За сите "букефалисти"

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.138
Поени од реакции
26.826
Гледам Русите многи ти сметаат.
Никој не ми смета, но да преферираш подобен и неподобен сојузник е харикири за државата.

Тоа што нашите деца имаат 300% зголемени шанси (недај боже на никој) рак да добијат од американските хумани радиоактивни бомби, не е проблем.
Колку се криви Американците за тие бомби толку се криви и Русите и Србите и нивното инсистирање за наклонетост кон Русија. А да не ги соколеше толку Русија, сигурно нема да дојдеше до тоа бомбардирање.


Тоа што заедно со германската тајна служба ни ја сместија 2001, нема гајле.
Тоа што допрве ќе ни го сместат нема гајле.
Доста веќе со тие црни сценарија, само тоа го збориш. Пролетни офанзиви, крвави велигдени и разно разни глупости. Да беше све тоа што се збори и што „случајно“ протекува од западните разознавачи, вистина, до сега нема да постоевме.

А тоа што на база култура, сличност на јазик и писмо, вера, задолжение големо кое го направила Македонија кон Русиај, каде можеш сето тоа да го искористиш за отварање на рускиот пазар, ма фрли го, Руси се.
Па ние имаме извоз во Русија, толку колку што има побарувачка, и толку колку што тоа се исплати. Јас немам ништо против да се извезува било каде. Тоа што се тие Руси ниту ми смета ниту го сметам за предност. Тоа што се тие Руси не им пречеше да ја диригираат поделбата на Македонија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
За некои работи треба време.
Додека ви објаснам јас ќе треба војна и мир да ја напишам.
Барајте ги Пелазгите и триполската култура, Киевска Русија е изворот на денешна Русија.
Погледнете ги изјавите на Александар Македонски за неговите од позади Дунавот.
По иста линија оди секој трансфер на знаење, учење, филозофија...
Винча и каменот од Розета.
Повеќе од 3000 години ние имаме континуитет на просторот од Украина до Шпанија(Баските) и од северното море до јужното море и средоземието.
Тој народ денеска го викаат словени.

Заборавете ја историјата за да може да ви се повтори.
Таа Европа која толку ја сакате што не ви го реши проблемот на Македонците во Европската унија, нели е заедница со високи демократски вредности ?
Таа Европа зошто минатата година не ја опомена Грција за тенковите во полињата на Македонците ?
Таа Европа зошто не прати комисии да испита зошто затвараат луѓе кои се декларираат како Македонци во нејзината заедница?
Таа Европа зошто неможе да ја заштити мојата приватна сопственост која ја имама во ЕУ ?
Нели почива и на тој принцип.
А векот е 21.

А во 19 и 20 век со цела Европа вклучително и Русија владееа англиската кралска фамилија и Евреите.

Јамајка ти сакаш да ми кажеш дека територијалната поделба е случајна и паднат метеор ?
Дека рамковниот договор не е дел од плановите за федерализација на Македонија ?
Дека Косово го ослободи УЧК ?

ОК, така нека биде.

Инаку никогаш не сум гатал за крваваи велигдени и пролетни офанзиви.
Јас ти тврдам дека државата оди кон федерализација зошто западот така сака.

Јас имам право да пробам да најдам друг пат кој ќе ми ја очува државата.
Или не смее да има избор ?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
А во 19 и 20 век со цела Европа вклучително и Русија владееа англиската кралска фамилија и Евреите.

Јас ти тврдам дека државата оди кон федерализација зошто западот така сака.

Јас имам право да пробам да најдам друг пат кој ќе ми ја очува државата.
Или не смее да има избор ?
Ок, денеска е 21 век.

Како сака денес Русија?


Имаш право на личен избор, можеш да бидеш Русин наместо Македонец.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Учете деца, немојте само од амерички филмови да се образувате.
Тоа што Македонецот го вградил во Русија е темел врз кој се потпира руската култура денеска.

Бирам стратешко сојузништво со Русија, како Македонец, без БЈРМ ,без предуслови за промена на име, знаме и Устав, без бечмаркови.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Уште Русија да те избере тебе и завршена работа. :pos2:

Ова е ко ... јас и она сме дечко и девојка, ама она уште не знае.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Како почнуваш куќа да градиш ?
Одиш во салон за мебел и бираш трпезарија ?

Европа сака да не постоиш, односно да постоиш како некоја збируштина од се и сешто и кога нив ќе им се сони да менуваш, устав, знаме, име итн...
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Па кој ја протежира ЕУ, јас?

Лоша против тежа ставаш, бидејќи за мене се исти курац.

Немам ништо против Рускиот народ, но никогаш нема да протежирам Руска империјалистичка политика во замена за оваа сегашнава од западот.

Сакам СЛОБОДА!!!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
О Славјански,
кои се тие вашите во Киевска Русија? :)
Еве ги:

За одбележување се и неколкуте конзулски извештаи на Хитрово до рускиот дипломат Игнатиев во Цариград за барањето на околу 200 христијански македонски семејства од Македонија (Битолско) во 1861-1862 година да се преселат во Русија.
Според податоците на рускиот конзул, во тоа време во Битолско и воопшто во Македонија се населиле кримските Татари.
Од нив 10.000 се населиле во околината на Воден, 8.000 во близина на Верија и мал дел во близина на Ениџе-Вардар.
Затоа македонското население, бегајќи од стегите на турското политичко и грчкото (патријаршиско) духовно владеење, барало да се пресели на местото на пребеганите Татари од Крим.

:smir:
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Учете деца, немојте само од амерички филмови да се образувате.
Тоа што Македонецот го вградил во Русија е темел врз кој се потпира руската култура денеска.

Бирам стратешко сојузништво со Русија, како Македонец, без БЈРМ ,без предуслови за промена на име, знаме и Устав, без бечмаркови.
Тоа пак што Руската империја го вградила до Македонија (како и во еден нејзин дел судејќи според мапата на етничка Македонија -донесена на македонските простори преку еден руски пиун ,пак од Русија )
е темелот врз кој се потпира антимакедонската некултура денеска.
Пиунот се викал Димитрија Чуповски.
Ако денес Русија воопшто не мрда ни со трепките за да промени нешто на тој план,што да се стори и што да се одбере а?

кримските Татари.
Денешните сожители ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.138
Поени од реакции
26.826
Би се осврнал на една тема, која нема да ги опфати нарекувањата, туку ќе ни даде поглед на терминолошката магла која масовно се (зло)употребува во пропагандни цели. Злоупотребата на некои зборови многу потешко се детектира од нарекувањето, дека треба да се фати и контекстот на нивното употребување.

Како прв пример ќе го дадам национализмот.
Национализмот се однесува на идеологија, чувство, форма на култура или социјално движење кое се однесува на една нација(народ)“. Пред да продолжам, да напоменам дека културно уметничките друштва ја имаат во својата срж дефиницијата на национализмот.

Национализмот како движење кое се темели на посебноста на еден народ и неговата култура, својата посебност може да ја базира само во компарација со други култури. При допир со другите култури, не ретко, доаѓа до меѓусебно присвојување на делови од некоја култура и нивно еволуирање во правец својствен на сопствената. Затоа, блиските народи имаат сличен „менталитет“.

Што се однесува до злоупотребата на терминот национализам, кој најчесто доаѓа од интернационалистичките движења можам да ја предочам следната анализа. Ако на национализмот преку Хитлер (ќе се навратам на тоа колку нацизмот на Хитлер може да е национализам) му се препишуваат 50 милиони жртви, на интернационализмот преку Мао Це Тунг, Сталин, Пол Пот, Иди Амин, Тито, Енвер Хоџа, Чаушеску, инвизицијата и исламскиот фундаментализам може да им се препишат преку 500 милиони.

Но да се навратиме на Хитлер и неговиот „национализам“. Кога идеологијата која декларативно го содржи во себе национализмот, а при тоа се стреми насилно да се наметне или да ги уништи разликите, тогаш се отвара прашањето: На кои разлики ќе се темели посебноста? Свет без разлики, утопија на интернационализмот. Хитлер иако го нарекуваат националист, тој во своите дела докажал и покажал дела е интернационалист. За тоа говорат и неговото кокетирање со Советите `39, но и неговото отворено партнерство со исламискиот фундаментализам. Во минатиот век, Арапските војски подеднакво најмувале советски и нацистички генерали кои рамо до рамо го планирале уништувањето Израелската држава.

Но да се вратиме во нашето опкружување. Грција многу од нас знаат да ја наречат националистичка држава. Но при тоа забораваме да кажеме дека во Грција секоја друга култура е забранета. Грција е позната како Европска база на две движења, интернационализмот и фашизмот, сплотени во изразот антиглобалисти. Сведоци сме дека во последните 40 години тие две движења функционираат заедно. Но ако ја видиме алтернативата што овие две движења ја нудат во замена за глобализмот, ќе видиме дека и нема некоја алтернатива ниту во интернационализмот, ниту во декларативно националистичкиот фашизам. Идејата на двете движења е уништување на разликите, што и фашизмот го прави интернационалистички во својата идеја.

Да заклучам, во неколку наврати, сум приметил како некои политичари се бранат од нападите и негираат дека се националисти иако тоа што го направиле е национализам но и воопшто не страшно. Тоа говори дека терминолошката магла е доста присутна кај нас и на доста поими по автоматизам им се дава друга конотација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom