Факт е дека много луѓе не знаат за првото Христово доаѓање, но и тие што знаат незнам колку им значи таа информација. Едно знам дека много се декларираат како Христијани, Православци, Католици, Евенгелисти, Адвентисти.......... но да се биде вистински Христијанин мислам дека значи да бидеш сличен на Исус, е сега колку луѓето христијани се слични на Исус вие можете сами да заклучите.
А за Адвентистите можам да кажам дека навистина го објавуваат Христовото прво и второ доаѓање, А за Саботата , свинското и Елена Вајт навистина за многу луѓе тоа им е трн во окото. Исус ќе каже: Немојте да мислите дека сум дошол да ги укинам Божјиот Закон и учењата на пророците. Не дојдов да ги укинам, туку да ги исполнам. - Матеј 5, 17
Во целата Библија јас лично имам проверувано никаде не најдов да пишува дека Недела е ден за одмор и во Стариот и во Новиот завет, ако некој најде да стои Недела нека ми каже каде пишува. Го поздравувам Учењето на Адвентистичката црква лично познавам луѓе Адвентисти и доста сум запознаен со нивното учење, и многу работи се логички така како што тие тврдат и не се контрадикторни со Библијата. Се прашувам можно ли е да таа група на Христијани вистински да го почитуваат Бога.