските позиции и партнерот на Сисоко во средината.Крискито би бил добар за замена на Молинаро,ама балетанот Григера ми боде очи.Под итно за него треба да се најде замена.

Значи со 4 засилувања на најболните позиции и со добар тренер би требало да се вратиме на врвот во Италија,каде што секогаш сме припаѓале!Чекавме 2 години да се вкомпонира и создаде добар тим,мислам дека е во завршна фаза создавањето на тим кој доликува да ги брани боите на Јувентус.
Со Прандели настрана, мислам дека најмногу би ни одговарало на тренерската позиција да седне Конте, а и Гасперини не би бил лош..
Јас мислам дека вака би требало да изгледа листата на желби на Јувентус за заменик на Раниери:

1.Прандели
2.Конте
3.Гасперини

1.Го сакам Прандели, но многу тешко веројатно е дека тој ќе ја напушти Фиорентина, иако денеска многу гласни се шпекулациите за тоа дека ќе има рокади меѓу Рома, Јуве и Фиорентина на тренерските позиции..Прандели е класичен Италијански тренер и мислам дека би се снашол во Јувентус, и отсекогаш сум го почитувал..Прва опција би ми бил доколку би имал и макар мала шанса да дојде во Јувентус, и се надевам дека може да се случи чудо..

2.Конте тој според медиумите е најсериозен кандидат за тренерското столче на Јувентус..Можеби не е толку искусен со голем тим, но гледајќи ги чудата што ги прави во Бари годинава, и огромната почит што ја стекна во Италијанската јавност, мислам дека може да биде Гвардиола на Јувентус..

3.Гасперини не можеш да го споредиш со Раниери бидејќи тој негува напаѓачки фудбал, и многу го почитувам бидејќи почитува младинци и со него во тимот сигурен сум дека тоа ќе биде како кец на десетка за Џовинко, Де Чеље и Маркизио, и уште еден плус му е што бил тренер на младинците веќе 10 години, и добро ги познава нашите младинци...
 
Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Моџи во својата колумна го кажа своето мислење околу работите кои се случуваат во Јувентус...
Инаку се шушка дека ќе има размена на тренери меѓу три тима:

Спалети во Фиорентина
Прандели во Јувентус
Раниери во Рома...
Живи глупости:tapp:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.656
Поени од реакции
5.339
Радосни вести за Буфон..Ќе го добие 2рото дете..Ете му причина за задоволство и среќа..Се надевам дека ќе ја пренесе и на другите соиграчи во тимот...
 
F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.005
Поени од реакции
393
Живи глупости:tapp:
Браво бе тимче.. Се средуваш по полека со постојве.. Сега манесто 24841347896 смајли, сега пишуваш по 2 збора.. Алал да ти е.. Чоек да го мрзи да прочита вака голем пост! Ц ц ц ц ц

П.с Кога се работи за иден тренер на Јуве, јас сум за Конте.. Човекот со години играше во Јуве, и мислам дека со цело срце ке го предводи тимот и ќе дава се од себе.. Доколку дојди Спалети ни се е*а мајчицата.. По дудук тренер не можи да најдиме.. Се надевам дека Конте ке биди идниот тренер на Јуве.. Не само заради тоа што го поштовам, заради тоа што стварно вреди и како што кажа Кико погоре чуда прави со Бари оваа сезона во Серија Б.. Баш би сакал да испадни тренер како Гвардиола..
 
vucko

JuveManiac
Член од
16 јануари 2008
Мислења
192
Поени од реакции
23
ОООООО дечки, што вака дебатирате за смена на "Rani-seri", јас кога пишував за негова смена и за смена на целото раководство, сите вие собиравте репутација на мои постови, а ете до каде дојдовме, за 3 место да се бориме така?
Епа затоа и не ме нема на форумов! Не ја гледате реалната слика, сами си создавате слики според медиумските приказни, а воопшто не знаете што воедно се случува внатре меѓу играчите и раководството од една, и симпатизерите и навивачите од друга страна...

Ве пратам постојано што пишувате и присутен сум на сите дебати од можни состави за пред-утакмица до крајните заклучоци и секакви дебати, но очигледно не знаете дека оваа управа и овие луѓе што го водат нашиот голем Јуве воедно се и најголемите фудбалски анонимуси и имаат учествувано во повеќе скандалозни разврски слични на Јуве... Јас собирам факти и документи, но немам намера да објаснувам и да пишувам овде и сега, се додека не се отпушти и последниот од овие скотови кои го запоседнаа Јувентус!!!

Сакам да ве поздравам сите, stay ULTRA Black & White & FORZA JUVENTUS SEMPRE!!!
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Дали трач или вистина незнам ама еве што сретнав на нет.

ITALY/ JUVENTUS, Ferrara ready to replace Ranieri
More

Платини со поддршка за Јуве.

Тука
 
Kista

ADP *10*!!!!!!!!!!
Член од
7 април 2008
Мислења
988
Поени од реакции
32
ако дојде Ферара ке биде супер.јас многу го поштувам човекот.колку само има допринесено за Јувентус и тој самиот не знае.во секој случај или Конте или Ферара.зачо липи нема чансид а се врати као тренер:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram
 
Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Прандели нема да си оди од Фиорентина додека Дела Ваале е прецедател,а и започна добар проект со млади фудбалери така да тешко!
 
Kista

ADP *10*!!!!!!!!!!
Член од
7 април 2008
Мислења
988
Поени од реакции
32
Прандели нема да си оди од Фиорентина додека Дела Ваале е прецедател,а и започна добар проект со млади фудбалери така да тешко!
не викај два пати.ако му се прузи некоја добра понуда и тоа како мозе да си замине.доколку му понуди некој клуб којчто има амбиции во појако натпреварување.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.656
Поени од реакции
5.339
ОООООО дечки, што вака дебатирате за смена на "Rani-seri", јас кога пишував за негова смена и за смена на целото раководство, сите вие собиравте репутација на мои постови, а ете до каде дојдовме, за 3 место да се бориме така?
Епа затоа и не ме нема на форумов! Не ја гледате реалната слика, сами си создавате слики според медиумските приказни, а воопшто не знаете што воедно се случува внатре меѓу играчите и раководството од една, и симпатизерите и навивачите од друга страна...

Ве пратам постојано што пишувате и присутен сум на сите дебати од можни состави за пред-утакмица до крајните заклучоци и секакви дебати, но очигледно не знаете дека оваа управа и овие луѓе што го водат нашиот голем Јуве воедно се и најголемите фудбалски анонимуси и имаат учествувано во повеќе скандалозни разврски слични на Јуве... Јас собирам факти и документи, но немам намера да објаснувам и да пишувам овде и сега, се додека не се отпушти и последниот од овие скотови кои го запоседнаа Јувентус!!!
Па ако зборуваме за упропастување, Моџи беше обвинуван (и сеуште е) дека го упропасти на финансиски план Наполи, и префрлањето во најниска лига на Наполи многу души му го препишуваат на Моџи..Од моменталнава Управа, Секо е дојден по совет на Моџи (пред тоа работеше како негов помошник), Блан е дојден бидејќи е личен пријател со Џон Елкан и е задолжен повеќе за техничко-финансиските работи во клубот ( и е прогласен за еден од најдобрите економисти во Италија, за тоа што е платен во Јуве)..Тој ја договори зделката со Спортфајв да го финансираат половина од вкупниот износ за новиот стадион, и исто тој ја договори зделката со Сони Ериксон, и постои можност од вгодина Сони Ериксон да е официјален спонзор на Јувентус (вклучувајќи ги и дресовите)...
Претседателот Џиљи во минатото е еден од менаџерите кој беше обвинет во RCS- Germina скандалот, но после полициското испитување и судењето се испостави дека Џиљи нема никаква врска со тоа и е ослободен од обвинение..

Сега што се почетници во фудбалот се, рака на срце немаат блескави трансфери, но исто така не можеш да ги обвиниш дека биле матни во минатото, кога Блан има завршено 2 факултети и е еден од најреспектираните економисти во Италија, а токму тој е задолжен за економскиот сектор во Јувентус..

Но исто така не можеме да ја кривиме само Управата за трансферите, кога Сопствениците се тие кои одлучуваат за парите кои ќе ги има Управата на располагање..А веројатно си прочитал за тоа дека Моџи на времето добиваше 3 пати побогат буџет од тој што го добива во моментов Џиљи..И тоа треба да се земе во предвид...

Раниери сите го поддржуваа, и навивачите пееја песни за него до пред 2 месеци..Гледај на ЈуТуб клипови кај што му пееја после натпреварот со Милан, со Реал, со Рома пред 1 месец, со Болоња итн...

Но, атмосферата е таква во Јуве каква што е, и моментално се бара виновник, а тоа е Раниери и веќе е повеќе од сигурно дека ќе биде отпуштен на крајот од сезонава..

Точно дека не е само тој виновен, треба и Управата да земе одговорност, но треба сите работи да се имаат во предвид..

Не може Џиљи и Секо да имаат успех како Моџи, кога истите добиваат 3 пати помал буџет...

Јас собирам факти и документи, но немам намера да објаснувам и да пишувам овде и сега, се додека не се отпушти и последниот од овие скотови кои го запоседнаа Јувентус!!!
Ако имаш некој други факти за Блан, Џиљи и Секо, добро би било да ги споделиш на форумов....

ако дојде Ферара ке биде супер.јас многу го поштувам човекот.колку само има допринесено за Јувентус и тој самиот не знае.во секој случај или Конте или Ферара.зачо липи нема чансид а се врати као тренер:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram:ne_zboram
И да дојде Ферара тој би бил само привремено решение до крајот на сезонава, после ќе се бара друг!!!
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
За сите шо сте за спалети, морам да кажам дека тој е форсиран баш поради неговото богато искуство (побогато од останатите). Арно ама шо можиме да заклучиме од неговото искуство? Според мене дека не чини. Рома слабо добива клучни мечови, играја неколку пати со манчестер и не можеја да гопобедат. Немам слушнато никаква оптимистичка изјава од чоекот. Според мене НЕ.

Радосни вести за Буфон..Ќе го добие 2рото дете..Ете му причина за задоволство и среќа..Се надевам дека ќе ја пренесе и на другите соиграчи во тимот...
Ајде со среќа нека му е. Па нормално се лути чоекот сака децата даго гледат кај шоќе победва.

ОООООО дечки, што вака дебатирате за смена на "Rani-seri", јас кога пишував за негова смена и за смена на целото раководство, сите вие собиравте репутација на мои постови, а ете до каде дојдовме, за 3 место да се бориме така?
Епа затоа и не ме нема на форумов! Не ја гледате реалната слика, сами си создавате слики според медиумските приказни, а воопшто не знаете што воедно се случува внатре меѓу играчите и раководството од една, и симпатизерите и навивачите од друга страна...

Ве пратам постојано што пишувате и присутен сум на сите дебати од можни состави за пред-утакмица до крајните заклучоци и секакви дебати, но очигледно не знаете дека оваа управа и овие луѓе што го водат нашиот голем Јуве воедно се и најголемите фудбалски анонимуси и имаат учествувано во повеќе скандалозни разврски слични на Јуве... Јас собирам факти и документи, но немам намера да објаснувам и да пишувам овде и сега, се додека не се отпушти и последниот од овие скотови кои го запоседнаа Јувентус!!!

Сакам да ве поздравам сите, stay ULTRA Black & White & FORZA JUVENTUS SEMPRE!!!
Бате ако имаш факти документи и слично, бујрум покажи ако не незнам која ти е целта на постот. Ако планираш да се фалиш ...џабе вака не ни значи ништо. Мислам дека се разбравме.
 
Kista

ADP *10*!!!!!!!!!!
Член од
7 април 2008
Мислења
988
Поени од реакции
32
као шо најдов нешо на нет гледам дека и Il Grande Capitano ке стане татко по втор пат.еве инфо:

It’s a double happy event for the Juventus family, or rather a double stork visit. Sonia Amoruso and Alessandro Del Piero’s second child is born: Dorotea.

It was Del Piero himself who announced it on his website: "Sonia and I have become parents for the second time. Dorotea was born and we are very happy to share with you this happy event. Both mother and child are very well. We thank you for all your affection".

This is not all, however. Even Gigi Buffon is about to become a father for the second time: after the birth of little Luis Thomas, the goalkeeper and Alena Seredova are in fact expecting another child.

To both our champions and their families go our most heartfelt congratulations on behalf of Juventus and all the supporters.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Спортскиот директор на Вердер од Бремен, Клаус Алофс, признава дека Диего може да го напушти клубот за време на летниот трансфер период.

Баерн Минхен изрази голема желба за бразилскиот плејмејкер и пред неколку дена генералниот менаџер Ули Хенес изјави дека ако Рибери си замине од Баерн, Диего ќе биде неговата замена.

Исто Јувентус и Манчестер Сити се многу блиску до ангажирање на поранешниот фудбалер на Порто и бразилски репрезентативец. Сепак Алофс истакнува дека само ако им ја понудат бараната цена тогаш ќе може да преговараат.

“Не можам да речам дека не го продаваме, затоа што може некој ќе испадне со некоја понуда која ние не можеме да ја одбиеме.“ Gotovo ni go zedoja

:nesvest:
 
епа едниот од двајцава ке биде во нашите редови.е сеа кој......останува времето да показе.:smir::smir::smir::smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom