Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
И мене ме интересира дали ти истово можеш да го одговориш во однос на било кој кандидат?Мене ме интересира доколку можеш да ми одговориш, дали ставот на Иванов кој вели дека името е неразделлив дел од националноста, ќе опстои и во наредните 5 години доколку тој биде избран за Преседател на државава ?
И сега, целосното интервју, не селектирано и извртено:
Напишано од Radio Ilinden
Сабота, 14 Февруари 2009 14:08
Македонија е наша заедничка мајка
Прашањето за дијаспората беше болно прашање, различно третирано од различен период на македонската политика, сегашната Влада покажува разбирање за сето она што се случува во дијаспората, покажува свест дека тоа ткиво кој некој се обидува да го откине . некои се обиделе дијаспората да ни ја присвојат или да ни ја променат, да влијаат кај неа, сепак дијаспората останува една екумена, значи останува нешто што е трајно врзано за Македонија
Ѓорѓе Иванов
· Дончо Ангелоски – Радио Илинден- Г-дине Иванов добредојдовте на брановите на Радио Илинден, Мелбурн, Ви благодариме што не почестивте со ова интервју и воедно Ви ја честитаме претседателската кандидатура и големи честитки што се нафативте да бидете кандидат на оваа значајна функција.
Иванов – Благодарам и голем поздрав до сите ваши слушатели·
Д.А Пред да започнеме со интервјуто може ли накратко да се претставите на слушателите на радио Илинден. Кој е Ѓорѓе Иванов?
Иванов –Јас сум редовен Професор на политичките студии при правниот факултет Јустинијан Први на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, предавам политички теории и политичка филозофија, до неодамна бев продекан на правниот факултет. Среќно оженет со сопругата Маја, имам син Иван кој има 17 години, роден сум во Валандово, пред 30 години сум дошол во Скопје, сум сакал да станам тоа што сум сега и еве сум го постигнал тоа, сум станал Професор на Универзитет. Имам многу пријатели посебно во академскиот свет, познати луѓе со кои комуницираме, се дружиме и комуницираме за Македонија. Накратко тоа е Ѓорѓи Иванов·
Д. А- Г-дине Иванов, за кратко време обезбедивте огромна поддршка од Вашите колеги – интелектуалци. Веднаш потоа за само еден ден собравте многу повеќе од потребните потписи на граѓаните за Вашата кандидатура. Тоа зборува дека Иванов ужива голема поддршка од различни групи. Вашата кандидатура за иден претседателски кандидат кај граѓаните одекна со зачудување. Прашуваат зошто Ѓорѓе Иванов се реши да влезе во политика?
Па го почуствуваме моментот дека сега треба нешто да се направи за Македонија,бидејќи овие мачни години на македонска транзиција видовме дека многу работи ги испуштивме пред се затоа што во политиката имавме луѓе кои не и мислеа добро на државата. Имавме политичари кои повеќе мислеа за себе Сега еве откога со Македонија на власт е ВМРО-ДПМНЕ, кога Владата ја предводи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски дојде до одредена промена која, сите ние што и мислиме добро на Македонија ја почуствуваме и симболично оваа година слави 18 години од независноста, станува значи полнолетна држава така да во такви услови не се дозволени детски работи во политикатаи затоа со подршката од сите мои колеги, пријатели ја прифатив номинацијата да бидам кандидат на ВМРО ДПМНЕ за овие престојни претседателски избори.
· Д. А - Што за вас значи оваа кандидатура и како Вие како познавач на политичките текови гледате на овие избори?
Иванов – Па кандидатурата ја сваќам како промоција на идеја дека треба да се обдеинат успешните луѓе,луѓето кои сами успеале во животот, и да покажат единствено успехот носи успех. Да се обединиме околу сите оние проблеми што ги имаме, во врска со нашата земја, со нашите луѓе со нашите кажувања и сето знаење и умеење, искуство да го ставиме во функција на подобро утре.
· Д.А - .Имате огромно искуство и познавање на македонските политички и историски настани. Во едно Ваше излагање неодамна рековте дека Македонија има потреба да се прероди во една нормална европска држава. Што е тоа што треба да се промени во Македонија, судејќи според Вашите критериуми?
Иванов – Пред се треба да ја промениме свеста за себе, да престанеме да се квалификуваме со она што други нас не нарекувале дека сме мали, неспособни Македончиња конечно да сватиме дека едноставно треба да станеме Европјани да ги почитуваме европските вредности да почитуваме она што е воспоставен поредок и оние стандарди кои владеат во Европа и кога ќе имаме Европјани во Македонија, лесно и Македонија ќе биде европска.
· Д.А „Цивилно општество - новите противречности на старата расправа“ е едно од Вашите дела. Професоре Иванов со какви противречности се соочува Република Македонија изминативе години?
Иванов – Не само изминатите години, знаме ние сите Македонци дека Македонија се соочувала отсекогаш со многу, многу проблеми, се соочувала со притисоци, со закани и она што на другите им одело лесно, кај нас се одело со мака, сите работи со мака сме морале да ги изведуваме до крај. Дедо ми Бог да го прости велеше и затоа сме Македонци оти маката и во името ни ја ставиле, се со мака да ги гледаме нашите соседи со која леснотија влегоа во НАТО, ЕУ како доаѓаат кај нив странски инвеститори, кај нас се тоа е со мака. Последниот обид со НАТО гледате како заврши.·
Д.А - Колку тие противречности не одалечија од стремежот Македонија да се приклучи онаму каде што и припаѓа, во Европската Унија и НАТО?
Иванов - Па не оддалечија, затоа што како што спомнав додека другите со леснотија тоа го правеа и влегоа во лифтот и лифтот ги однесе во ЕУ и НАТО нашиот лифт го заглавија. Сега сме ние во еден заглавен лифт, блокирани сме и имаме некој статус на блокирана земја, тука е сега големата опасност, бидејќи сами знаете кога ќе заглавите во лифт во даден момент почнува ксенофобија, почнува страв и почнува меѓусебно пресметување, Затоа конечно треба да го промениме нашиот став кон сите овие работи што ни се случуваат, да го промениме и курсот и нашиот однос кон сите проблеми досега што сме ги имале,и да покажеме еден друг начин на размислување и однос кон другите.
· Д.А - Што ќе добие Република Македонија со влезот во ЕУ и НАТО?
НАТО нас ни треба од безбедносен аспект, да добиеме што се вели безбедносен чадор, бидејќи на балканот секојпат се случувале разни турбуленицииБалканот стално било онака непредвидлив и затоа Французите велеле Балканик Вулканик, значи постојано врие балканот. Со влезот во НАТО ние обезбедуваме некоја си внатрешна сигурност,обезбедуваме добра клима да дојдат странски инвеститори, да дојдат наши партнери бидејќи кога сте членка на НАТО, не само безбедносно, вие мора да се прилагодувате и вашиот политички систем да биде компатибилен со другите системи, мора да ја следат и демократијата , да владее правото значи тоа прифаќање на т.н западни вредности. А со влезот во Унијата Македонија можеби доби од сите најмногу и затоа ни се попречува тој влез, затоа што со Унијата се остварува сонот на сите наши претци да сите Македонци на Балканот живеат без граници.
· Д.А- Испитувајќи го пулсот на граѓаните во Македонија и дијаспората, кажете го Вашиот впечаток, каков претседател на државата посакуваат тие?
Иванов – Па веќе од сево искуство досега што го имаме, свесни се сите дека ни треба претседател кој ќе функционира во полн капацитет, кој ќе си ја сака државата, кој ќе соработува со сите институции во државата кој ќе ги поттикнува и другите иако неговите ингеренции со Уставот знаете не се којзнае колкави,сепак претседателот е личноста кој го создава амбиентот во земјата и ја претставува земјата надвородносно лице на земјата и од него зависи како ќе го третираат другите, Затоа на Македонија и е потребен претседател кој ќе ги обединува сите, ќе ги претставува сите, ќе ја ужива целосната поддршка од граѓаните но и ќе воспоствавува пријателски односи и со оние што некојпат не ни биле благонаклонети кон нас, значи тука е улогата на личноста која треба од таа функција да извлече максимум и да биде во функција на сите во Македонија.