- Член од
- 12 јуни 2008
- Мислења
- 260
- Поени од реакции
- 6
Бакојани призна - грчкото вето во Букурешт договорено една година пред Самитот
19.02.2009 13:05
Дора Бакојани
Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани првпат јавно призна дека грчката Влада донела одлука за блокирање на влезот на Република Македонија во НАТО уште пред летото 2007 година.
Во нејзиниот говор пред повеќе министри и пратеници од владејачката Неа Демократија на 16-ти овој месец, а во организација на Фондацијата „Костас Караманлис“, јавува известувачот на МИА од Атина, шефицата на грчката дипломатија потврди дека ветото за Македонија било стокмено цела година пред Самитот во Букурешт.
„Дами и господа, грчкиот премиер и грчката Влада не мамеа ниту во еден момент. Знаевме каква стратегија ќе следиме по таканареченото скопско прашање уште пред летото 2007 година. Одлуката веќе беше донесена. Сепак, во ниту еден момент за време на предизборниот период не дозволивме оваа одлука да протече во јавноста бидејќи на тој начин ќе им наштетивме на интересите на земјава“, порача Бакојани во обраќањето.
Оценувајќи ја македонската надворешна политика како „лош балкански синдром од минатото“, грчката министерка посочи дека зад блокадата во Букурешт стоела „правилна и конкретна подготовка со скапа поддршка од дијаспората“ со која успеале да ги убедат земјите-членки на НАТО во исправноста и кредибилитетот на грчките аргументи.
Во говорот проткаен со доза на триумфализам, Бакојани ги уверуваше присутните дека Грција успеала да ги заштити нејзините национални интереси во прашањата од највисок државен приоритет - скопското, кипарското и односите со Турција.
Se spre,aat za izborii
ke padnat kako krsuki