Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Малку статистика за наредниот меч против Џенова...



Бројките говорат во полза на Јувентус..Но натпреварот почнува од нула..
Kiko nie imame podobra statistika so site timovi, ne e samo Genoa, no kako sto kaza natprevarot pocnuva od nula.:salut:
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.255
Поени од реакции
8.172
не знам шо беше крив Буфон за било кој гол.кривецот беше еден з апрвите два гола,да не именувам али се дешава.за третиот цела екипа беше крива:smir::smir::smir:
Mое мислење е дека покрај одбраната, Буфон беше крив за вториот гол на Пелисие. Човекот му ја шутна со два на саат и на нашиов слепец топката му помина под рака. Стварно немаше смисла да се прими таков гол.
 

апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Mое мислење е дека покрај одбраната, Буфон беше крив за вториот гол на Пелисие. Човекот му ја шутна со два на саат и на нашиов слепец топката му помина под рака. Стварно немаше смисла да се прими таков гол.
За првиот беше повеќе крив, не смееше така да излета и да биде поминат, Да останеше на гол ке го затвореше аголот, Пелисие беше многу во десно отиден и аголот му беше затворен. Ама не го кривам Буфон туку цела екипа како целина, Не може така да се опуштаат и да чекаат да судијата да свирне крај. Тоа не е победнички менталитет, ако продолжат вака не праиме ништо. Киево ни покажа како треба да се игра и дека секогаш има шанси.
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Mое мислење е дека покрај одбраната, Буфон беше крив за вториот гол на Пелисие. Човекот му ја шутна со два на саат и на нашиов слепец топката му помина под рака. Стварно немаше смисла да се прими таков гол.
Абе ај сега како беше беше тоа треба да се заборави и да се мисли на позитивно за со Џенова:vozbud:
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Џенова. Мислам дека ке биде тешко,посебно оти гостуваме.Тешко губат бодови на домашен терен.
Но ЈувЕ Е ЈУВЕ!
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.081
Џенова. Мислам дека ке биде тешко,посебно оти гостуваме.Тешко губат бодови на домашен терен.
Но ЈувЕ Е ЈУВЕ!
Тешко губат бодови, но и нас ни треба стимул по катастрофалниот резултат во Неделата..Џенова е во битка за задржување на 4тата позиција, и нема да биде лесно..

  1. Интер 72 бода
  2. Јувентус 63
  3. Милан 58
  4. Џенова 54
  5. Фиорентина 52
  6. Рома 49
Нареден викенд:

  • Џенова - Јувентус
  • Интер - Палермо
  • Киево - Милан
  • Лацио - Рома
  • Фиорентина - Каљари
Фиорентина на свој терен го пречекува Каљари, и сигурно смета на освојување на целиот плен (3бода) на тој дуел..Затоа Џенова со сите сили ќе се труди да не ја изгуби својата 4та позиција, и нема да има поштедување на мечот со Јуве..Од друга страна, Милан го очекува гостувањето во Верона против Киево, и се надевам дека Киево ќе се покажат во она светло во кое се покажаа во Неделата против Јувентус..Така да наредново коло ќе биде доста интересно...
 

THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79
Mое мислење е дека покрај одбраната, Буфон беше крив за вториот гол на Пелисие. Човекот му ја шутна со два на саат и на нашиов слепец топката му помина под рака. Стварно немаше смисла да се прими таков гол.
Ај да го убиеме тој слепецот бе а? Пу да му е*ам мајката:tapp:
 
Член од
22 април 2008
Мислења
549
Поени од реакции
93
Луѓе што се нервирате толку за во неделата не ми е јасно. Уште многу одамна се знаеше дека не можевме да го стигниме Интер (ако гледаме реално), знам дека сите се надевавте на Скудето, и јас се надевав ама кога ќе гледаш реално многу мали шансите ни беа за прво место а сега по минатиов викенд можам да речам дека веројатноста дека Интер ќе го освои скудетото е 93%. Јебига што би се рекло, најдобро е да се фокуситраат на освојување на Купот каде имаме големи шанси за успех и секако на реализирање на добри трансфери со кои ќе имаме силен тим кој ќе може без проблем в година да освои Скудето.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.255
Поени од реакции
8.172
Ај да го убиеме тој слепецот бе а? Пу да му е*ам мајката:tapp:
Aјде маме му е**м.:pos2::pos2::pos2:
Шала на страна што си направи кикс си направи и нема никакво оправдување. не може најдобриот голман на светот да прима такви голови во меч со огромно значење за Јуве. Овој меч веројатно не отпиша од трката за титулата. Уште малце ќе почнеме да личиме на Интер со фразата: Ajде ќе земеме следната година, ако не следната другата...
Тоа највеќе ме плаши што заличуваме на најголемите италијански лузери во последните две децении.
 

THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79
Aјде маме му е**м.:pos2::pos2::pos2:
Шала на страна што си направи кикс си направи и нема никакво оправдување. не може најдобриот голман на светот да прима такви голови во меч со огромно значење за Јуве. Овој меч веројатно не отпиша од трката за титулата. Уште малце ќе почнеме да личиме на Интер со фразата: Ajде ќе земеме следната година, ако не следната другата...
Тоа највеќе ме плаши што заличуваме на најголемите италијански лузери во последните две децении.
Никој не го оспори тоа дека направи кикс. Ама си слушнал ти за лош ден? Ако си за врегање по играчите повели ајде не те спречувам:toe:
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.081
Луѓе што се нервирате толку за во неделата не ми е јасно. Уште многу одамна се знаеше дека не можевме да го стигниме Интер (ако гледаме реално), знам дека сите се надевавте на Скудето, и јас се надевав ама кога ќе гледаш реално многу мали шансите ни беа за прво место а сега по минатиов викенд можам да речам дека веројатноста дека Интер ќе го освои скудетото е 93%. Јебига што би се рекло, најдобро е да се фокуситраат на освојување на Купот каде имаме големи шанси за успех и секако на реализирање на добри трансфери со кои ќе имаме силен тим кој ќе може без проблем в година да освои Скудето.
Точно..Се надевам дека следната сезона ќе бидеме доста засилени, посебно во дефанзивната линија..Повеќе не можам да го гледам Григера и неговата незаинтересираност, исто така сакам да заврши 2 годишното чекање да му тргни на Тиаго, веќе преку глава ми е од него, и од неговото млитаво играње..Пред некој ден гледав на ТВ снимка од меч на Лион во ЛШ пред 3 години, и го гледам Тиаго, и си го споредив со онај што е во Јувентус..Овој во Јувентус нема ни Т од тој Тиаго што го гледав во Лион..Таму креираше акции, трчаше, впрочем беше она што му е потребно на Јувентус, а во Јувентус освен поддавањето ништо не прави..Така да, мислам дека доста беше со чекањето..Нека си бара чарето во друг тим...А дека ќе го гледаме и во наредните натпревари ќе го гледаме, веројатно за да му ја кренат цената и да го продадат...
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
На трач.ком читам дека Јуве бил заинтересиран за Агер ( и не само таму тука речиси и на сите извори има ) ... типов е добар али неможеме да го земем за ситна сума , а ако веќе се дава пари моја желба е Кристијан Запата од Удинезе ... мислам дека во Јуве би прераснал еден од најдобрите дефанзивци во Серија А
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.081
На трач.ком читам дека Јуве бил заинтересиран за Агер ( и не само таму тука речиси и на сите извори има ) ... типов е добар али неможеме да го земем за ситна сума , а ако веќе се дава пари моја желба е Кристијан Запата од Удинезе ... мислам дека во Јуве би прераснал еден од најдобрите дефанзивци во Серија А
Ухх..Тоа е и моја желба од поодамна, ама не знам колку се подготвени Јувентус да одделат едно 20 милиони за ангажирање на Запата..Барем, толкави беа побарувањата на Удинезе во летниот период за овој играч:raz:
Со Киелини би биле новата ера на дефанзивната машина на Јувентус која мора да претрпи драстична промена во сегашниот состав, за да си ја врати традицијата дека секогаш Јуве имал најдобра одбрана во Италија..
Ако се прашувам јас, од сегашниве би ги оставил само Киелини, Зебина во првиот состав на Јувентус..Се друго е за шут карта или за греење клупа...
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Ухх..Тоа е и моја желба од поодамна, ама не знам колку се подготвени Јувентус да одделат едно 20 милиони за ангажирање на Запата..Барем, толкави беа побарувањата на Удинезе во летниот период за овој играч:raz:
Со Киелини би биле новата ера на дефанзивната машина на Јувентус која мора да претрпи драстична промена во сегашниот состав, за да си ја врати традицијата дека секогаш Јуве имал најдобра одбрана во Италија..
Ако се прашувам јас, од сегашниве би ги оставил само Киелини, Зебина во првиот состав на Јувентус..Се друго е за шут карта или за греење клупа...
Точно така ... само Киело и Зебина може да останат. ( и Легро неиграше лошо , за резерва е топ , али за прва постава малце потешко) ... може да заштедиме за десен бек бидеќи Зебина покажува знаци на живот после долгата пауза. Да не заборавиме дека Зебина играше прва постава и кога беше Липи , и кога беше Капело ... факт е дека се работи за добар играч ( ја многу си го поштуем , кога го пукна Пелисие двапати у тоа фацата ... свршив човече) ... во споредба со Григера е ... ЧАК НОРИС ... и во офанзива и водефанзива ... кога ќе тргне многу тешко се запира , има долг чекор и брзо ги претрчува противниците. Имаше повреда ради која долго неиграше, финтата беше ај да нема операција , но Зебина кога и да се вратеше пак се повредуваше ... и конечно се изврши таа операција и тој самиот кажа дека тука за него одново почнува кариерата.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Abe daj manete veke so toj pesimizam so ako se 9 boda, pa nie sme juve a ne kaljari ili nekoj seljacki klubovi tamo, se dodeka ima sansi nema otkazuvanje, zatoa sme i juventini i navivame za ovoj klub i zatoa juve ima najverni navivaci nasekade vo svet, nema kukanje sega kiksnavme so kievo kiksnavme preku k*r so toa veke mora da probame do kraj, nisto ne se znae, topkata e okrugla se nadevam deka ke bide kako koga im ja zemavme titulata so lacio vo poslednata utakmica na komunjarive. FORZA JUVE FORZA RAGAZZI (isto kako togas igrame so lacio posledno kolo)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom