Не е сигурно, но најверојатно Сењор Раниери се с'рчкал и со Дел Пиеро. Како повод се најавува замената на полувремето на натпреварот против Киево и тоа што Дел Пиеро се појавил на тренингот после говорот на Раниери во соблекувалната.
Тука
Новинарите најдоа плодна почва за правење пари во заменувањето на Дел Пиеро со Трезеге..
Тука нема никаква вистина, се е само правење пари...Гарантирано...
А и да е вистина, јас застанувам од страната на Раниери..Дел Пиеро беше тотално индиспониран и неефективен во Неделата, а на Јувентус токму тоа му недостигаше и затоа логично беше да се замени..Нема замерка за тоа што го замени Дел Пиеро, Раниери..
Во Јувентус треба да играат оние играчи кои се во форма, ако играш убаво влегуваш, ако не играш му даваш шанса на оној што игра убаво..Не е должен тимот да трпи во ефикасноста за да му дава шанса на било кој, макар и Дел Пиеро да би бил тој, да се тетерави на терен, и под притисок да пробува да си ја врати формата, и да не може да го извај него и да стави некој што би придонел во ефикасноста на тимот..
Тимот е пред се..
Ми текнува, на времето, кога Јуве беше под водство на Фабио Капело, и кога Дел Пиеро изигра 2-3 натпревари под секое ниво, и кога не влезе месец на терените.. Капело имаше храброст, кој никој ја немал, да го седне Пинтуричио толку долго на клупа..Зошто тој го сваќаше Јуве како тим, а не како Дел Пиеро + останати, или Трезеге + останати...За него, ако се покажеш на терен влегуваш, ако не грееш клупа, па кој сакаш биди..
Не сум против Дел Пиеро, ама некни изигра под секое негово ниво, беше тотално индиспониран, изигра еден од своите најлоши натпревари, и според секоја логика нормално е да биде заменет...
AMA ПОВТОРУВАМ ДЕКА НЕМА НИКАКВА ВРСКА ОВА, И ОВА Е УШТЕ ЕДНА ЛАГА ПЛАСИРАНА ОД МЕДИУМИТЕ, И СИГУРЕН СУМ ДЕКА НЕ Е ВИСТИНА..ДЕЛ ПИЕРО НЕ Е ВЧЕРАШЕН, А И ВЕРУВАМ ДЕКА И САМ ЗНАЕ ДЕКА НЕ МУ ОДЕШЕ ВО НЕДЕЛАТА И ДЕКА ЗА ТОА БЕШЕ ЗАМЕНЕТ....