Ајде нека ни е со среќа..Зенит сакаше да ја умртви играта, и тоа рака на срце им успеваше до голот на Дел Пиеро, потоа и Јувентус како да се подразбудија..До голот Јуве имаше незабележителна игра, Дел Пиеро беше многу скржав, ама му простувам поради прекрасниот гол што го постигна
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Конечно на Раниери му текна дека најслаба карика во Јуве е Молинаро и дека треба да се размислува да му се дава поголема шанса на Де Чеље (Де Келје според коментаторот:pos2::pos2:, уште малку Зелје ќе дојдеше, ама ај:wink
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Тотална катастрофа беше Молинаро, изгубен на теренот..Едноставно, Раниери мислам дека требаше да го уфрли во игра побрзо Амаури, зошто кога влезе тој повеќе живна играта, имаше еден солиден продор, и неискористена додадена топка до Дел Пиеро..Како и да е, се надевам дека добро ја почнавме сезонава во ЛШ, поволен резултат..Сега треба да се фокусираме на гостувањето во Каљари..