Би се осврнал на една тема, која нема да ги опфати нарекувањата, туку ќе ни даде поглед на терминолошката магла која масовно се (зло)употребува во пропагандни цели. Злоупотребата на некои зборови многу потешко се детектира од нарекувањето, дека треба да се фати и контекстот на нивното употребување.
Како прв пример ќе го дадам национализмот.
„Национализмот се однесува на идеологија, чувство, форма на култура или социјално движење кое се однесува на една нација(народ)“. Пред да продолжам, да напоменам дека културно уметничките друштва ја имаат во својата срж дефиницијата на национализмот.
Национализмот како движење кое се темели на посебноста на еден народ и неговата култура, својата посебност може да ја базира само во компарација со други култури. При допир со другите култури, не ретко, доаѓа до меѓусебно присвојување на делови од некоја култура и нивно еволуирање во правец својствен на сопствената. Затоа, блиските народи имаат сличен „менталитет“.
Што се однесува до злоупотребата на терминот национализам, кој најчесто доаѓа од интернационалистичките движења можам да ја предочам следната анализа. Ако на национализмот преку Хитлер (ќе се навратам на тоа колку нацизмот на Хитлер може да е национализам) му се препишуваат 50 милиони жртви, на интернационализмот преку Мао Це Тунг, Сталин, Пол Пот, Иди Амин, Тито, Енвер Хоџа, Чаушеску, инвизицијата и исламскиот фундаментализам може да им се препишат преку 500 милиони.
Но да се навратиме на Хитлер и неговиот „национализам“. Кога идеологијата која декларативно го содржи во себе национализмот, а при тоа се стреми насилно да се наметне или да ги уништи разликите, тогаш се отвара прашањето: На кои разлики ќе се темели посебноста? Свет без разлики, утопија на интернационализмот. Хитлер иако го нарекуваат националист, тој во своите дела докажал и покажал дела е интернационалист. За тоа говорат и неговото кокетирање со Советите `39, но и неговото отворено партнерство со исламискиот фундаментализам. Во минатиот век, Арапските војски подеднакво најмувале советски и нацистички генерали кои рамо до рамо го планирале уништувањето Израелската држава.
Но да се вратиме во нашето опкружување. Грција многу од нас знаат да ја наречат националистичка држава. Но при тоа забораваме да кажеме дека во Грција секоја друга култура е забранета. Грција е позната како Европска база на две движења, интернационализмот и фашизмот, сплотени во изразот антиглобалисти. Сведоци сме дека во последните 40 години тие две движења функционираат заедно. Но ако ја видиме алтернативата што овие две движења ја нудат во замена за глобализмот, ќе видиме дека и нема некоја алтернатива ниту во интернационализмот, ниту во декларативно националистичкиот фашизам. Идејата на двете движења е уништување на разликите, што и фашизмот го прави интернационалистички во својата идеја.
Да заклучам, во неколку наврати, сум приметил како некои политичари се бранат од нападите и негираат дека се националисти иако тоа што го направиле е национализам но и воопшто не страшно. Тоа говори дека терминолошката магла е доста присутна кај нас и на доста поими по автоматизам им се дава друга конотација.