Немаше тенк...имаше камион...дали намерен или како оној на Тоше....незнам..

Обрати внимание на граматичкото време....
Nemalo kamionm tuku sina lada, a kolkava bila drskosta na sluzbata najubavo zboruva faktot deka istata lada e upotrebena i pri obid za atentat vrz Andov.
Интересно за анализирање е тоа што по формирањето на експертската влада на Никола Кљусев, во чијшто кабинет влегоа и двајца партиски определени министри од ВМРО-ДПМНЕ: Јордан Мијалков, како министер за внатрешни работи, и Александар Лепавцов, тогаш министер за убранизам и транспорт, острицата на тогашните државни медиуми под контрола на делови од поранешната политичка номенклатура, беше најмногу насочена кон полицијата, иако во тоа време македонската полиција, сосема менувајќи го односот кон сопствените граѓани, со неколку акции запре да се мобилизираат македонските регрути, грабнувајќи ја и криејќи ја воената евиденција, а имаше и навистина смели подвизи во спречувањето на изнесувањето на воената опрема од македонските касарни и нејзино запленување за потребите на државата. Оттаму, министерот Мијалков беше постојано под притисоци на одредени домашни политички структури и на воениот врв на ЈНА. Дел од македонските политички партии отворено заговараа негова смена, но премиерот Кљусев, познавајќи го одамна, во него ја темелеше и својата лична безбедност и сигурноста на земјата. Затоа, и загинувањето, но и причината за самото заминување на пат на Јордан Мијалков од една седница во Собранието, до денес остана мистерија. Дали станува збор само за несреќа или, пак, за првиот политички атентат во поновата македонска историја?! Имено, според нејасните околности и по чиј повик од Белград и по чија сугестија од Скопје тој заминува на пат, но уште повеќе според кажувањата на очевидците на настанот, оние што имаат некаква поврзаност со увидот од местото на несреќата и од обдукцијата на Мијалков, постојат многу сомневања дека не се работи за обична сообраќајка.
Интересно е да се напомене дека како еден од причинителите на несреќата се споменуваше возило лада со регистерски таблички од Врање, управувана од Албанец од Бујановац, а за кој подоцна ништо не се слушна. Исто така, интригантно е што исто таква лада со врањски таблички по две години беше апострофирана како предизвикувач на незгода, којашто, за среќа, не заврши фатално, на службениот автомобил на Стојан Андов, тогашен претседател на Собранието. Набргу по загинувањето, или убиството, на Мијалков, беше лиферувана информацијата дека воениот врв на ЈНА планирал и физичка ликвидација на премиерот Никола Кљусев, како дел од плановите за отворање “Јужен фронт”, со цел на Македонија да не £ се дозволи отцепување од планираната трета Југославија, којашто тогаш многумина ја нарекуваа Србославија.
http://magazin.forum.com.mk/Desktop...tabid=172&EditionID=151&ArticleID=4714&Page=1